www.utrinski.com.mk
23 јуни 2017 08:44
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
17.05.2015, 16:43

Интервју - Нуклеарните технологии го подобруваат квалитетот на животот

Современата медицинска дијагностика и радиотерапија не би постоеле без нуклеарните технологии, а тие се применуваат и за мониторинг на животната средина, во прехранбената индустрија итн., вели д-р Христина Спасевска, продекан за настава на ФЕИТ

Мирче Јовановски

Професорке Спасевска, кога ќе се спомене атомска енергија обичниот човек веднаш помислува на нуклеарни централи, нуклеарно оружје и слично. Но, оваа енергија има многу поширока примена во секојдневието. За што се' може да се користи?

Стравот и недовербата на луѓето кон технологиите што користат атомска енергија е природен поради тоа што најголемиот број жртви од радијација се случиле во минатото кога е користено нуклеарно оружје или при хаварии во нуклеарни централи. За голем број експерти и научници претставува особен предизвик да се помогне во надминувањето на дилемата дека атомската енергија секогаш е опасна и штетна. Затоа, се' повеќе во светот, наместо терминот атомска енергија при нејзината примена се користи терминот „нуклеарни технологии“. Денес, современата медицинска дијагностика и радиотерапија не би постоеле без нуклеарните технологии. Исто така, тие овозможуваат мониторинг на животната средина и се користат при правилна експлоатација на природните ресурси, како и за стерилизација, пастеризација и дезинфекција на производи, храна и материјали. Сите овие технологии имаат големо значење за подобрување на квалитетот на животот.

Колку ваквиот вид енергија се користи кај нас и во кои области?

Македонија припаѓа на таканаречените „ненуклеарни земји“, т.е. ние сме земја што не произведува атомска енергија, нема нуклеарно оружје и не искористува природни ресурси за производство на радиоактивни материјали. Целокупната примена на атомската енергија е кај нуклеарните технологии што се користат во нашето секојдневие, било во медицината, индустријата, земјоделството или заштита на околината. Она што за нас како земја претставува предизвик е примената на нуклеарните технологии во зачувување на културното богатство при негова конзервација, но и можностите за ладна стерилизација и дезинфекција на производи. Но, секогаш останува отворено прашањето какви се нашите можности за производство и искористување на атомската енергија, имајќи ги предвид природните ресурси и ограничените капацитети на нашата земја за производство на електрична енергија. И не само можностите за развој на нуклеарната енергетика, туку и на сите други алтернативни видови на енергија. Отворената дебата за тоа кои се најподобни извори за производство на енергија во Македонија никогаш не завршува.

Од особен интерес за Македонија е следењето на регионалните случувања, како и одлуките што ги носат земјите од соседството во однос нуклеарната енергетика. Тука припаѓаат Бугарија, Романија, Хрватска и Словенија како земји со нуклеарни централи, но и Албанија и Црна Гора коишто повремено покажуваат иницијатива за искористување на овој вид енергија. За да се биде во чекор со промените на ова поле во регионот, Македонија треба да има соодветно образувани кадри. Тие би биле на располагање на државата при донесување на одлуки во меѓународната заедница, како од економски, така и од политички и правен аспект, а се' во интерес на нашите граѓани.

Каква е соработката на Македонија со Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена?

За мала земја, како што е Македонија, споредено со многу други членки на Обединетите нации, до сега имаме одлична соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) од Виена. Таа, во последните десет години, преку својот оддел за техничка помош финансираше 33 национални проекти. Средствата најчесто се наменети за опрема, обуки и мисии на експерти во Македонија. Исто така, голем број институции со свои претставници се вклучени во регионални и интеррегионални проекти, каде што на експертски состаноци и работилници ги разменуваат своите знаења и искуства од дадена област. Сите овие проекти припаѓаат на круцијалните области за одржлив развој на една земја: здравство; земјоделие и производство на безбедна храна; вода и животна околина; одржлива енергија; примена на нуклеарните технологии, како и нуклеарна безбедност и сигурност. Оваа соработка со МААЕ е институционална и целосно се одвива преку националната канцеларија за контакт во Министерството за образование и наука.

Кои се придобивките од таквата соработка?

Сите институции од Македонија што до сега биле вклучени во проектните активности на МААЕ денес располагаат со современа апаратура, акредитирани лаборатории, обучен персонал и имаат можност за користење на странска експертиза. Тука спаѓаат Клиничкиот центар во делот за нуклеарна медицина, онкологија и радиотерапија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и универзитетите во Битола и Штип, Институтот за јавно здравје, Дирекцијата за радијациска сигурност, Агенцијата за храна и ветеринарство и други. Само во проектниот циклус, што заврши во 2014 година, Македонија за четири национални проекти искористи околу 800 илјади евра техничка помош. За добивањето на оваа помош Македонија уплаќа во МААЕ средства во износ од 5 отсто од вкупната сума на проектите. Тоа е обврска на Министерството за образование и наука, а од нас како земја се бара навремено намирување на оваа незначително мала сума кога ќе се направи споредба со придобивките.

Вие сте соработувале со МААЕ како национален координатор на повеќе проекти. За какви проекти станува збор и какви се Вашите искуства?

Досега преку ФЕИТ сум национален координатор на два проекта од МААЕ. Во регионалниот проект „Подобрување на капацитетите за тренинг и образование во нуклеарните науки и апликации“ учествуваа 30 земји од Европа и Азија со заедничка цел - размена на искуства во образованието и обуката на кадри. За Македонија овој проект значеше зајакнување на соработката со голем број странски универзитети. Во овој проект ФЕИТ се здоби со најсовремени лабораториски вежби по атомска и нуклеарна физика во износ од околу 70 илјади евра. Денес оваа опрема по предметот физика ја користат и студентите од другите технички факултети: машинскиот, градежниот и технолошко-металуршкиот факултет.

По завршувањето на овој проект и зајакнувањето на нашата соработка со МААЕ се отвори можност за добивање на национален проект за примената на една од нуклеарните технологии – третирање на храната со јонизирачко зрачење. Предвидената сума за реализација на проектот „Проценка и можности за имплементација на технологии за третирање на храната со јонизирачко зрачење во Република Македонија“ изнесува околу 200 илјади евра и тие се наменети за обуки, научни посети, странска експертиза и опрема. ФЕИТ, како координаторот на проектот е одговорен за разгледување и избор на најсоодветна технологија за третирање на различни видови на производи, при што е направен протокол за евентуална изградба на постројка со електронски акцелератор. Исто така, во тек е поставување на лабораторија за детекција на храна што претходно била третирана со јонизирачко зрачење.

Статијата е прочитана 3183 пати.

Испрати коментар
Повеќе работа со средно образование
На хирургија не работат томографите
Ракот ќе се предвидува 15 години однапред
Јогуртот го намалува крвниот притисок за 30 отсто
maja, 18.05.2015 03:14:09
Bi bilo ubavo koga prvo bi objasnile sto znaci skratenicata FEIT pred da ja upotrebite.Jas ziveam vo stranstvo I navistina ne znam sto znaci.(malo izvinuvanje sto moram da pisuvam na latinica).
   133 |   130

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Сончево
Пет33
Саб32
Нед33
Пон32
Вто31
Сре33
Чет33
Пет32
Саб32
Нед29
НајчитаниНајкоментирани
 
250 години од раѓањето на таткото на модерниот универзитет
Сугарески ги потврди грешките на автопатите, ЛП бара остри казни
Самит: ЕУ излегува од критичната состојба
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ