www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
01.02.2008, 17:55

Стартуваше изградбата на „Ера сити“ во Скопје

„Ера сити“ треба да стане најголем и најсовремен деловен, трговски и забавен центар во регионот

Деспина Трајковска

Со поставувањето камен-темелник за изградба на деловна зграда, претседателот на управата на словенечката групација „Ера“ Гвидо Омладич вчера го означи почетокот на проектот „Ера сити“ - Скопје на Скопски саем, вреден 150 милиони евра, кој треба да се реализира во наредните пет години. Поставувањето на темелите, всушност, го означи првиот чекор од проектот „Град во град“, односно изградба на деловна зграда која ќе биде прв објект во рамките на повеќенаменскиот комплекс, кој на посетителите ќе им овозможува широка палета дејности и намени на едно место. Деловната зграда, која ќе биде со површина од 33.600 квадратни метри, ќе има десет ката и три подземни гаражи. По неа ќе следува изградбата на трговскиот центар за храна и други намени од 85 илјади квадратни метри, трговски центар од 22 илјади квадратни метри за други намени, како и 5.000 паркинг-места. Во комплексот на посетителите ќе им се нуди широка палета дејности како што се мултикино, ресторани, велнес-центар, ќе се продава мебел, алати, апарати за домаќинство и сето тоа лоцирано во мегамаркет. Трговскиот центар со мегамаркетот ќе биде во централниот дел на „Ера сити“ - Скопје.

„Ера сити“, секако, е приоритетен проект на групацијата „Ера“, која работи повеќе од 50 години, за која проценетата висина на сите инвестициони вложувања за следните пет години изнесува приближно 150 милиони евра, што ќе ги реализира преку партнерства, а истовремено ќе отвори можност за околу 800 нови работни места“, истакна Омладич, кој се надева дека почетокот на градбата ќе отвори нови деловни можности и истовремено ќе ги поврзува стопанските интереси на Македонија, Словенија и Европската унија. За премиерот Никола Груевски, кој беше присутен на свечениот чин заедно со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и неговиот словенечки колега Димитриј Рупел, проектот „Ера сити“ е со повеќенаменско значење не само за Скопје, туку и, воопшто, за државава. „Тоа е една од најголемите странски инвестиции од осамостојувањето на Македонија. Мултинаменскиот комплекс ќе привлече и повеќе препознатливи брендови што ќе придонесе за имиџот на нашиот главен град и на државата во целина“, истакна Груевски, кој посочи оти новиот словенечки проект е уште еден доказ, пред се', за пријателските односи меѓу Македонија и Словенија. Министерот за надворешни работи на Словенија Димитриј Рупел истакна дека Словенија вложила досега во Македонија 120 милиони евра и оти словенечките инвестиции секојдневно се зголемуваат. Тој нагласи дека со словенечки инвестиции во Македонија досега се отворени околу 2.500 работни места и вети отворање на уште 1.000 нови работни места за годинава. Според него, во Словенија во минатата година се бележи зголемен увоз на стоки од Македонија за 32 отсто. Словенија, како што рече, е голем поддржувач на Македонија, земја со која има заедничка историја и заедничка европска иднина. Проценето е дека „Ера сити“ ќе стане најголем и најсовремен деловен, трговски и забавен центар во регионот.

Статијата е прочитана 5476 пати.


Испрати коментар
„Мајкрософт“ нуди 44,6 млд. долари за „Јаху“
Италијанската Конкордија сака да инвестира во Македонија
Од вторник стечајците продолжуваат со протести
Хрватски „Агрокор“ инвестира 40 милиони евра во Македонија
Две домашни фирми ќе ги прават ремонтите во МЖ
Промовирана книгата „Како до сопствен бизнис“
nie,domasnite, 02.02.2008 03:12:21
Dobro e...Nesto barem trgna.Ne za drugo,tuku za novite rabotni mesta.
   69 |   87
nasines, 02.02.2008 03:32:41
so sreka neka e pocna poleka da se nosat investicii. Bravo Makedonija, bravo vlada
   79 |   89
menes, 02.02.2008 04:22:44
Ajde sdsmovci, pocnete pak da plukate i da barate vlakno vo jajceto
   65 |   86
od Bob, 02.02.2008 09:11:55
so sreka i uste mnogu vakvi proekti
   75 |   74
0d mene 120, 02.02.2008 09:31:38
Shto e toa era siti :zajdisonce:Dali nije nemame jazik ili treba da se vnesuva sekakvo gubrishte odnadvor i ni se chini oti sne napredna nacija,prvo treba da se neguva nasheto a ne so ova gubre odnadvor,kade vije gordosta.
   77 |   79
kokalindo, 02.02.2008 09:52:09
pa ovaa investicija bese zapocnata vo vremeto na sdsm samo sega dojde vreme da se realizira.
   107 |   84
loli, 02.02.2008 10:51:00
za menes.golemite makedonci ne si go krijat imeto
   66 |   74
Gox, 02.02.2008 12:00:57
Dobro be,mentalni li ste ili sto e problem..Tolku li vi e bitno od koe vreme e,koj go pocnal,koj go zavrsil..Bitno deka ke ima nesto novo,ekskluzivno,ke ima prostor luge da se vrabotat...Navistina od den na den se poveke mrazam sto ziveam tuka i sto sum makedonec,gledajki kakvi se tipovi ziveat na ist prostor so mene.
   72 |   85
Ранко од Пуздерци, 02.02.2008 13:50:12
Што народ, што ... сме? Па се радуваме на нашата штета! Што фајда имаме од деловен центар, од трговија... Па зар не гледате дека тоа на Јанезите им е најлесно да ни ги земат и оние малку пари што ги имаме. Репрезентативен трговски центар, а за кого?
   77 |   71
vlado butrokoski Pert, 02.02.2008 15:57:29
era citi ke ja zbogati makedonija no vreme e Gospodinot Minister Samak da kaze sto toj napravil
   65 |   59
neutralen, 02.02.2008 16:28:43
do menes: moze li da pomine eden text bez politicki komentar? dosta bre luge, dosadivte so taa politika. nemate li nisto popamentno da kazete?
   70 |   93
Gladen, 02.02.2008 17:38:42
Do koga be vaka da mu se snevidi? Se vo to skopje se otvora pa so da prajme nie drugite da umirame. Samo nekoj trgovski,gluposti drugi. dajte nekoja fabrika za ostanatite. Pozdrav od gladniot tvoj narod Grujo
   61 |   79

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ