www.utrinski.com.mk
27 мај 2017 13:47
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 17:01

Дипломатите бараат да запре незаконското пополнување на амбасадите

Станува збор за распишаните дваесетина интерни конкурси за распоредување кадри во македонските дипломатско-конзуларни претставништва, при што на списокот се и тие во кои веќе се пополнети вторите позиции, како Вашингтон, Лондон, Париз и мисијата на НАТО во Брисел

Синдикатот на македонската дипломатска служба повика уште еднаш да престане незаконското испраќање на партиски кадри во амбасадите и претставништвата во странство додека Македонија е со техничка влада, бидејќи според нив не се работи за ургентна потреба ниту за редовна смена во повеќето од нив, туку за нивно удомување во пресрет на очекуваната промена на власта.

Станува збор за распишаните дваесетина интерни конкурси за распоредување кадри во македонските дипломатско-конзуларни претставништва, при што на списокот се и тие во кои веќе се пополнети вторите позиции, како Вашингтон, Лондон, Париз и мисијата на НАТО во Брисел. Од дипломатската служба посочуваат исто така на мислењето на Антикорупциската комисија дека од денот на донесување одлука за распишување избори, па се' до изборот на влада постои „законска пречка да се врши распоредување и унапредување на лица вработени во органите на државната управа“.

Претседателот на дипломатскиот синдикат Сашко Тодоровски изјави дека во време на политичка криза нема потреба од испраќање на урегентни дипломати во ДКП-а кои и онака се кадровски добро покриени. Додава дека Синдикатот е заобиколен во постапката и предупредува дека тоа е дел од една смислена тактика за злоупотреба на дипломатско-конзуларните претставништва, која би можела да продолжи и во иднина.

Реакцијата на дипломатите беше одговор на вчерашното соопштение од МНР, во кое беше истакнато дека испраќањето на дипломатски претставници во македонските ДКП-а е во согласност со законот, а тврдењето за партиско удомување на кадрите беше наречено „инфантилно и перфидно“. Некои од новинарите што присуствуваа на прес-конференцијата на дипломатската служба се обидоа да му прикачат на претседателот на синдикатот, Тодоровски, политичка амбиција со сугестија дека реакцијата е напишана во партиски штаб, на што добија реципрочен одговор - дека таму им се напишани прашањата. Нивниот настап беше на линија на тврдењата на МНР дека „неколку лица со нескриени политички амбиции се затскриваат зад насловот Синдикат на македонската дипломатска служба“. Фактите во МНР пак говорат дека бројот на дипломатите се зголеми трикратно откако ВМРО-ДПМНЕ ја предводи власта, дека бројот на професионални дипломати во амбасадите од две третини спадна на една, дека МНР практично и не води надворешна политика бидејќи политиката на ВМРО-ДПМНЕ е дипломатска изолација и дека како никогаш порано имаше скандали во амбасадите, мисиите и конзулатите и тие функционираат како партиски штабови, што најмногу се виде за време на изборите. (С.Ј.)

Статијата е прочитана 933 пати.


Испрати коментар
СДСМ
Груевски, Ахмети и Заев влегоа во политички лавиринт
Џорџ Сорос следната недела во посета на седиштето на ЕУ
Кукан гледа сериозна политичка криза во Македонија

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
21°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб22
Нед20
Пон22
Вто24
Сре26
Чет28
Пет27
Саб26
Нед27
Пон26
НајчитаниНајкоментирани
 
САД: Рамазански апел до муслиманите
Дебата во Бугарија: ќе ја биде ли Македонија?
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ