www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
01.03.2016, 16:22

„Скопски саем“ го продава имотот на кој требаше да никне град во град

На површина од околу 80.000 квадрати е предвидено да се градат станбени згради, деловни објекти, спортски игралишта, трговски центри, државни институции, паркови...

Деспина Трајковска-Димова



„Скопски саем“ го продава земјиштето на кое требаше да никне таканаречен „Град во град“, проект најавен уште во 2008, па актуализиран повторно во 2013 година. Но, и по толку години и на голема врата најавувани инвестиции, една од најатрактивните парцели во градот до ден-денес е само една огромна дупка. Вчера „Скопски саем“ огласи продажба токму на тоа земјиште со надеж дека конечно ќе се оствари замислата за малиот град.

Во објавениот оглас е наведено дека се продаваат околу 80.000 квадратни метри имот на „Скопски саем“ на влезот на саемот. Станува збор за четири парцели на кои е предвидено да се градат станбени згради, деловни објекти, спортски игралишта, трговски центри, има маркичка за објекти со намена за култура, државни институции, паркови....

Најмалата парцела е со површина од речиси 4.000 квадрати, една е поголема и има околу 9.000 квадрати, една е со без малку 10.000 квадратни метри, а најголемата парцела е со површина од речиси 55.000 квадрати. Генерално, во сите парцели објектите ќе можат да стигнат висина до четири ката, а во таа од 10.000 квадрати ќе биде дозволена изградба и на 10-катен објект.

По која цена се продава земјиштето, во огласот не е напомнато.

„Сите заинтересирани може да достават писмо за интерес. Со подносителите на прифатливи понуди ќе бидат започнати необврзувачки разговори заради утврдување детали околу продажбата. ‘Скопски саем‘ и ‘Саем инвест‘ го задржуваат правото да не разгледуваат ниту една понуда, односно да не започнуваат дополнителни разговори околу продажбата“, стои во објавениот оглас. Рокот за доставување на писмата е до 21 овој месец.

„Ова, всушност, е трета шанса за таканаречениот ‘град во град‘. На парцелите ќе можат да се градат сите наведени содржини што се планирани во претходните години. Во овој случај ќе може да се гради фазно, поточно потенцијалните инвеститори не се обврзани да ги купат сите четири парцели што се продаваат“, ни изјави вчера Дејан Кошутиќ, извршен директор во групацијата „Скопски саем“.

Инаку, уште во 2008 година беше најавено дека таму ќе се гради „град во град“ - содржини кои на едно место ќе ги обединуваат бизнисот, шопингот и релаксацијата. Инвестицијата ја најави сопственикот на плацот, „Скопски саем“. Но, кусо време по почнувањето на земјените работи, проектот и официјално беше откажан, наводно, поради светската економска криза. Во 2013 година, истиот проект, но со друг партнер-инвеститор, повторно беше најавен. Словенечката групација „Ера“ и меѓународната групација „Три гранит“ требаше за 3 до 4 години да го реализираат комплексот „Ера сити“ на површина од околу 16 хектари. Беше најавено дека ќе никне проект проценет на 130 милиони евра. Компаниите-партнери уверуваа дека „град во град“ ќе содржи три деловни објекти, шопинг-центар, забавен центар, две катни гаражи, хотел и енергетска станица.

Статијата е прочитана 2348 пати.


Испрати коментар
Болницата „Филип Втори“ од вчера во нов објект
Ќе се проширува патот од Волково до Кучково
Нов плоштад на улица „Пиринска“
Исфрлени 12 тони ѓубре од Теферич

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ