www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
28.10.2013, 17:28

Погрешно поставен гипс ја направил инвалид

„Ми ставија гипс од лакотот до рачниот зглоб, иако на докторот му реков дека ме боли во рамото“, објаснува 63-годишната С.Ф. од Делчево како почнало лекувањето

Јасмина Ј. Вељановска



„Лекарите ми поставија гипс на погрешно место и ми го оштетија скршеното рамо“. Вака ја почнува приказната за здравствената мака што ја снашла 63-годишната Сафие Ф. од Делчево во кочанската болница. Пред околу 2,5 години таа паднала од скали и го скршила десното рамо. Оттогаш досега нема мир, само болка. Скршеницата се' уште не и' е излекувана, па раката буквално виси и како да ја нема, зашто не и' функционира. Вели дека повеќе личи на инвалид без една рака.

Несоодветниот третман и долгото нелекување си го сториле своето. Повреденото рамо е толку истрошено што мора да се замени со вештачки зглоб. Но, и за оваа операција вели дека чека уште од пред Нова година, никако да стаса на ред да се оперира на некоја од скопските болници. Во меѓувреме за несоодветно лекување ги тужела болницата и лекарите и Судот во Кочани едвај пресудил материјална отштета од само 3.200 евра.

Го памети денот на несреќата 16 мај 2011 година кога паднала пред општинската зграда во Делчево. Веднаш била префрлена во кочанската болница, бидејќи во нивниот град немало соодветен лекар. Ја снимиле и веднаш и' ставиле гипс на раката.

„Докторот рече да ми стават гипс од лактот до рачниот зглоб. Му реков дека ме боли во рамото, а тој рече така треба. Дури и синот сакаше да му објасни, но му рече да излезе од ординацијата“, објаснува Сафие како почнале да ја лекуваат кочанските лекари. Си отишла дома, но раката постојано ја болела и почнала да и' отекува и пак се вратила на контрола во кочанската болница. „Ме виде друг лекар и тој рече дека гипсот треба да е од рамото надолу и ми даде упат за во болницата во Штип. Таму ми рекоа дека не ми е добро поставен гипсот и дека рамото лошо зараснало и мора да се стави вештачки зглоб во Скопје или во Бугарија“, вели Сафие, која гипсот го носела околу пет месеци и уште тогаш раката не можела да ја крева нагоре. А, како поминувало времето таа станувала се' повеќе инвалид, бидејќи веќе не можела ништо да работи сама, ниту пак, да се капи.

Кога штипскиот лекар и' ги „отворил очите“ што се случило, побарала помош од невладините организации КХАМ од Делчево и РОМА СОС од Прилеп, кои правно ја подучиле дека има право да ја тужи болницата и лекарите.

„Постапката ја почнавме во март 2012 година. Првичната сума за материјална отштета што ја побаравме изнесуваше од околу 8.100 евра. Првата пресуда на кочанскиот суд беше дека нема лекарска грешка. Се жалевме до Апелацискиот суд во Штип, по што предметот пак се врати во Кочани. Ни рекоа дека лекарот директно не може да се тужи, туку само болницата. Дури годинава во септември беше пресудено дека на пациентката и' е направена штета и е намалена функцијата на раката и болницата да исплати материјална отштета, која беше намалена на 200.000 денари “, ни изјави Тање Тренкоска, правник од РОМА СОС.

Но, тука не завршуваат маките на делчевката Сафие. Таа сега се убедува со лекарите од скопските болници дека ако во скоро време не и' се стави вештачко рамо, целосно ќе ја изгуби раката. „Цели 2,5 години имам болки, се отрув од пиење апчиња, желудникот ми е ’партал‘, а сега сум и на инфузии од што веќе не ми помагаат лекови на уста“, се жали Сафие и ги моли лекарите што побрзо да ја оперираат.

Прво и' било ветено дека ќе ја оперираат во градската општа болница „8 Септември“ околу Нова година. Потоа излегло дека нема вештачки зглоб и ја препратиле во градската хируршка клиника „Св. Наум Охридски“.

„Ме маткаат лекарите де немало вештачко рамо, де не сум била спремна за операција зашто ми се појавил бронхит. А во меѓувреме снемало од зглобовите. И да го купам вештачкото рамо нема фајде, зашто потоа Фондот нема да ми ги вратил парите“, се жали Сафие и додава толку многу пати доаѓала во Скопје, што веќе не и' стасуваат и парите кои ќе и' ги исплатат како материјална оштета.

Директорот на кочанската општа болница, Дејан Апостоловски, вели дека штом има пресуда, болницата ќе ги исплати парите на оштетената пациентка. „Болницата дали има или нема толку пари, мора да ги исплати, а потоа ќе си ги поврати од лекарите кои биле вмешани во случајот, зашто не е само еден лекар и не сакам да ги именувам“, ни рече директорот на општата болница во Кочани, д-р Апостоловски, кој не кажа како тоа ќе се одрази на работата на болницата.

Против лекарите нема да преземе други казнени мерки. „Паричната казна е доволна со оглед дека според платите на лекарите таа не е мала и ќе биде доволна поука во иднина да внимаваат како работат и како ги лекуваат болните“, вели д-р Апостоловски и додаде дека ако преземе други мерки, болницата ќе остане без кадар.

Според него, и другите болници не се имуни на вакви медицински грешки, а пациентите се' повеќе си ги бараат правата пред суд. Болницата не ги пријавила лекарите во Лекарската комора, ниту, пак, има намера да го стори тоа, со истото образложение дека им е доволна паричната казна.

Статијата е прочитана 7568 пати.


Испрати коментар
Репортажа - Погреб на крајот од градот
Се може да се случи, 29.10.2013 03:53:40
Јас разбирам дека лекарите не се совршени и дека се случуваат грешки, но ми пречи тоа што некои од нив како воопшто да не го слушаат пациентот што им зборува. Мој роднина со рендгенски снимки и резултати од ехо старо два дена и можност физички да се напипа туморот, со опасност истиот да ги блокира цревата поради својата големина или да пукне, бил испратен да си закаже да прави ново ехо и да чека на ендоскопски преглед со месеци. Да не отидоа на приватно, немаше да се спаси. Затоа мислам дека кога отштетата би била поголема би имало помалку грешки.
   79 |   67
MIZERIJA, 29.10.2013 09:37:40
Ova e naseto zdravstvo...loso postaven gips,nema lekarska greska..normalno...pacientot invalid....a da e samo eden....slicna slucka imav vo 2001g...padnat na fudbal,otecen zglob,nema skrsenica..vo Voena bolnica,strucnjakot op,vednas gips,do nad koleno...zglobot otecen.....5 dena,nikakvo podobruvanje,osekav bolki,iako se dvizev,po doma,do dvor i taka...Otidov samoinicijativno vo bolnicata i doktorov,a i tehnicarot vikaa taka treba,pa toa e normalno,pa jas li niv ke im kazuvam...na moe insistiranje i zakana,vednas mi bese otstranet gipsot(na moja odgovornost:)..zglobot katastrofa,otokot ist,so crvenilo okolu nego..vidov kolku e saat,mu se zablagodariv na doktorot so dve tri socni pcovki i i otidov.....Veruvale ili ne,vecerta otidov kaj Cakan,stariot.malku povekje mestenje,pa kromid i uste nesto za otok i po dva dena nemav ni otok ni bolka.....A zamislete,gipsot trebase da go nosam 21 den???Sto ke bese so nogata??Nekoi ortopedi sto gi konsultirav podocna mi rekoa - podobro da ne znaes..
   57 |   92
Tina, 29.10.2013 10:04:59
Greshata na doktorot e po skapocena nego bilo kade. Zivot e vo prashanje. Po demokratski, ke go tuzish na oshteta na teloto i bolkite shto gi imash. Lekarskiot Inshurance, neznam po makedonski kako se vika, ke go isplati taa greshka i bolkite shto gi trpashe do sega. I ke te ti dadat nov tretment.
   72 |   69
DB, 29.10.2013 18:54:01
Тешко и за здрави, а уште потешко за болни и/или повредени! А има ли лек и доктор за нашето тешко болно здравство??? Далеку стигнавме кога сите станавме пациенти на прим. проф. мр.др. Тодоров, според кој „што е важен животот, треба да се внимава на здравјето“!!! Поздрав
   67 |   73

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
    Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ