www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
13.12.2007, 18:41

На местото на „Алумина“ ќе никнат трговски центар и хотел

Израелци ја купија фабриката преку холандската фирма „Џи Недерландс“ за 19 милиони евра


„Газит глоуб“ нема обврски да ја рестартира фабриката и да ги врати на работа вработените во „Алумина

АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА

На просторот на згаснатата скопска фабрика за профили „Алумина“ ќе никнат луксузен хотел, трговски центар и деловна зграда. Ова се дел од плановите на израелската фирма „Газит глоуб“, која го купи некогашниот гигант за алуминиумски профили преку холандската фирма „Џи Недерландс“, чиј сопственик е Израелец кој компанијата „Газит глоуб“ ја има регистрирано и во Холандија. Вкупните најавени инвестиции во државава се 100 милиони евра.

Стечајниот управник на „Алумина“, Ацо Дамчевски, потврдува дека имотот на фабриката го купиле Холанѓани. „Купувач на ’Алумина‘ е холандската фирма ’Џи Недерландс‘ за 19 милиони евра“, вели Дамчевски. Тој не сакаше да каже што ќе се случува понатаму со „Алумина“, потенцирајќи дека негова службена должност единствено била продажбата на имотот.

„Во тендерот стоеше дека се продава само имотот на ’Алумина‘, без никакви други обврски. Што ќе се случува понатаму со фабриката, ќе одлучува новиот газда. Деновиве чекаме да бидат уплатени парите и да биде потпишан договорот за продажба со купувачот“, вели стечајниот управник на „Алумина“.

Откако ќе бидат уплатени 19 милиони евра, најнапред ќе бидат исплатени хипотекарните доверители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а последни ќе бидат исплатени вработените.

„Алумина“ имаше околу 700 вработени, кои очекуваат од парите на продажбата да бидат намирени нивните плати и придонеси. „Газит глоуб“, според тендерската документација, нема обврски да ја рестартира фабриката и да ги врати на работа вработените во „Алумина“.

Според Кабинетот на министерот за привлекување странски инвестиции, Глигор Ташковиќ, „Алумина“ е продадена на израелска фирма, која на конкурсот настапувала преку холандската „Џи Недерландс“.


Ултрамодерниот трговски центар што „Газит глоуб“ го изгради во финскиот град Тампере

„Газит глоуб“ за израелските медиуми соопшти дека планира да изгради трговски центар со површина од 60.000 квадратни метри, а заедно со хотелот и зградата со канцелариски простор, објектите ќе достигнат 90.000 квадратни метри. Со ваквите деловни планови, наместо за производство, како во минатото, во иднина локацијата ќе послужи за изградба на уште еден услужен комплекс во земјава. Според пазарната вредност, „Газит глоуб ЛТД“ е втора најголема компанија за неподвижен имот во Израел.

„Компанијата со седиште во Тел Авив купи локација со големина од 4,2 хектари преку нејзината единица ’Газит глоуб Израел ЛТД‘, која планира да инвестира 100 милиони евра во проектот“, посочи „Газит глоуб“ во средата во соопштението до Берзата во Тел Авив.

Во соопштението се додава дека комплексот ќе вклучува околу 150.000 квадратни метри. Покрај комерцијалниот центар, компанијата ја разгледува и можноста за изградба на две кули во кои ќе бидат вклучени канцеларии и хотел. „Договорот со Македонија е природна прогресија на нашите проекти во Бугарија“, изјавил Ронен Ашкенази, извршен директор на „Газит глоуб Израел“.

„Газит глоуб“, кој е специјализиран во трговските центри и сместувања за постари лица, поседува околу 477 имоти во САД, Канада, Европа и Израел.

Компанијата соопшти дека планира следните пет години да изгради меѓу 15 и 20 трговски центри во Бугарија.

„Газит глоуб“ е најголемиот акционер во финскиот „Citycon“. Тој оперира во САД преку „Equity One“, од која поседува 40 проценти, и во Канада преку „Capital Reality Inc.“, од која поседува 54 отсто. Во Северна Америка оваа компанија поседува пет фирми кои се под директна контрола на бордот директори, додека во Европа, покрај во матичната земја, свои претставништва има во Финска, Германија и во Бугарија.

Статијата е прочитана 3987 пати.


Испрати коментар
Добрите вести од Македонија доаѓаат предоцна во ЕУ
Оли Рен бара нова работа во Унијата
Швајцарците обвинети за уцена околу донацијата за Пелистер
Груевски во убедувачка мисија во Брисел
Милошоски во Вашингтон разговараше за НАТО
Во февруари стартува изградбата на „Џонсон Мети“ во „Бунарџик“
Mirce, 14.12.2007 00:38:20
Bravo za Ministerot Taskovich, vaka se raboti.
   86 |   64
Filip, 14.12.2007 03:13:30
Opa Bato Niknat investicite.Za drugata godina nikoj nema da prasa kade odat parite od reklamite sto gi trosela vlasta.Trpenie spasenie.
   72 |   85
Srebrena Reka, 14.12.2007 03:39:26
A be kolku ste naivni. Se sto gledate i citate eIzrailjevo. Od ;ABS ,NBS, CBS.,Nu Jork Tajms ,Vasington Post ,Nu Jork Stak Ekscenc, Vol Strit Zurnal. Vorld bank, Trezori Bank, Reserv Bank.,Cel Mahnatan.A be Glavni grad nee povece Vasington, tuku Erusalim i Tel Aviv. Ne se Sekiraj Bratko Ovoj Taskovich e samo ; Front Face.
   112 |   75
mene, 14.12.2007 06:54:00
Prichekaj so bravoto.Siti sme od belosvetski prevaranti...Negotino,Hach,hotelite kaj Ramstor,
   76 |   86
Od Ankica, 14.12.2007 08:43:34
Sramota Alumina e prodadena a vrabotenite na ulica.
   87 |   97
mrs2007, 14.12.2007 10:40:00
Mногу простор за сомневање,како прво стечајниот е веднаш унапреден на уште подобра работа за стечаен во македонска значи многу добро ја изиграл,во тендерот требало да стои дека се продава фабрика со сите машини со придружни објекти,а не дека се продава многу атрактивна локација,како и се досега тендерите се направат по терк,срамота еден ден ке се види кој ги водел работите по погрешен пат,ама за зал касно ке биде да се исправат грешките на нашите боси менаџери
   93 |   73
Мажот, 14.12.2007 12:39:13
Таа локација заслужува таква градба. Сепак тоа е центар на Скопје. Само начинот на кој е купена е сомнителен.
   91 |   107
aluminec, 14.12.2007 15:10:16
kolku pati e prodadena Alumina i na kolku luge, ni samata vlada ne znae.koj e gazda ce vidime,jas znam imam akcii se nadevam se vredni
   78 |   91
NFAR, 14.12.2007 16:53:29
Голема работа да се продаде таа локација. Тоа можеше да го направи и мало дете. Работата беше да се продаде фабриката и да се рестартира производство, да се отворат нови работни места...Државата ќе имаше многу поголема корист, а вака само некои поединци.....и за на крај да се фалат дека носеле инвестиции. Врска немаат и овие!
   89 |   67

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ