www.utrinski.com.mk
26 јуни 2017 12:20
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 16:28

ФОТО: Оган проголта три бараки на „Партизански одреди“ во Скопје



Нема жртви ни повредени во пожарот што во МВР бил пријавен во 12:30 часот.

ФОТО: Киро Попов


Три напуштени бараки, лоцирани на раскрсницата од булеварите „Октомвриска револуција“ и „Партизански одреди“ во Скопје беа целосно уништени од големиот пожар кој избувна вчера напладне. Станува збор за бараки во кои години наназад беше сместен Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и седиштето на Либералдемократската партија.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека пријавата за пожарот ја примиле во 12:30 часот, но оти увидот ќе започне откако ќе се создадат услови за тоа.

„Пожарот го пријавила совесна граѓанка. Она што можеме во овој момент да го потврдиме е дека во пожарот нема повредени лица и дека како превентивна мерка на безбедност сообраќајот беше пренасочен“, велат од Министерството за внатрешни работи и притоа потврдуваат дека пријавата за големиот пожар ја примиле од граѓанка.



Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје потврдија дека пожарот е локализиран и дека нема опасност од негово натамошно ширење. Во гаснењето на пожарот учествувале 30 пожарникари, а помогнале и екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

За последиците од пожарот се огласи и Општина Карпош. Општината изразува искрено жалење за пожарот што избувна на нејзина територија, а во кој изгоре поранешниот Завод за урбанизам и архитектура на Скопје, (ЗУАС) кој е во стечај.

„Со ова заминува дел од историјата на Град Скопје, макети од значајни објекти, проекти и урбанистички планови. Симптоматично е што пожарот многу брзо се ширеше и затоа Општина Карпош бара од Министерството за внатрешни работи, службата за Противпожарна заштита да направи темелна истрага за причините за пожарот“, велат од Општина Карпош. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 997 пати.


Испрати коментар
Горат бараките карши Педагошка
Ученик нападнал наставник во училиште во Гостиварско

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
26°СкопјеВреме
Сончево
Пон30
Вто33
Сре35
Чет37
Пет37
Саб38
Нед30
Пон27
Вто26
Сре27
НајчитаниНајкоментирани
 
Индексот за бизнис климата во Германија урива рекорди
Шулц во борба против ветерници
Муслиманите го прославија Рамазан Бајрам
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ