www.utrinski.com.mk
26 април 2017 02:24
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
27.12.2016, 16:21

Ердоган ќе суди и македонски државјанин

Турската амбасада во Скопје тужи наш граѓанин со двојно државјанство зашто го навредил турскиот претседател

Турската амбасада во Скопје повела барање за судски процес од страна на јавниот обвинител против Е.А., македонски и турски државјанин, само затоа што на социјалните мрежи користел зборови што биле навредливи за Турција и за претседателот Реџеп Таип Ердоган. Откако побара „братската и пријателска македонска влада“ да затвора фирми, организации и училишта на Ѓулен, сега повикувајќи се повторно на добрите односи со нашиот државен врв, официјална Анкара бара да се суди наш граѓанин за нешто за што речиси не се водат судски спорови во нашата држава.

Во писмената изјава на амбасадата стои дека лицето користело израз кој е „саркастичен, навредлив и несоодветен“ и дека „со оглед на добрите билатерални односи, амбасадата препорачува надлежниот јавен обвинител на братската и пријателска Македонија да преземе неопходни мерки да го казни осомничениот“, како и сите оние што ќе ја навредуваат турската државна администрација низ социјалните мрежи.

Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, нагласила дека амбасадата ќе го следи случајот преку својот адвокат многу внимателно со порака дека „соодветното лице ќе ја добие казната што ја заслужува и дека таа ќе биде предупредување што може да им се случи на оние кои се однесуваат на ваков нерегуларен начин“.

Оваа информација што денеска ја пренесе турската агенција Анадолија се совпадна со веста дека угостител во Турција бил уапсен, бидејќи изјавил дека ако дојде Ердоган нема да го послужи со чај, случај што го пренесе цел свет како куриозитетна вест. Ова барање до обвинителот, освен што го проблематизира пријателството меѓу Турција и Македонија, бидејќи станува оптоварено со многу барања и ги загрозува позициите на нашиот државен врв, покажува и со што се занимава турската амбасада во Македонија. (С.Ј.)

Статијата е прочитана 4686 пати.


Испрати коментар
Живко Митревски се сети на новинарите
Спасовски и Ременски се збогуваат со министерските функции
Половина од пратениците за првпат во Собрание
Конститутивна седница пред новогодишната прослава
Заев-Стафансон - Новата влада да се посвети на реформите

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
11°СкопјеВреме
Ведро
Сре24
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон20
Вто21
Сре21
Чет20
Пет19
НајчитаниНајкоментирани

Успешна соработка со партнерите од Западен Балкан
Стандард: Иванов ја води Македонија во хаос
Атомска подморница на САД во јужнокорејско пристаниште
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ