www.utrinski.com.mk
30 октомври 2014 16:56
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
24.12.2013, 17:34

Тужете за да добиете надомест

Се' додека триесетината поранешни вработени во велешка „Порцеланка“ не тужат, а Управен суд не потврди дека се во право, нема да добијат паричен надомест

Петар Печков



За да го остварат правото на стечаен надомест како стечајни работници со повеќе од 25 години стаж, поранешните вработени во „Порцеланка“ ќе треба да се докажуваат на суд. Ова се однесува на 30 лица кои неодамна протестираа затоа што не добија право на надомест. Тие иако навреме поднеле барање за негово користење, не поднеле тужба навреме. Ова во Велес им го порача директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, кој беше во градот по друга обврска.

„Треба да почнат судската постапка. Ние тука не можеме ништо сами да сториме, а сме со добра волја да им помогнеме на луѓето. Ова не беше случај ерга омнес, туку се работеше случај по случај. Констатацијата на засегнатите дека законот е ист за едните и за другите, во случајов не важи. Затоа што поранешните вработени се опфатени со него благодарение на одлуката на Управниот суд, кој проценил дека има доволно докази да се преиначи негативното решение кое претходно го донела Агенцијата“, изјави Влатко Поповски, директор на АВРМ. Според него, се' додека поранешните вработени не ја тужат државата, а Управен суд не потврди дека се во право, триесетината работници од велешка „Порцеланка“ нема да добијат паричен надомест.

„Јас ги охрабрувам некогашните вработени да поднесат тужба. Ние ќе ги доставиме истите документи што на судот му ги доставивме и за претходната група. Ќе го сториме во потребните рокови за постапката да се одвива ефикасно“, рече Поповски. Тој објасни дека во Агенцијата за вработување сакаат да се решат случаите на сите вработени во „Порцеланка“, кои ги исполнуваат условите, но со правно покритие. А за ексвработените што подоцна се пријавиле, Агенцијата направила истражување со целосна проверка на документите при што утврдила дека по добивањето на второстепеното решение во 2009 година, овие луѓе не поднеле тужба до Управен суд. Неодамна на 62 лица Агенцијата им даде позитивни решенија со што треба да им исплати 440 илјади заостанат долг, и до пензионирање да земаат по 7.400 денари месечно. Оние кои останаа без надомест бараа законот да важи за сите подеднакво, без оглед дали тужеле или не.

Статијата е прочитана 843 пати.


Испрати коментар
Македонски претприемачи за 2013
Акцијата на „Фершпед“ се доближи до 6.000 евра
Избрани директори на брокерското друштво во Стопанска банка - Скопје
Средношколците ќе се натпреваруваат во блогирање
Директна линија Скопје-Келн до април в година
pile, 25.12.2013 07:46:57
Sekoj koj poracuva na macenicite dali od Porcelanka ili od druga institucija da ja tuzji Drzjavata RM ili nejzin Organ za nadomest na steta neka ima vo predvid deka stav (citaj naredba) na Vladata e deka RM nesmee da izgubi nitu eden sudski spor, pa kolku i da e na ocigled nepravoto, pred bilo koj Sud vo Drzjavata. A deka ne e taka neka dokazje nekogasnata Pretsedatelka na Upravniot Sud Skopje G-gja Lidija Kockovska (sega kade li e unapredena) so postapuvanjeto po predmetot UP br.666/08 i proglasuvanjeto na istiot za neupraven akt, nitu pripravnik taka da prifati takvo nesto a ne sudski sovet pri US,ama naredba e naredba.Pa go setaa predmetot so preporaka za zjalba do Vrhoven, pa do Vis Upraven koj vo megjuvreme se formira za da im visi nad glava kako reper za nivnoto kvalitetno rabotenje.Ama mnogu nadomest barala strankata, mozjebi i vrednosti i sposobnosti ima koi so nezakonskiot akt mu se popreceni.Pa neli ima bespravna pravna pomos vo sistemot na Grujovizmot ili toa samo za reklam
роди ме мајко директор, 25.12.2013 12:31:39
Е директоре, директоре. Ако поднеле барање, вие како орган во управна постапка можете да ги увоите барањата и да ја искористите правната аргументација од пресудите на Управниот суд. За да се стигне до Управниот суд треба првостепениот и второстепениот орган, да ги одбијат барањата па да се оди на управен спор. Зошто да се тужи?

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
11°СкопјеВреме
Делумно облачно
Чет13
Пет12
Саб13
Нед15
Пон14
НајчитаниНајкоментирани

Шведска ја призна независноста на Палестина
Привремено избегнат крах на европскиот буџет
Текстилците ја губат конкурентноста
    Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ