www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
07.04.2014, 16:11
Три месеци условна казна за лекарска грешка



Случајот на малолетниот Агуш Салиоски (14), кој поради лекарска грешка ја загуби едната рака, доби разврска по 6 години барање правда низ судските лавиринти

Моника Талеска

Прилеп - По 6 години барање правда низ судските лавиринти, конечно доби судска разврска случајот на малолетниот Агуш Салиоски (14), кој поради лекарска грешка ја загуби едната рака. Со пресуда на Основниот суд во Прилеп, д-р Златомир Аризанкоски, началник на ортопедското одделение во прилепската болница, е прогласен за виновен за сторено кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“ во врска со кривичното дело „несовесно лекување болни“. Како што соопшти НВО „РОМА СОС“, д-р Аризанкоски направил пропусти во лечењето на малолетникот кога бил примен на критичниот ден на 10 септември 2008 година. Откако состојба на момчето се влошила по 4 дена тоа било испратено на лекување во клиниката во Скопје, каде што за да му се спаси животот, итно му била ампутирана едната рака.

„Виновен е прогласен еден лекар специјалист, иако обвинението беше поведено против шест лекари специјалисти. Тоа е лекарот што го прими, а останатите се ослободени“, рече Благој Димовски, адвокатот кој го водеше случајот на малолетното момче.

На семејството на Агуш, со судска пресуда прилепската болница треба да им исплати до крајот на годинава отштета во висина од 2,7 милиони денари. Но, родителите на Агуш и по 6 години не можат да се помират со судбината. Загубата со која се соочува нивното дете им создава постојани болки и трауми, бидејќи Агуш не може сам да се грижи за себе, а се срами и од врсниците кога оди во школо, особено кога треба да пишува и да извршува спортски активности.

„Да го родиш здраво, исправно, а да го гледаш цел живот без рака. Зошто не водеа грижа таму?“, вели Мазес Салиоска, мајка на Агуш.

Од „РОМА СОС“ потенцираат дека ова не е единствен случај на несоодветен третман на пациенти од ромска националност.

„Има два случаја во Битола. Едниот е смрт на родилка под сомнителни околности за време на породување, а другиот смрт на новороденче два дена по неговото раѓање, исто така под сомнителни околности. Четвртиот случај, пак, е во Делчево каде што 63-годишна Ромка при пад на скали се здобила со скршеница, која е несоодветно третирана од ортопедите во болницата во Кочани“, вели Тања Тренкоска, правен советник на невладината „РОМА СОС“.

Оваа невладина организација апелира до сите здравствени институции да посветуваат поголемо внимание на пациентите од ромска националност. За да се превенираат во иднина вакви случаи неопходно е здравствените работници правилно да ги третираат граѓаните, припадници на маргинализираните групи.

Невладината „РОМА СОС“ во моментов води уште една судска постапка. Од градската болница по судски пат бара исплата на доживотна рента за малиот Агуш, кој се соочува со последиците на траен инвалидитет.
Статијата е прочитана 1946 пати.


Испрати коментар
milco, 07.04.2014 21:09:28
specijalisti,,hehehehehehe,sekade vo makedonija lekarite se prijatelski vraboteni ili vo Bugarija se shkolovani / doktorirani,,vo struga imashe na porodilka e umrea chekajchi vo hodnik a isto na vnuka moja pri tromboza vo krvta vo vena e amputiraa nogata ,,kadee todorovski tuku e samo za na slika,,vo stranstvo vo vakov sluchaj plakaat dozivotna parichna pomosh I 6 godini po sudejne sudot ocenil 6,ooo,ooo denari,,,
   29 |   37

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ