www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:04
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
30.12.2014, 18:05

Даниел Кајмакоски - Најдобрите и највредните работи се бесплатни

Триумфираше на „Икс-фактор“, а победата на „Скопски фестивал“ му овозможи и на јаве да го отсонува сонот - да ја претставува Македонија на „Евровизија 2015“ во Виена, Австрија

Валентина Тодоровска

Дефинитивно, 2014 година е пресвртница во твојот живот и ти донесе значајни работи на професионален план.

- Да, може да се каже мојата најсреќна година! 2014 ќе ја паметам по победата на „Икс-фактор“ и победата на „Скопски фестивал“, што ми ја донесе шансата да ја претставувам мојата земја на Евровизија следната година во Австрија. Ја испеав и ракометната химна за „Мундијалот“ во Катар, и пресреќен сум - што повеќе можев да посакам?!

„Икс-фактор“ ти овозможи да и' се вратиш на музиката и тоа на голема врата. Што е највредно покрај искуството што го стекна на оваа манифестација?

- Секако, искуството што го добив на сцената на „Икс-фактор“ е бесценето, а дружбата и новите познанства само го надополнуваат позитивното чувство од целото шоу ! Со учесниците од „Икс-фактор“ сме во постојан контакт, со некој повеќе, со некој помалку, но најважно е што станавме многу добри пријатели.

Успесите не доаѓаат сами...Годинава е евидентен бројот на твоите обожаватели. Што ти е најдраго во комуникација со младите?

- Она што веднаш го забележувам - искрената насмевка и безусловната љубов што ја добивам. Тоа е голема одговорност, но и мотив кој ме води во овој свет на музиката! Свет што безгранично го сакам и му припаѓам. 

Приказните за Дедо Мраз, во овој доцен декември не се врзуваат за искуството и годините. Во тој контекст ќе те прашам за желбите, што би сакал да ти се случи?

- Верувам дека се' што можеме да замислиме, можеме и да оствариме. Едноставно, голема е енергијата со која ги управуваме мислите, тие го движат и светот и настаните. Затоа верувам дека магијата на Дедо Мраз може да ја доживее само оној кој верува во неа! Желба ми е да бидам здрав, среќен, исполнет и целосно реализиран во мојот свет. Да имам повеќе време за своето семејство. И во однос на мојата Македонија - да се сакаме, да се почитуваме и поддржуваме.

Си бил ли ти некогаш Дедо Мраз? И, што има во твојата вреќа со подароци?

- Велат, најдобрите и највредните работи се бесплатни. Се сложувам со тоа, затоа што најмногу сакам да подарувам насмевки, прегратки и бакнежи. 

Како изгледа празнична атмосфера во твојот дом? Имаш ли елка, што е на твое стандардно мени - сарма, кифлички, месо? И какви спомени носиш од Новите години, од периоди кога си бил дете ?

 - Празничната атмосфера во мојот дом е иста како во повеќето наши домови, треперливо е и свечено, сите сме расположени. Во менито за кое по традиција е задолжена мајка ми Ружа, покрај спомнатото ги има уште руската и француската салата. Што се однесува до спомените од детството, ги имам премногу и ден-денес ми го греат срцето. Во овој период од годината сите сме почувствителни, посентиментални, а емоциите најмногу се врзуваат за периодите кога бевме мали. Ех, какво исчекување беа моментите кога ќе се спојеа стрелките на часовникот. Секогаш имавме природна елка која ширеше преубава миризба низ домот. Боровите гранчиња се мешаа со мирисот на ванилин шеќер од слатките на мајка ми, а под елката беа моите подароци и оние за моите браќа. Тоа секогаш ќе остане врежано во мојата меморија.

Со што најчесто наздравуваш?

- Зависи од расположението и од свеченоста, но го сакам македонското вино, секако во умерени дози.

Новата година првпат ќе ја дочекаш во Скопје?

- Да, и однапред се радувам на најдолгата ноќ што ќе ја поминам на плоштадот во Скопје. Мојот настап ќе биде краток - ќе учествувам со неколку песни, а дел од нив се композиции што ми ја донесоа победата на na „Икс-фактор“. Инаку, целиот овој период сум многу зафатен - пред и по Нова година сум интензивно во студио каде што ги снимам песните за албумот.

Новогодишна честитка до сите луѓе?

- Сигурен сум дека мислата е жива! Некаде прочитав и ми се допадна - внимавајте што замислувате за да не ви се оствари! Среќна Нова година и среќни божикни празници до сите луѓе.

Статијата е прочитана 2015 пати.


Испрати коментар
Вина за 2014
Празничен дух во вашиот дом - Зелени венчиња за потопла атмосфера
Новогодишна гардероба Taња Кокев - Бидете во релација со местото на славење
Бериќетна година на приватен план за познатите личности - Естрадата полна со бебиња
Коктели
Вечерва пробајте нешто поинакво
Анкета - Три настани што ја одбележаа 2014
Интервју Каролина Гочева - Сите ние сме сами и во среќата и во тагата
Ристо Ицо Панов - Новите години на уличниот свирач

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ