www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 17:32
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
17.02.2017, 17:02

Ахмети бара проширена употреба на албанскиот јазик

Според непотврдени информации предлогот на ДУИ е сконцентриран на проширување на употребата на албанскиот јазик во институциите на ниво на државата

Работна група на социјалдемократите, составена од Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Рената Тренеска-Дескоска, ќе го разгледува предлогот од ДУИ со кој се дефинира употребата на албанскиот јазик во земјава, а од кој најмногу зависи дали двете партии ќе постигнат договор за владина коалиција. Откако ДУИ прексиноќа до СДСМ го достави нацрт-законот, социјалдемократите вчера беа прилично молчаливи и не сакаа да соопштат никакви детали ниту за содржината на предлогот, ниту пак нивната првична оцена дали е можна согласност.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска потврди дека од ДУИ добиле документ со предлог-решенија за Законот за употреба на јазиците. Тој додаде дека лично не го видел документот што содржи, но работна група го разгледува материјалот.

„За нас е прифатливо се' што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од која било малцинска заедница. Предлогот да е уставно издржлив и уставно издржан и да ги одразува практичните потреби на граѓаните. Со вака широко доставени рамки не знаеме кога ќе донесеме одлука. Како што реков, предлогот стигна доцна синоќа и го разгледуваме“, изјави денеска Заев.

Во СДСМ денеска немаше најава кога ќе одговорат на предлогот на ДУИ, но уверуваат дека тоа ќе биде деновиве, бидејќи се изгуби веќе премногу време.

Според неофицијални информации, ДУИ во суштина предлага преку законски измени проширување на употребата на албанскиот јазик во државни органи, владата, судството, државните институции... Ова е решението што, наводно, го утврдиле претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села, како претставник на коалицијата Алијанса за Албанците, во консултација со правни експерти. Од ДУИ тврдат нивниот предлог е во рамките на Уставот и Рамковниот договор.

Не станува збор за посебен закон за употреба на албанскиот јазик бидејќи ваква формулација не е дефинирана во Уставот. Со оглед на тоа што не може да се обезбеди двотретинско мнозинство за промена на Уставот, ДУИ ќе мора да се задоволи за формулацијата „јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните во Македонија“.

Според непотврдени информации, предлогот на ДУИ е сконцентриран на проширување на употребата на албанскиот јазик во институциите на ниво на државата, но не предлага воведување двојазичност на цела територија. Освен во Собранието, на албански да може да се зборува и во Владата, но и сите материјали да бидат во оригинална форма и на албански јазик.

Статијата е прочитана 2915 пати.


Испрати коментар
Жерновски цели на нов мандат во Центар
В понеделник пресуда за тужбата против Заев за објавена „бомба“
grant, 17.02.2017 18:06:55
vaka sega, poslednoto bezuslovno barane na albancite dodadeno na platformata e: Nikola G. I Z. Zaev da se napucat I dali sakaat so vazelin ili bez vazelin?! Daj be vie of utrinski bidete democrati I objavuvajte gi moive harizmaticni I poucni comentari.
   13 |   11
POLITIKATA E PRINCIP A NE ZELENASKI PAZAR, 18.02.2017 00:07:44
Glasanje ustavni izmeni vo sobranieto kako preduslov za koaliciona vlada ne treba potocno ne smee da ima. Od princip. I kako lekcija za nauk i za na vek. Stom ustavni izmeni se uslov za vladina koalicija, toa znaci deka nema uslovi za takva vlada. zatoa sto ustavnite izmeni se bazicni problemi i raboti koi se resavaat vo tekot na rabotata na sobranieto a ne kako ucena za vlada. Zamislete pred sekoj natprevar da se menuvaat fudbalskite ili drugi pravila. Vladini partneri moze da usoglasuvaat partiski programi za toa sto i kako bi rabotele i dejstvuvale vo sklad i spored ustavot i zakonite vo tekot na mandatot. Platformata na albanskite partii e platforma na druga drzava i sosema normalno e da ne bide prifatena i da ne pomine vo sobranieto. So platformata albanskite partii se eliminiraa od moznosta da participiraat vo vladata a i sdsm kako nejzin generator so niv. Zatoa cas poskoro svikuvanje na sobranieto i da mu se dade mandat i poddrska na VMRO da formira malcinska vlada ili novi izb
   14 |   15
EU, 18.02.2017 01:33:25
Voopsto ne veruvame deka Ahmeti e zagrizen za nivoto na upotreba na albanskiot jazik. Da bese taka, imase 8 godini vreme, na vlast, da se izbori za takvite baranja. Ona sto go boli Ahmeti e krajot na tenderskata koalicija, ne po svoja zelba, tuku pod pritisok, so dokazi, razbira se. Negovata dilema e dali da prodolzi da brca vo medot, zaedno so Gruevski ili da ja prifati abolicijata sto mu e ponudena, vo zamena za rusenje na gruevizmot. Gore visoko, udolu dlaboko ?
   19 |   9
razmo, 18.02.2017 02:09:33
Na Albancite da im se dadat site prava smetajki go i Jazikot onaka kako sto e predvideno vo - RAMKOVNIOT DOGOVOR - a ne menuvanje na USTAVOT i upotreba na albanskiot jazik na cela teritorija na grzavata . Ni pomalku ni povejke . So ovaj dogovor opfateno e se sto im sleduva na albancite . Nikoj ne smee da bara povejke od ovaj dogovor , a i nikoj ne smee da ne im go odzeme pravoto sto e napisano vo Ramkovniot dogovor . Pozdrav .
   20 |   9
cele, 18.02.2017 07:32:59
Manipulant sega edno kazuvat,utre drugo,ova se ucit samo vo Svajcaria,neli tamu bese dijagnoziran nestabilna licnost.
   9 |   12
do Applewood K, 18.02.2017 08:21:41
Vooruzheniot konflikt vo 2001 g.ne beshe za prava.Ne mozhe ni na kratok,ni na dolg rok da se realizira taa arnautska platforma zatoa sto e neustavna i antimakedonska.Toa sto go barash za platformata e kako nekoj od tebe da pobara da si go smenish lichnoto tvoe ime,polot,i cigla po cigla da go unishtuvash tvoeto zhivealishte.Glupaku.
   18 |   9
али војвода, 18.02.2017 08:27:41
ахмети со овие финти на локалните ќе доживеј исчезнување знајме ние дека тој го обожава коле впрочем и нивната коалиција никола ахмети функционира(ше) е арно ама се најдоја попаметни во дуи кој му ги пореметија планојте
   12 |   7
mile, 18.02.2017 08:45:08
neli mk treba da gi izednaci zakonite so eu za vlez vo eu toa znaci oficijalen jazik spored imeto na drzavata a doma moze da si zboruva koj kako saka za da mozat polesno malcinstvata da se integrirat pa takvo nesto ne im preci na turcite i romite koi se po 200ilj a albancite po masovno iseluvanje po ukinuvanjeto na vizi se prasuvam dali gi ima povece od turcite i romite?
   23 |   9

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
3°СкопјеВреме
Облачно
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ