www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
02.11.2011, 16:56

Интервју: Владата се однесува неодговорно кон Карпош

„Централната власт да не ги залажува граѓаните на Карпош со аква-паркчиња и тениски игралишта, нека направи нешто покрупно“, вели градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски

Деспина Трајковска
Билјана Ангеловска

На прагот на зимата се соочувате со долгови за парно греење во училиштата. Ќе останат ли децата без затоплување?


Во ниту еден случај нема да го дозволиме тоа и како и досега, тековните сметки ќе ги намируваме од општински пари. Дали во меѓувреме ќе ги сервисираме долговите зависи од тоа дали ресорното министерство ќе се охрабри да го реши проблемот кој, всушност, е настанат поради нередовно префрлање на блок-дотациите, како и од нивната недоволна сума. Обврска на локалната самоуправа е само да управува со училиштата, а се' останато е обврска на Министерството за образование. Тоа значи дека Владата се однесува неодговорно. Како Општина и со ребалансите не добивме екстра пари, што не е случај со другите општини. Доволен пример е дека пред неколку години на Карпош му ги намалија блок-дотациите за 4 милиони денари, додека Аеродром доби дополнителни три.



Како да сте во незавидна положба, зошто?

Апсолутно е јасно, вмешана е политиката.



Има ли решение?

Па, по се' изгледа ако проектот образование во локалната самоуправа стане неодржлив, а веќе се' води натаму, сериозно размислувам да им ги вратам ингеренциите.



Зошто Карпош се' уште не управува со државното земјиште? Тврдевте дека сте целосно подготвени за тоа?

Па, Министерството за финансии буквално не' шета по ќерамиди. Ни бара доказ дали сме платиле интернет, па бара да доставиме обрасци за вработување на луѓето што ќе управуваат со земјиштето, а тоа лесно можат да го проверат во Агенцијата за вработување. Во меѓувреме, инсистираат во Програмата што сме ја донеле за управување со земјиштето да ставам печат и потпис на секоја страница. Јас ги прашувам, дали Трајко Вељановски става потпис на секоја страница на секој закон? Доволно е што се објавува во Службен весник, како што ние ја објавивме нашата Програма.



Дали тоа значи дека општините кои го добија земјиштето ставале потписи на секоја страница?

Не знам, очигледно. Инаку, одговорно тврдам дека од повеќето општини во државава степенот на подготвеност на администрацијата на Карпош за управување со земјиштето е на највисоко ниво, дури не се споредува. Длабоко сум убеден дека и во овој случај има чиста политика.



Еднаш изјавивте дека Владата во меѓувреме сака да ги распродаде сите атрактивни локации во Карпош, па дури тогаш ќе Ви го префрлат преостанатото земјиште. Го мислите ли се' уште тоа?

Видете, во моментов се продаваат три локации и тоа објавени на мала врата со почетна цена од 1 евро. Начинот на кој се објавени е малку сомнителен. Јас сакам јавно да им порачам дека лично ќе учествувам на некоја од лицитациите и нема да дозволам да ги купат оние што можеби наумиле и тоа за багателни цени.



Неколку пати ја прозивате Владата дека директно или индиректно Ве минира во реализација на одредени општински проекти.

Тоа е повеќе од вистина. Очигледно не' кочи во управување со градежното земјиште, во одобрување средства за училиштата. Не ни одобрува средства за вработување на негувателките, а законски е должна да ми одобри, бидејќи тие се вработени на место на пензионирани работници. И, она што е битно, сите наши барања кои одат до Владата или се бојкотираат, или воопшто не ги регистрираат, што одговорно тврдам не е случај со другите општини. Сакам на централната власт да и' порачам дека не сакам пари, ниту била каква милостина, само барам да не ми става сопки на одредени проекти. Доволно е централната власт да си ги исполнува законските обврски према локалната власт и да ја почитува децентрализацијата.



Некои Ве обвинуваат дека и Општина Карпош минира владини проекти. Која е вистината?

Јас и' порачувам на Владата да не ги залажува граѓаните на Карпош со аква-паркчиња и тениски игралишта, нека направат нешто покрупно. Ако треба ние сами ќе си направиме и аква-парк и тениски терени, ама нека ми доделат земјиште. Зошто тие да градат, тоа се локални проекти. Ако навистина сакаат да и' помогнат на Општината во нејзиниот развој, нека повелат нека инвестираат во изградба на некое основно училиште. Најголема потреба имаме од такви објекти. Конкретно, ни треба нов објект за „Братство“. Бујрум, заеднички ќе инвестираме.



Се добива впечаток дека немате соработка со централната власт. Дали можеби по автоматизам имате таков однос и со градскиот татко?

Од соработката со Трајановски, од нашата комуникација сум презадоволен. Меѓутоа, не сум задоволен од градежните активности кои ги презема Градот во Карпош. Се' што прават, прават до „Рузвелтова“, која е наша граница со Центар. Сакам јавно да го прашам Трајановски дали граѓаните на Центар можеби плаќаат 10 пати поголеми даноци во однос на карпошовци?



Сепак, годинава градските власти почнаа со голема реконструкција на улицата „Козле“, ја прошируваат „Илинденска“...

Ма, не може да не' залажуваат со реконструкција на „Козле“ каде сработија само 500 метри. Таа треба да се реконструира од тумбата во Жданец до Нерези. „Илинденска“ треба да се заврши до крај, „Партизанска“ да се реконструира како во Центар, комплетно. „Гологанов“ да ја завршат до „Порта Влае“. И, она што е најбитно, потсетувам дека граѓаните на Козле и на Нерези немаат вода за пиење по шест месеци, зашто треба да се направи нов довод за високата зона, што е обврска на Градот. Срамно и жално е во 21 век во Скопје да има граѓани што половина година немаат вода за пиење.



Зошто не е на повидок реализација на речиси ниту еден владин проект за кои донесовте неколку ДУП-ови? На пример, миниград на Зајчев Рид, трговско-деловен центар кај „Алумина“... Кој ја кочи работата?

Нашето го завршивме уште пред повеќе од две години. Донесовме шест наменски владини ДУП-ови и до сега само еден почна да се реализира, етно-селото во Нерези. Наскоро ќе им го донесеме и оној за касарната „Илинден“, но се сомневам дека ќе го реализираат, иако толку креваат врева. Очигледно е дека никаде го нема „Меркатор“, ги нема Изреалците („Газит глоуб“). Сметам дека Владата избра погрешни инвеститори. Очигледно израелскиот инвеститор нема пари, а моја претпоставка е дека тие планираат да го препродадат земјиштето. Сметам дека најпаметно е земјиштето да им се одземе и да се пренамени за друго нешто. Од Зајчев рид нема ни трага ни глас, ниту парцелите ги дадоа на продажба, ниту, пак, кај нас дошле инвеститори да лобираат за забрзување на процедурите.



Го скроивте ли новиот буџет? На кои проекти ќе трошите пари в година?

Не се' уште, но ќе биде до 1 декември. Сепак, идеите се дефинирани. Ќе ставиме акцент на урбанизација на Кејот, на решавање на платото на „Порта Влае“, на „Млечен ресторан“ и на платото кај Педагошка академија. Ќе го реконструираме училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“, ќе решаваме за судбината на објектот на „Братство“. Тоа се главните проекти, а ако сме во состојба ќе почнеме да градиме и нова општинска зграда. Инаку, годинава реконструиравме триесетина улици во просек долги 900 метри, изградивме и саниравме илјадници метри фекална и атмосферска канализација...



Во последно време Ве нема во јавноста како функционер на СДСМ. Зошто, има ли некакви проблеми во Вашиот однос со партијата?

По изборите се посветивме максимално на обврските во Карпош. Во последно време брзаме да завршиме со проектите дури не не' спречило времето. Максимално сме посветени на општинските работи.



Но, не видовме да добиете партиска поддршка ниту еднаш кога Ве напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ ниту кога наидувате на „сопки“ од Владата!

Не може Бранко Црвенковски да се бори за проблемите во Карпош. Мене партијата ниту може ниту, пак, сакам да ми дава пари.



Што мислите за идејата на некои сопартијци за внатрепартиски непосредни избори?

Тоа нема врска со реалноста. Ние спроти нас имаме владејачка партија која по структура, по начин на делување и по методите што ги користи е полициски организирана партија. И, на тоа ние да возвратиме со демократизација! Тоа е како да се фрлите од водопадите на Нијагара и да останете жив. Мислам дека овие луѓе што дискутираат така не му мислат добро на СДСМ. Ако јас се прашувам, ќе треба во ваква ситуација уште повеќе да се изврши централизација на партијата. Евидентно е дека партнерот спроти нас нема врска со демократија. Сведоци сме на грубо кршење на човековите права, на злоупотреба на судството, полицијата. Во ваква ситуација беспредметно е да се зборува на оваа тема.



Но, предлогот не дојде од ВМРО, туку од Вашата партија.

СДСМ има 63.000 члена, секој си има различно мислење.



Има ли поделба во партијата на нови и на стари членови?

Апсолутно не. Нема поделби по ниту еден основ. СДСМ е поединствена од било кога и нема никакви поделби. Ова се само обиди кои кореспондираат со владејачката партија, кои се во дослух со неа да вметнат по медиумите теза дека наводно постои неслога, поделба на стари и млади. Секогаш имало прозивки, поделби на бучковисти, бранковисти и какви ли уште не. Се' што се зборува дека се случува во партијата не е така. Ниту еден орган не стои зад овие иницијативи, од месните одбори, преку општинските, Централниот, Извршниот. А, секој член има право на свое мислење.



Како гледате на враќањето на некои стари членов во партијата? Која е нивната улога сега?

Јас го поздравувам тој чин. Тие не се во органите, туку се дел од советодавното тело. Претседателот подолго време обавува разговори со нив и со други поранешни високи функционери да дадат јакнење на партијата.



И токму сега ли се јави потребата од такво нешто?

Потребата постои од секогаш. СДСМ треба да биде единствен и окрупнет како никогаш досега. Ние правиме коалиции кои, да речеме до вчера биле против СДСМ, па тамам работа да не се вклучат кадри што некогаш давале придонес на партијата. Нивниот придонес секогаш е драгоцен и добредојден.

 

Претстојат локални избори. Размислувате ли за повторна кандидатура, за трет мандат во Карпош, или имате амбиции за градската фотелја?

Да. Сработеното во изминативе години и повратните реакции од граѓаните ми даваат за право да побарам уште еден мандат, трет по ред. Всушност, дали мојот понатамошен евентуален ангажман ќе биде за Карпош или за Скопје, ќе одлучиме заедно во рамките на партијата, тоа нема да биде само моја одлука. Јас приоритет му давам на Карпош, бидејќи сметам дека најтешките инвестиции, кои се под земја и не се гледаат, ги завршувам во овој мандат, а наредниот треба да биде време кога, дефинитивно, Карпош ќе го добие сјајот што го има во мојата визија.

Статијата е прочитана 4250 пати.


Испрати коментар
Генералка на фонтаната на Александар
Роденденски концерт на Џибони и на Влатко
Живот на фантомски улици
Zitel Na Karpos, 03.11.2011 00:56:34
Sepak treba da imas dostoinstvo i da priznaes deka nauci od aktuelnata vlast kako se raboti,sozrea. Bate Brane sega i tebe ke te porstrize,
   71 |   58
zedorf, 03.11.2011 10:05:53
gospodine golem demagok ste ja obvinuvate vladata deka ke pravi parkovi a voednokazuvate deka ke go sreduvate kejot na rekata. jas mislam deka toa e edno isto ako mislite poinaku togas nema spas za graganite na karpos za zal.
   55 |   48
Alek, 03.11.2011 11:25:25
Posle Brane si naj napadana lichnost od strana na vmro-vcite, zoshto? Da ne ja zgreshi partiskata knishka koga otide od LDP. Vidi go komshijata otade Vardar, si vozi nov audi, a bogami gi vozi i gradjanite na Djorche, pa nikomu nishto, duri nitu eden zbor, naprotiv i po x-ti pat posledovatelno ce go izberat. VMRO e sila, VMRO e moc! Mozesh da pravish gluposti kolku shto ti dusha saka, samo bidi del od VMRO i se ce ti bide prosteno, duri ce bidesh vozvishen vo patriot.
   56 |   51
Alek, 03.11.2011 11:42:46
Ah be Stvece zosto se sramis so vakvi izjavi,ako VMRO bila policiski organizirana partija i SDSM trebalo da se stremi kon toa.Pogolema glupost nemam slusnato.
   54 |   59
xavid, 03.11.2011 12:38:34
Odi be potpisi im za izgradba na voeni stanovi vo kasarnata,ne se inati kako malo dete.Tvojot inat gi kosta skapo gragjanite na karpos za red drugi raboti,a ti si mislis samo na paver elementi tuka ti e najgolema tarifata najverojatno
   41 |   56
Сигма, 03.11.2011 12:49:16
Господ да чува,овој жител од Карпош како да живее на северен пол па се вратил одтаму и ни кажува нам какво е Карпош ами ако си слеп прашај некој или секој и ќе знаеш дека нешто убаво нешто прекрасно можеш да најдеш токму тука низ целата општина Карпош. Зедорф:Реалноста во Карпош и од Господ БОГ е благословена за оние кој до пладне сите ги мразат а попладне и самите себе се мразат ги нема во нашата општина па живеј си во мракот това е твоја судбина од Бога пишана.
   58 |   35
Ѓоко, 03.11.2011 12:51:34
Општината Карпош под раководство на градоначалникотг Стевче Јакимовски направи извонредно многу имајки во вид дека е од спротивниот табор. Доколку беше со власта, или неговите на власт, ќе постигнеше нешта со невидени размери. Тој е човек од акција, со аналитички способности, комуникативност и одлични организиторски способности па и лидерство за тимска работа.
   53 |   48
Vele, 03.11.2011 14:12:18
Ne bi se slozil so kazanoto deka ne e dobro so igralista parkovi naprotiv mladite pocnaa da sportuvaat ona sto niz tranzicijata go nemase.Se sto se gradi e ubavo poglednetego Skopje pocna da lici na nesto bidejki i jas bev skeptik a zgresiv samo me zagrizuva bolnata strast za stolica i licno sum zgrozen od profesorot Frckoski vo intervjuto za Albanskata TV protiv toa da se borite kako covek Stefce a ne protiv gradenjeto omalovazuvanjeto sportski tereni.So pocit gradonacalniku vas Vele od kulata edinicata.Ova ne go ocekuvav od vas.
   44 |   55
slavco, 03.11.2011 14:45:21
Jas sakam da komentiram samo eden del od iskazuvanjeto na Gradonacalnikot.Pokraj drugoto,ja spomena i Alumina .Ne spomna podlaboko da ja analizira verojatno radi prostorot na intervjuto.Sega se e jasno sto stana so Alumina.Vazno bese da se rusi oti samo prostorot vredi 22.000.000 evra.Toa za dosta mafiozi bese atraktivno.Gazit group,presavuvase samo paravan.Naskoro na toj prostor ce pocne da se gradi.Koj e sopstvenikot prasajteja posrednickata koja kumuvase.Noiot star gazda go deli samo edna ulica.Stevce ova dobro go znae no ne kazuva oti negoviot segasen sef ne sakase Alumina da ja dade da se restartita.Ili poarno prasajtego segasniot minister na odbrana,pa i Bucko moze da vi objasni.Zatoa nema sreca ovaa drzava oti site se za..... Ima mnogu da se kazuva,no dali ima korist koga sistemot e korunpiran ane poedinci.Zatoa ne ce mozeme da iskocime od ovaa situacija.
   42 |   48
Klarens, 03.11.2011 15:07:26
Zedorf,si bil li nekogas vo Karpos,ili od nekoja pustelija si zaminal da mies tanjiri vo Holandija?
   45 |   53
Limar, 03.11.2011 15:16:52
Pozdrav do xavid,zedorf i Zitel na Karpos. Zdravo #vtora smena od fabrikata na zlobata na VMRO-DPMNE. Pocna plukackata kampanja??????????????E ne vi e lesno ama ich.Pagja rajhot!Nach vorn!!!
   36 |   43
anonim, 03.11.2011 18:32:30
komentarot na cavit bezumen bideyki so kasarnite dirjavata ne gi rascistil imotnite pravni odnosi kasarnata ima svoy copctvenik se dodeka dirjavata ne rascisti pravnite odnosi so sopstvenikot vo nikoy slucay nikoy nemoje da planira so kasarnite.
   58 |   41

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ