www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
30.08.2007, 17:41

Почнува реализацијата на проектот „Ера сити“

Идниот месец ќе почне изградбата на деловен објект кој ќе биде дел од современ регионален деловно-трговски центар

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

Групацијата ЕРА од Словенија на просторот на Скопски саем ќе го гради најголемиот и најсовремен регионален деловно-трговски центар во земјава и ќе вложи околу 150 милиони евра. Според предвидувањата, оваа инвестиција ќе овозможи и нови 800 работни места. Оваа групација и Скопски саем на прес-конференција вчера го најавија и поставувањето на камен-темелникот на деловната зграда „Ера сити“, што е планирано за септември. Словенците се во очекување да ја добијат градежната дозвола и ден потоа ќе го постават камен-темелникот на објектот. ЕРА е мнозински сопственик на друштвото „Скопски саем“, кое поседува површина од 155 илјади квадратни метри.

Мултибизнис-центарот ќе претставува центар на деловни случувања во Скопје и еден од поголемите претприемачки центри во регионот. Деловната зграда ќе биде на површина од 33.600 квадратни метри и ќе има десет ката и три подземни гаражи, современа комунална и сообраќајна инфраструктура со 500 паркинг-места. Нејзиниот архитектонски облик ќе биде модерен и со препознатлив стандард, тврдат Словенците. Зградата ќе биде наменета, пред се', за странски претпријатија и организации, кои влегуваат во македонскиот пазар, но и за средни и за мали претпријатија, претставништва и установи кои сакаат да се афирмираат. Оваа голема словенечка инвестиција ќе се реализира во наредните пет години. Всушност, станува збор за продолжување на веќе започнатиот проект „Ера сити“, кој стартуваше со изградбата и отворањето на Акциониот парк. Сега ќе продолжи со изградба на најголемиот и најсовремен регионален деловно-трговски центар во Скопје и пошироко.

Гвидо Омладич, претседател на управата на групацијата „Ера сити“, потенцираше вчера дека изградбата на регионален деловно-трговски центар ќе значи изградба на град во град. Урбанистичкиот план овозможува изградба на бројни планирани згради за различни дејности и намени уште на 110 илјади квадратни метри земјиште.

„Поради решавање имотноправни проблеми и денационализација на земјиштето, проектот се одолжи, но веднаш по добивањето на градежната дозвола, ден потоа ќе се стартуваме со камен-темелникот на деловниот објект и сигурно ќе се случи тоа во септември. Имаме и подршка од Владата на Република Македонија“, нагласи Омладич.

Основата на целокупниот проект е единствениот урбанистички план и единствената градежна парцела што овозможува најголема флексибилност и приспособување на барањата на поединечни корисници и инвеститори. Проектот предвидува метрополис-арена, ресторани, забава, спорт, рекреација, хотел и многу други објекти.

Статијата е прочитана 1590 пати.


Испрати коментар
Кабелските оператори пак на диво пренесуваат ТВ- канали
Атила Сендреи разрешен и од Бордот директори на „Телеком“
Првата банкарска гаранција од 0 отсто издадена на „Макстил“
Пензионирањето со работен стаж истекува в понеделник
„Нов оператор“ со префикси 077 и 078
ИМБ извезе 20 тони сирење за САД

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ