www.utrinski.com.mk
28 ноември 2014 17:39
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
24.11.2013, 18:26

Мислења

„Скопје 2014“ како Дракула тура

Аљоша Симјановски

Еве уште еден искрен „лајк“ од мене за проектот „Скопје 2014“. Идните генерации ќе бидат горди и благодарни за овој благороден градителски напор

Ајфеловата кула изградена на Марсовите полиња во 1889 како експонат за Светскиот саем на стогодишнината од Француската револуција денес е симбол и знаменитост на Париз. До 1930 година Ајфеловата кула беше најголемото здание на светот, виоко 300 метри. Кога е изградена кулата некои парижани сметале дека е тоа е грдотија, архитектонски кич и дека треба да се урне, демонтира. Незадоволство било изразено и преку протести кои траеле 90 дена. Денес кулата проектирана од Густав Ајфел е значајна туристичка атракција со 5,5 милиони посетители годишно. Еден од таа фасцинанта бројка посетители бев прв пат и јас во далечната 1973, така стои на разгледницата што ја испратив дома, а ја пишував на едно од платоата на кулата со поглед на една од визурите на Париз. Денес Ајфеловата кула е смета за едно од ремек-делата на архитектурата во светот.

Музејскиот комплекс „Бран“ во Романија, попознат како Замокот на Дракула, е на второ место на листата на списанието „Форбс“ на најскапи замоци во светот, а неговата вредност се проценува на 140 милиони евра. Страшниот забест мит минатата година на сопствениците од кралската династија Хабсбург им донел добивка од 1,2 милиона евра. И за компанијата што управува со комплексотчистата добивка е 1,2 милиона евра.

Комерцијализација на митовите, трагедиите и стравот, се конјуктурни теми и содржини што предизвикуваат силни емоции кај луѓето. Втемелени врз логиката и драматургијата на митскиот сензационализам, апокалиптичност и страв, во спрега со амбициите за профит и фрустрации на потенцијалните скромни транзициски потрошувачки, еве ја една од успешните формули како да се заработи.

Во деновите на празнувања, туристичките агенции во рамките на своите стратегии покрај стандардните дестинации нудат интересни аранжмани на места кои најпрвин сме ги запознале како филмски приказни. Една таква објава има секоја сезона и кај нашите агенции, посета на замокот на грофот Дракула, градот Брашов, Црната црква, дворецот „Пелеш“, најубавиот дворец во Европа и Букурешт.

Во духот на ваквите туристички трендови, следствено, според мислењета на извесни хипермодерни самопрогласени експерти, естети и центарот на Скопје станува интересна дестинација. Тоа е место во кој е направен криминал тежок 300 милиони евра за архитектурата порачана и наречена „Скопје 2014“,според мислења на некои од граѓаството грозоморен кич, дизниленд, културно историска перверзија, што ќе остане за потсмев на целиот свет.

Или, во Скопје, Република Македонија, со жртви и саможртви за, најблаго речено, непознати цели, од воените и мирнодопски порази, со славеење на терористи и убијци, со идентификување со Хунзите, Античките Македонски кралеви, филозофи, епископи, со градење на триумфални порти, каде што сите релјефи, споменици, градби се кражбa, историска измама, според драгите ни соседи, и го дестабилизираат востановеното историско паметење. Или нешто вака, можеби на некој Каспар Хаузер од дивината (така барем мислел доктор Франкенштајн, иако и во тоа се зафркнал!) можеш да му имплантираш „идентитет“ како крпеница од диво месо, кожи и конци (пачворк од Александар, црква, фонтана, ЈВС реклама, Самоил, Даме Груев, гипсени лавови и пластични лебеди, лавови, силикони, џипови, спотови, клипови, арматура, цименат, квадратура... ете, тоа се референтните мислења и информации за сопствениот „одвратен, грд“ град, кои упорно им се сервираат и на дојденци и на светот.

Одговорноста за стореното за идните генерации ја носиме сите и никој не смее да биде амнестиран од одговорност. Вината треба да се упати на вистинска адреса, а тоа не е ААМ. Оние што ги обвинуваат само архитектите нека погледнат во себе и околу себе. На некој начин ова мораше да ни се случи. Постои општествена и морална криза во се' - во образованието, науката, уметноста, здравството, спортот. Архитектурата не може да биде различна од времето кое го живееме - се дополнува „страшниот мозаик“ за Скопје и со мислењето на група компетентни суети.

Тоа е првата, најударна слика, таков е нашиот одраз во огледало, тоа е и таква е препорака да се дојде види и посети тоа „страшило, кич, историски пачворк, грдото Скопје“. Срочено и во континуитет, разгласувано по светот, низ социјалните мрежи, невладини и ини контакти, преставувања, нешто налик на забестиот мит за Дракула.

Арно ама, во изминативе пет години, Скопје е на прво место по бројот на странски посети во целата земја. Според податоците од Државниот завод за статистика, во Македонија лани дошле вкупно 351.359 странци, а речиси половина од нив, 134.217, го посетиле главниот град.

Со опслужени 88.922 патници минатиот месец и зголемување од 37,6% во споредба со октомври лани, скопскиот аеродром го обележа најголемиот месечен пораст изминативе неколку години. Како што соопшти ТАВ, бројот на воздухопловни операции се зголеми за 15,1%, со вкупно 983 полетувања и слетувања.

Всушност, бројот на странски туристи во Скопје, расте од година на година, во 2008 година таи знесувала 113.963 лица, а во 2011, 125.407. Најчести гости во градовите низ Македонија, регистрирани во 2012 година, се од Турција (50.406), Грција (43.976), Србија (36.530), Холандија (27.121), а потоа следуваат Бугарија (19.815), Хрватска (13.939), Албанија (13.412), Словенија (13.252), Германија (11.306). Неколку илјади туристи се регистрирани и од Австрија, Босна и Херцеговина, Италија, Романија, Косово и од други европски земји

Прашањето за етичноста на психолошки „деструктивни тури“ е прашање за експертите, но факт е дека на ваквите патувања ние, па и бројните туристи, најверојатно доброволно се согласуваме да бидеме вознемирени со илузија и естетски средства. На „трилер“ патешествие, какво што го нудат агенциите, несвесно ја скратуваме дистанцата кон митологијата, ја откриваме и запознаваме и „понаква историја“, при што несвесно се претвораме во дел од сублимираниот потенцијал на хиперреалноста

Токму поради тоа и ова писание, еве уште еден искрен „лајк“ од мене за проектот „Скопје 2014“. Идните генерации, убеден сум, ќе бидат горди и благодарни за овој редок благороден градителски напор.

(Авторот е публицист и режисер)

Статијата е прочитана 3710 пати.


Испрати коментар
Европски антиевропејци
Чекајќи го Балдесари
Конгрес на неписмените
Кој ќе вети прв мисија на Марс?
Прилеп, 25.11.2013 00:26:17
Тебе пријателе ти нема помош. Сакаш да кажеш дека туристите идат да ги видат лавовите, Симеон Радев, таткото на воинот на коњ, целиот оној кичерај од немерливи размери? Да, некој може и ќе дојде да го види сето тоа. Ама само за да се увери дека вистина биле приказните дека на планетава сеуште постои земја која не може (или не сака) да спроведе попис, но затоа нејзиниот лидер, пастирот ем диктаторот, направи карикатура и од државата и од историјата на неговиот народ. Е затоа идат странците, за ни се смеат!
cane sokolovski, 25.11.2013 00:33:24
Волкот останува волк, без разлика какво руно има. Точно е дека парижаните се бунеле за Ајфеловата кула, ама точно и е дека таа била ЕДНА, UNA, UN, ONE, EINZ, a кај нас беше инфлација на споменичарството невидена во историјата на 20 и 21 век. Ај да не зборуваме за уметничката вредност, бидејќи со вашиот огромен авторитет во оваа област немам шанси за споредба. Можеме ли да знаеме, а јас не знам, кој е процентот од БДП, што македонците го пратиле за ова ремек дело, во однос на пример на французите што го платиле за Ајфеловата или било кој друг што градел вакви (толку многу никој не изградил за толку кратко време-УСПЕХ!). Браво, каков успех во туризам. А колку има Албанија туристи? Не можеш сам со себе да се споредуваш! Ај сега вака-ПРВИ во самоубиства и фатални сообраќајки. ПОСЛЕДНИ во двоење пари за образование и наука ама пак ПРВИ во уметност. Алал да ни е! И сето тоа во услови кога сме полоши и во СЕ друго од светот околу нас. Не можевме да чекаме друго време? А односите со Грција?
zik, 25.11.2013 01:15:11
...скопје најнеинвентивен град од 2000 градови ...потоа не прогласуваат за една од најглупите нации...следно?голем придонес од ,,режисерот,, за ,,комплиментите,,...че умрат од завист рим, париз,лондон
petre, 25.11.2013 03:37:32
Ova mi lici na naracan tekst, posle kritikite vo SPIEGEL za kicerajot vo Centarot na Skopje............ili pa na APLA ulizuvanje na Vozdot Gruevski za nekoj poen ili nekoe vrabotuvanje od familijata na Aljosa........ Eh, Aljosa, Aljosa??? Ako site pceli pravea MED, medot ke bese badijala, ama............
Itar Pejo, 25.11.2013 06:41:29
Mene bas me interesira dali poslednive godini raste brojot na turisti vo Pristina? Kolku patnici ima godisno pristinskiot aerodrom?
Trevkata na Aljosa, 25.11.2013 06:45:02
Alosa Aljosa. Pa ti sosema si go izgubil kompasot. Demek imalo navalka na turisti za da go vidat Konjanikot, Filipa , Aminta i onaa triumfalna porta, a mozebi i Prometej i onaa bezdarlig od spomenici. A mozebi idaat za da vidat kako izgledat narodot so bronzena medalja vo svetot po glupost i prv po beda. koj ete ja pokazuva opravdanosta na ovaa medalja sto dozvoluva edni reziseri kako tebe , namesto da tvorat na svoe pole , pisuvaat gluposti i pamfleti sa Skopje 2014, za onaj mornar od Ohrid koj ja otkril Amerika so Kolumbo i taka so tie gluposti i upikuvanje vo zadnikot na vlasta, si ziveat kako bubreg vo loj. Aljosa kade ja nabavuvas trevkata sto te zanesuva vo vakov trans?
Васо, 25.11.2013 08:09:30
Да бе идните поколенија ке ни бидат многу благодарни кога ке го вракаат долгот за овој кич
Caki, 25.11.2013 08:15:13
A bre Cane otekovte vekje so toa kolku chinel proektot. Kako shto trgnalo , poleka kje se vratat parite vlozheni vo bronza koja znaeme ne se jade , ama od turistite kje imaat lugjeto profit , pa kje si kupat za jadenje! A grandiozniot spomenik na Aleksandar shto e UNIKATEN vo svetski ramki kje gi vrati mnogukratno site denari vlozheni vo nego! Jas znam deka Skopje NIKOGASH nemalo tolku turisti…..a deka doagjale da se smeat e najgolema glupost!!
Кире, 25.11.2013 08:44:07
Тој што го смислил насловот е болен човек.
meksikanec, 25.11.2013 09:18:15
Велите авторот е публицист и режисер.Јас ке додадам дека автотот нее ни едно,ни друго,туку нешто трето,што заради забеганоста,тешко можи да се утврди.Не би сакал да се надмудрувам со Вас пошто Прилеп,cane sokolovski i zik,детално ви објаснија,но бадијала е на глув да му се шепоти и на слеп да му се намигнува.Заради такви продадени души Битолскиот конгрес нее Битолски,туку Манастирски.Заради такви Ванчо Михајлов и Балистите се ослободители на РМ,а не партизанските борци, припадници на македонскиот народ и сите народности кои живееја во Република Македонија,предводени од КПМ, во склоп на заедничката антифашистичка борба на сите ЈУ простори.Ако се Вие срамите заради своето минато да го признаете,не ме спречувајте јас да се гордеам.Додека со Скопје 2014.се срамам и ке се страмам додека сум жив.Сватите,не само затоа што тоа е кич и не изложи на потсмев во светот,туку што тој за нас представува грабеж на столетието,кој ќе треба да го отплатуваат и неродените генерации.Ве прашувам зошто.
Uko, 25.11.2013 09:56:16
Zamisli, ajfelovata kula da ja stavile vednash do triumfalnata kapija, od sprotivata strana, ustaven sud, a okolu site zdaneija i na seto toa preku kapijata eden most za vlez vo sudot. Au, da zaboraviv, ne nejdov mesto za vrteleskata, no zatoa edno panoramsko trkalo na mostot se ke resese....Siguren sum deka paris vo toj slucaj ke imase poveke turisti
dedo dimo, 25.11.2013 10:16:50
Zik , vo pravo si deka nie sme najglupavite luge vo svetot a i so najpoveke diplomi vo svetot. A dali nekoj se prashahe porano koga zemavte Diplomi so potkupuvane.Djabe diplomi bez znaenje Za toa denes ne mozite napred da odite . Vo Makedonija denes zbog tie diplomi shto gi imaat nikoj ne raboti a polinjata lezat.Zalosno e shto ne mozi da se dokazi kolku od diplomiranite navistina zasluzuvaat DIPLOMA.
realist, 25.11.2013 11:33:13
Bravo za tekstot. Vo mnogu go delam mislenjeto na avtorot, kako covek koj ne stapmnal samo na severniot i juzniot pol i koj imal moznost da vidi mnogu gradovi na site kontinenti. Ubeden sum deka komentatorite se otrueni kontrasi, no toa e niven problem. Ocigledno ne go pominale ni Pletvar a kamoli nasata granica. Mozete da plukate kolku sakate no ce se otruete vo sopstveniot otrov. Skopje definitivno od edna selendra, zalici na grad i toa eden od poubavite vo svetot
srebre, 25.11.2013 12:47:30
ajfelovata kula e Edna avo sk ima iljadnici spomenici i sto ne gluposti...vo mkd i jas da imam vrski vo tia krugovi ce sum publist i reziser,vo mkd stanuvas toa kade imas golemi vrski a ako gi nemas kako mene stanuvas farmer ili bilo sto da ti pomine vremeto vo nekoja aktivnost i toa e toa.
ДРАКУЛА ЛИЧНО, 25.11.2013 13:21:31
Иронијата, сарказамот и хуморот се најекспресивни форми за изразување на новото време. Ме чуди што кометаториве (во најголем дел) не ја препознавааваат во овој одличен текст. Да се нема елементарно чувство за иронија, да се игнорира слободата на духот и фантазијата значи -да се водат јалови берберски, политикански оговарања-преку злобни-несуштински коментари. Секако не спорејки го правото-секој да има свое погрешно мислење.
Манастирит, 25.11.2013 13:34:16
Od takvi kako Aljosha, Mirka, Latas, Stavrevski i nim slichni bivshi komunisti i SDSM-ovci, a segashni vatreni patrioti i ideolozi na DPMNE, gubam kontrola na razumot, pa vleguvam vo neprimerni vodi, kade se naodjaat dr.prof.D.P.Latas, Milenko i *nashiot* Sashe, shto mi nikako ne sluzi na chest. No ete takov sum, zbuvnam na nesvatlivi gluposti, kako shto Aljosha gi ovde treska ili vece istoriskiot *Конгреси и Манастирит*, nevideni gluposti koi se ushte branat i falisat ili za seto toa, treti okrivuvaat. Epa dragi Aljosha, kamo sreca so tie pari, pokraj aerodromot, da izgradivme avtopatishta i zeleznica, so mnoshtvo moderni avtobuski i zeleznichki stanici kako shto e aerodromot (namesto ovie *turistichki* plashila), pa togaj ke videshe kolku turisti doadjaat. Da ne zboram kolku nam ni se neophodni, a gi nemame ili se za nikade. Aljosha, te molam, bidi razumen i prestani so ovakvi nebulozi. Pozdrav i sekoe dobro!
Aleksandrov, 25.11.2013 13:58:31
Do Itar Pejo, CaneSokolovski, prilepchanecot i meksikanecot. Odbor junaci shto plukaat po se shto e ubavo i za Makedonija. Placat deka ploshtadot e nagrden so toa sto e otstraneta najgolemata atrakcija farbarata Kenan, deka Klasikata e kich, a ochigledno nivnoto najgolemo umetnichko dozivuvanje im e koncertot na Ceca
Arhitekt, 25.11.2013 14:28:13
Gospodine Simjanovski, kako platen kolumnist koj bi trebalo da go kreira javnoto mislenje, smetam deka Vasa obvrska e da iznesuvate strucno i argumentirano mislenje za temata koja ja obrabotuvate. Bidejki Vie ne ste strucnjak od oblasta na arhitekturata, vasite gledista za Skopje 2014, se licni ne-strucni poradi toa ne argumentirani. Sporedbata so Ajfelovat kula e ne-sporedliva od pricini sto taa e gradena vo vreme koga prestavuvala vizionerski inzineriski potfat, dotogas neviden vo svetot. Za razlika od nego objektite vo Skopje 2014 se kopija-plagijat na objekti gradeni pred poveke vekovi. Koj ke dojde od stranstvo da *uziva* vo Skopskiot barok koga vo sekoja palanka na zapad gi ima vo original. Deka ne go poznavate gradeznistvoto ke Vi kazam deka cimenat (cimet) se upotrebuva vo slatkarstvo a so cement ptigotvuva beton.
Predlog do avtorot za idnite generacii, 25.11.2013 14:45:27
Na vrvot na Vodno da se izgradi eden zamok original kako od Drakula, a vnatre da se naseli... nekoj dobar soliden Drakula... I - navali, narode!!!
Ајван Доктор®, 25.11.2013 18:12:35
Аљо,треба да се запознае со тоа што е кич од стручна литература,а не од весници и патриотски бајки за деца!Тој најлесно се дефинира како нисковредно дело кое безуспешно се обидува да стане уметност и тоа најчесто му погодува на неразвиениот естетски вкус,каде поттикнатата емоција (кај нас-илузија на национална великост) е секогаш посилна од естетските норми!Ајфел (1889) изградил кула која е подвиг на човештвото!Тежи околу 10.000 тони,а на краците делува тежина од 4kg/cm² што е еднакво на тежината кога ќе седнете на столче!Нема да навлегувам во приказната која ќе му ја објасни на Аљо вредноста на овој градежен потфат!Замокот Бран (1377),нема никакви допирни точки со Дракула!Воспевајќи го Скопје 2014,по кој знае кој пат,авторот само си го докажува своето апсолутно непознавање на уметничките вредности и го истакнува својот перфиден примитивизам,обидувајќи се да ни го експонира како„префинет вкус“!Со одâва може да го стори тоа само кај нему сличните!
EU, 25.11.2013 18:51:40
Dokoga crn Aljosa, za korkice lep, ke izigruvas dvorski sut?
Оџата од Конче, 25.11.2013 21:13:12
Дефинитифно , и јас кревам раце од „режисерот“
DB, 26.11.2013 00:18:23
Неодамна ме прашаа како се преведува српското „не таласај“. Одговорив: „НЕ ЛАТАСАЈ“. Тогаш немав повод за алтернативниот превод: НЕ АЉОШИРАЈ!
Зевзекмен, 26.11.2013 00:32:10
ништо не му фали...ќе доваѓаат и грци да го видат коњот и патем ефтино да се Коцкаат. А и во Вегас има реплики од Антиката !!

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
9°СкопјеВреме
Претежно облачно
Пет9
Саб13
Нед11
Пон12
Вто13
НајчитаниНајкоментирани

Камерон избегнува голема кавга со Брисел
Кому уште му е потребна ОПЕК?
„Орелот“ на етничка дистанца од „сонцето“
    Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ