www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
18.12.2013, 17:36

Дел од лицата без работа се' уште немаат сини картони

Од невладината РОМА бараат невработените да не доставуваат изјава за приходи, бидејќи Уставниот суд веќе ја прогласил за неуставна

Јасмина Ј. Вељановска


Изјавата за пререгистрација на невработените заради добивање сини картони, иако Уставниот суд ја прогласил за неуставна, се' уште се бара, па голем број од оваа категорија граѓани и се без работа и се оставени без здравствено осигурување. Од невладината РОМА од Прилеп, која пред неколку месеци го отвори овој проблем во јавноста, проценуваат дека најмалку 50.000 невработени немаат сини картони зашто до Фондот за здравствено осигурување заклучно со март не доставиле изјава дека немаат приходи. Дека немаат здравствено осигурување невработените обично дознаваат кога ќе имаат потреба од здравствена помош, објаснуваат од РОМА и тогаш се принудени здравствените услуги да ги платат од свој џеб.

Дали поради трошок или нешто друго, на невработените им е тешко да ја поднесат таквата изјава. „Бараме да се направат измени во Законот за здравствено осигурување за да не се бара изјава за приходи од невработените кои се без работа или имаат минимални примања, односно се во групата до 96.000 денари“, изјави Несиме Салиоска, извршен директор на невладината РОМА, која вчера организира јавна дебата за овој проблем.

„Наместо промотор со оваа ситуација, Собранието го крши Уставот. Следното решение е повторно да се даде претставка до Уставниот суд за непочитување на нејзината одлука, или тоа да го сторат самите невработени“, смета Рената Дескоска, експерт по уставно право.

Според Народниот правобранител, неуставно е невработените да пријавуваат приходи, а според Уставниот суд, поднесувањето на изјавата не е соодветна, зашто контрола и увид во остварените приходи треба да имаат Управата за јавни приходи, и таа треба да доставува докази од таков карактер.

Од Фондот за здравствено осигурување велат дека работат според законските прописи и дека државата направила измени и сега во пријавата не мора точно да го наведуваат приходот, туку само во која категоријага според приходите припаѓаат. Од Фондот велат дека заклучно со ноември пререгистрација извршиле 238.750 невработени, или речиси сите.

Од невладината РОМА велат дека објаснувањето што го добиле од надлежните министерства за здравство и за финансии за непочитувањето на одлуката на Уставен суд е дека тоа не е голема обврска. „Изјавата се бара бидејќи УЈП можела да задоцни со обработка на податоците за приходите и лицата да останат неколку месеци без сини картони“, стои во одговорот на Министерството за финансии до РОМА СОС. Додека за Министерството за здравство изјавата не е големо оптоварување за невработените ако се земе предвид дека здравствено осигурување е на товар на државата.

Статијата е прочитана 1203 пати.


Испрати коментар
Како да се вратат полесно парите од странство
Невработеноста тргна по удолница
(ФОТО) Нов современ магацински простор на „Алкалоид“
Седум милиони евра за фирмите од Охридска банка и од ЕБОР

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
    Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ