www.utrinski.com.mk
26 април 2017 02:23
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 15:40

Личната драма „Реквием за госпоѓа Ј“ го отвори 20. Скопски филмски фестивал

Во „Милениум“ пред публиката се поклонија актерката Мирјана Карановиќ, која ја толкува главната улога во филмот, и режисерот Бојан Вулетиќ

Наташа Илиевска-Таневски

Во киното „Милениум“ вчеравечер со прикажување на српско-бугарско-македонско-руската копродукција „Реквием за госпоѓа Ј“ во режија на Бојан Вулетиќ се отвори 20. издание на „Скопје филм фестивал“. На проекцијата, пред публиката продуцентот Томи Салковски од „Скопје филм студио“ претстави дел од македонската екипа која работела на филмот, а како гости на прикажувањето на бината се искачија и познатата српска актерка Мирјана Карановиќ, која ја толкува главната улога во филмот, но и режисерот Вулетиќ.

„Реквием за госпоѓа Ј“ е психолошка драма во која главната јунакиња се бори со депресијата, тагата, осаменоста и желбата за самоубиство која ја обзема по смртта на сопругот. Нејзината болка и безизлезноста која ја чувствува се проектира во атмосферата која владее во општеството во кое живее: транзицискиот период во кој стариот социјалистички систем се распаѓа, а предизвиците кои ги носи новиот се тешки за совладување кај поголем дел од луѓето кои своите животи ги поминале со други вредности. Тоа визуелно моќно е претставено преку запустените и пропаднати фабрики и очајните стечајци од кои државата кренала раце, неефикасниот и корумпиран здравствен систем, неуплатените, пропаднати и незаверени стажови на работниците за кои тие работеле долги години, растурените домови во кои различни генерации живеат заедно, но со искажување на посебен револт кон личната несреќа, тага и загуба. Одличната глума на Мирјана Карановиќ ја носеше таа тешка и задушувачка атмосфера која од ден на ден (од понеделник до петок) прогресираше за да кулминира со некаков излез. Вреди ли да се живее во време во кое ни старите ни младите не можат да видат иднина, во општество кое никако да излезе од транзиционен период, е она прашање кое треба да си го одговорат протагонистите во филмот. Во филмот, покрај Карановиќ, настапуваат и Јована Гавриловиќ, Даница Недељковиќ, а мали, но забележителни улоги остваруваат и Мира Бањац и Срѓан Тодоровиќ.



Пред проекцијата на „Реквием за госпоѓа Ј“, режисерот Вулетиќ, кој е и негов сценарист истакна дека „она што го инспирирало за филмот е извесна ситуација што се случила во Белград“.

„Ми се чини дека сепак таа е универзална, а не само нешто што го живеат моите познаници во Србија, туку и пошироко во регионот. Тоа е депресијата, но раскажана на еден духовит начин. Таа е некоја универзалност која е инспирирана пред се' од некои лични искуства и познанства со одредени луѓе од мојата околина“, изјави Бојан Вулетиќ посочувајќи дека „тоа е приказна за четири жени кои се обидуваат да надминат некои проблеми на духовит начин“. „Верувам дека тажното без смешното не оди, а животот секогаш е комплексен, тој е трагичен и духовит, и тоа ни дава сила да продолжиме понатаму и да постои некој оптимизам“, додаде режисерот.

„Утрински“, пак, пред прикажувањето на филмот имаше можност да ја запраша и Мирјана Карановиќ за нејзиното мислење за ликот кој го остварува. „Јас играв лик на жена која пред една година го изгубила сопругот и која не може да премине преку тоа дека останала сама. Таа не знае како да продолжи со животот“, истакна Карановиќ посочувајќи дека „транзицијата и проблемите што го прават нејзиниот живот се само некој вид сценографија за нејзиното лично неснаоѓање во животот“.

„Постојат луѓе кои наоѓаат сили и начини да преживеат разни падови и турбуленции и успеваат да се прилагодат, а има луѓе како што е госпоѓа Ј. кои просто ја немаат таа сила да се прилагодат на времето. Има луѓе кои не можат сами да живеат, а времето во кое живеат воопшто не им помага“, ни истакна Карановиќ посочувајќи дека „ликот кој го толкува е веќе во години и дека се она што госпоѓа Ј го имала во животот како поткрепа исчезнало, така што таа самата се доживува како товар, и за себе и за другите“.

„Тоа е лична приказна и е еден вид метафора за едно време и за многу луѓе кое го доживуваат тоа на сличен начин како и госпоѓа Ј“, заврши познатата актерка.

Статијата е прочитана 1734 пати.


Испрати коментар
Успешна изведба на „Дениција“ во Брисел
Светскиот ден на книгата и авторското право одбележан во НУБ „Св. Климент Охридски“
„Плакати“ од Михајло Арсовски на изложба во МСУ
Харлан - „Кјубрик најмногу се интересираше за политиката“
Фестивалот на монодрама Битола од 5 до 9 мај
И „Лолита“ на Скопje филм фестивал
Екипата на „Ах, љубов моја“ се поклони во „Милениум“
Светот се' уште е „гладен за книги“
Александар Поповски во жири за 62. „Стеријно позорје“
Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
Во Брисел со „Дениција“
„Европејци“ – на сцените во Тетово и Скопје
МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“
Родниот Штип го чествуваше Ацо Шопов
Дела од „Михајлово“ на изложба во Прилеп
„Ах, љубов моја“ премиерно на Скопски фестивал
Предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона
Конференцијата „Книжевноста и Библијата“ во МАНУ
Алаѓозовски на меѓународната конференција „Културата меѓу параграфите“

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
11°СкопјеВреме
Ведро
Сре24
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон20
Вто21
Сре21
Чет20
Пет19
НајчитаниНајкоментирани

Успешна соработка со партнерите од Западен Балкан
Стандард: Иванов ја води Македонија во хаос
Атомска подморница на САД во јужнокорејско пристаниште
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ