www.utrinski.com.mk
30 август 2016 20:42
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
24.04.2015, 18:46

Реплики

Македонија убиец на мигранти

Соња Крамарска

Она што сметам дека Македонија може да го направи за да им помогне на кутрите мигранти е барем да ги означи критичните темни и непрегледни места на пругите. Нека светат по цела ноќ, онака премиере, како што светат спомениците и светилките на мостовите во Скопје

На железничката пруга Велес-Скопје, на околу два километри од железничката станица, во четвртокот вечерта се случи ужасен настан. Возот што сообраќа на линијата меѓу Гевгелија и Белград удри во поголема група мигранти и усмрти 14 од нив, повреди петмина, а другите беа преплашени исто така до смрт. Четиринаесет очајни луѓе, во потрага по безбеден дом, го завршија животот на пруга во држава на која којзнае дали и' го знаеле и името, со унакажени лица, без раце и нозе, со стркалани глави кои се единствениот личен имот на групите што бегаат пред воените ужаси и сиромаштијата во нивните земји. Мигрантите беа од Сомалија и од Авганистан.

Овој хорор од настан не може да не' остави рамнодушни и да не не' натера да прашаме: мора ли да биде вака? Што е со хуманоста, што е со правата на луѓето, па макар тие да се и илегални минувачи? Дали Македонија, а и светот се толку преокупирани со самите себе за да замижат пред едни такви трагедии.

Јас не сакам мојата земја да биде означена на мигрантската рута како потенцијален убиец на недолжни луѓе, оние кои не можејќи повеќе да ги поднесат бедата и очајот во своите земји, ги земаат со себе последните пари што ги имаат, последната храна од фрижидерите и креденците, малку облека и се упатуваат во светот со надеж дека некој ќе ја разбере нивната болка и ќе им помогне да си изградат пристоен живот.

Но очигледно светот се покажа потврд и понехуман отколку што мислевме дека е. Излезе дека илегалните преминувачи на границите се глинени гулаби за отстрел, лица кои можат да бидат фрлени во морето или нивното движење, тој очајнички последен чекор кон слободата, да биде пренасочен кон смртта. Намерно или ненамерно, сеедно. Она што сметам дека Македонија може да го направи за да им помогне на овие кутри луѓе е барем да ги означеше критичните темни и непрегледни места на пругите. Нека светат по цела ноќ, онака премиере, како што светат спомениците и светилките на мостовите во Скопје. Вистина, мигрантите не се гласачи на изборите во Македонија, но пак убаво е чувството да знаете дека во некој момент на некое незнајно место сте придонеле да продолжи еден човечки живот наместо да згасне.

Билансот на мигрантски жртви во Македонија е прилично црн. Најцрн беше во ноември кога речиси секој втор или трет ден се слушаше чкрипењето на кочниците на возовите и придушениот удар кој значеше неизбежна смрт. На 2 ноември на пругата кај Неготино загина 56-годишен Сириец, а еден ден пред тоа 20-годишен Авганистанец. На 5 ноември загина 25-годишен Авганистанец. На 10 ноември загина уште еден мигрант чиј идентитет не беше ни утврден. На 14 ноември загинаа двајца браќа од Сирија. Црната рута го зеде својот данок и во јануари кога повторно загина мигрант на пругата кај Гевгелија. Само во април нашите власти открија 60 мигранти во возот што сообраќа од Гевгелија кон Скопје.

Македонските власти треба да се позанимаваат со овој проблем. Ова нечовечко гинење, ладнокрвно пребројување на жртвите и кревање на рамената не доликува на држава во 21 век. Италија и Грција, на пример, веќе водат истраги за тоа дали во гинењето на мигрантите се вмешани и нивни државјани кои им ги земаат последните пари на кутрите луѓе, ветувајќи им дека ќе ги преведат по безбедна рута. Јас не верувам дека бегалските одреди на маршот кон смртта одат со гугл-мапи в рака за да видат во кој правец е Куманово, односно премините кон Србија. Многу е пологично мислењето дека некој ги презема од границите и им ветува дека ќе ги води, а потоа ги остава на милост и немилост. Верувам и дека голем број незнајни мигранти завршиле претепани и ограбени на нашите простори, на педесетина километри од главниот град, а ние не сме ни биле свесни за тоа, а и кога сме, најлесно ни е да ја свртиме главата и да ги препуштиме на нивните несреќни судбини. Впрочем, печалењето на туѓа мака не е ништо ново ниту на овие простори, а ни на други места во светот.

По смртоносната пловечка рута од Северна Африка кон Италија по Средоземното Море, рутата Грција – Македонија – Србија е втората рута по важност која ја користат несреќните бегалци за да си го исполнат својот сон за мирен живот. Можете да замислите колку им е голема болката во нивните земји, штом се решаваат на ризичен пат и покрај секојдневните вести за превртени пловила на Средоземното Море полни со мигранти и за други несреќи во кои гинат нивните сонародници при бегството од нивната земја. Според Фронтекс – агенција на ЕУ која им помага на државите да ги јакнат границите, во 2014 година на балканската мигрантска рута се нашле 43 илјади бегалци, што е речиси двојно повеќе отколку во 2013 година. Проблемот ескалира во 2015 кога само во првите два месеца рутата ја поминале успешно 22 илјади бегалци, стигнувајќи во Унгарија.

Македонија еднаш веќе беше црна вест во светот, кога шестмина мигранти беа убиени од македонските полициски сили во 2001 година, во околината на Куманово. Некои од информациите одат и дотаму што се тврди дека тие биле застрелани намерно за потоа да биде режирана приказна за големи дострели на државата во борбата против тероризмот. Таа верзија, колку и да звучи неверојатно, е прифатена и од некои други држави, што само го засилува впечатокот дека Македонија не може да се пофали многу со хуманост дури и кога се во прашање несреќни судбини на луѓе од разни краишта на светот.

Секој нормален човек треба да биде тажен над последниот настан во кој експресниот воз 334 на патот од Гевгелија кон Скопје и Белград прексиноќа не успеа да закочи навреме и да им даде можност на 14 несреќни души од Авганистан и од Сомалија да се обидат да си изградат живот надвор од воената пустош и сиромаштија присутна во нивните земји. Меѓу мигрантите неретко има и интелектуалци, образовани луѓе, впрочем мирољубивите луѓе најчесто и се решаваат на бегство од своите земји додека преостанатите талкаат меѓу завојуваните страни и ликвидираат луѓе по нарачка, се придружуваат кон пљачкањето и малтретирањето на своите сограѓани, за малку пари колку да се прехранат и да се облечат. Мигрантите се чесни луѓе, инженери, доктори, шивачи, бербери, возачи, да не го заборавиме тоа. А ние ги третираме како последни криминалци.

За волја на вистината, тоа е хуманитарна катастрофа од светски размери во која Македонија влезе не по своја вина. Но кога веќе како држава се најде на смртоносната рута, ги повикуваме нашите власти да сторат се' што е можно за да им го олеснат на несреќните бегалци патот кон избраните дестинации. Или барем да ги отстранат сите можни причини кои наместо кон целта ги водат кон смрт. Тоа е најмалку што може да се направи, но истовремено и најмногу затоа што спасува човечки животи. Не можеме да градиме хумано општество ако на секој чекор гледаме докази на нехумано и однесување.

Статијата е прочитана 7845 пати.


Испрати коментар
Москва на нашата линија на огнот
Нов договор за Грција
Како да ја избегнеме руската стапица
Azil, 25.04.2015 06:23:38
Interesantno e sto balkanskite lazni azilanti (pretezno Romi)bez problem odat vo zapadnite zemji na prezimuvanje,a ponekoi ostanuvaat tomo za sekogas,a pravite azilanti nemozat ni zivi da stignat do zapadnite zemji.Toa e taja nasa humana Evropa,za nekogo met i mleko,a za nekogo pekol!.
   211 |   200
Don Kornishon, 25.04.2015 06:35:34
Sonja svesna li si stozboris? Da se osvetlele kriticnite premini na prugite.Pa migrantite odat v dolz prugata odGrckata granica do Srbija.Spored tebe treba da se osvetli celiot tek na prugata za da migrantite bidat bezbedni. Askol sum za tvojot rezon, perfekten e nenma sto. Se znae, vakvata sostojba so migrantite kriva e megjunarodnata zaednica. Ama za tebe Sonja vazno e da se kritikuva Vladata, makar i za vakvi bizarni temi. Slobodoumno novinarstvo, nema sto.
   223 |   222
svet, 25.04.2015 08:00:31
Dobar den -da nemas nisto covecko i bozansko vo sebe pa da ne komentiras na vakva kolumna ,zalosno ,a vie narode MK kade ste preokupirani so politika ,a za praznicite se falite vernici ste ,hristijani ili muhamedani ,eden avtor veli:ne bidete hristijani bidete Hrist ,ne bidete muhamedani bidete Muhamed i ...site sme lugje site primame zivot od ist izvor , zatoa dajte go glasot barem nekoj znak da se stavi pokraj prugata ,ne e toa milioni evra ,ne se znae sto utre sekogo od nas ceka ,nema sto da se kazuva se e kazano vo klumnava ,samo APEL do nadleznite da se osigura prugata so znakovi na opasnost!
   224 |   214
MISHKO, 25.04.2015 08:01:20
Тука поради морбидноста на ситуацијата со загинатите ,ќе бидам краток.Ова дека ,,Македонија е убиец,,го доживувам како,,уби ме прејака реч,,Оти ако ние сме убијци што се западните демократи,кој со извозот на демократијата во Либија и др.земји направија смртоносен егзодус.Второ какви се западнати земји кој дозволија давење на иљадници и иљадници бегалци,во која категорија да ги сместиме.Далеку подобро е да се позабавиме коментаторски со причините зошто имаме крвави егзодуси, одколку да расправаме за последиците од она што некој друг го направил несомнено сакајќи.Оти со одстранување на причините,ќе ги немаме последиците.
   168 |   179
milan, 25.04.2015 09:29:54
Toj shto ne e human prema sopstveniot narod, ne ochekuvajte da bide prema tugiot.
   207 |   185
meksikanec, 25.04.2015 10:16:46
Страотна трагедија од најголем вид во која,ние како држава не сме без вина и одговорност.Зата доколку не можеме да го спречиме нивниот влез во земјата,бегајки од неизвесноста,подобро би било да се направи некое прибежиште на северниот дел од државата,па од таму да го решаваат преостанатиот дел од судбината,одколку да ги убиваме по пругите.
   167 |   188
dobar den - do *humanistite*, koi sakaat problemite da gi rešavat drugite, 25.04.2015 13:09:41
Humanizam e ubava rabota,samo ako trošocite i problemite se na tugji grb.Citiram od *Skopje mora da go spasime*,vidi pod text za nesrekata:*Na ovie lugje da im se pomogne živi da ZAMINAT OD MAKEDONIJA*.Pa toa-li e vašiot HUMANIZAM? Pomognete im VIE,zemete si gi doma,hranete gi, trudete se,da im bide ubavo,*ubavo* i so vašata kerka ili vnuka-bidete humanist!!Citat od komentar *svet* pod ova kolumna: *.. zatoa dajte glasot barem NEKOJ ZNAK da se stavi pokraj prugata..*.So ZNACITE pokraj prugata VIE sakate da dokažuvate vašiot HUMANIZAM?!Za g-gja Kramarska:se slagam,deka megju imigranti ima česni lugje,za toa vi velam:prifatete gi vo MK,obezbedite im sve, pomognete im,da si gi povlečat familiite a ako ke pobarat,oti ke bidat sve povekje i povekje,otstapete im ja kukata:neli ste HUMANISTI!Vie Makedoncite i Albancite,stotici godini vo edna država,ne ste kadri da se sakate,počituvate i družite,a kamoli da prifatite nekogo od Asia ili Afrika! LICEMERIE prva klasa!,počituvani *HUMANISTI*!
   179 |   185
Трпе, 25.04.2015 13:54:03
Совеста на нашата власт е на толку ниско ниво за сопствените грагани а не пак да се грижат за странски човечки суштества.Нашата власт уште како носи вина за овие жртви што се случуват во нашата земја.Наместо да замижат и овие мирни луге дење да ја поминат двеста километарската државичка тие секојдневно се фалат дека спречиле толку и толку имигранти мирно да ја поминат ова рута апсат и наши грагани кои за живот на своето семејство ризикуват да ги транспортират до српската граница.Сеуште не ми е јасно дали тоа го прават за да се фалат во европските земји дека нешто направиле да не стигнат емигрантите до нив или пак тоа го прават за доброто на нашите мигранти овие да не им го земат местото во белиот свет а власта да се ослободи од социјалата.
   203 |   196
Do koga vaka, 25.04.2015 19:51:55
Tie vasite demokrati gi bombardira i hemisko gi unistuva i ne mu dozvoluvate da dojdat vo demokratijata.
   166 |   222
SKOPJE MORA DA GO SPASIME, 25.04.2015 23:49:00
Ovie jadni begalci koi ja napushile rodnata zemja ,ostavjki ja zad sebe,familijata onoa malku shto poseduvale i golem del od svoite spomeni,mislat deka odat na neshto podobro. Toa barem ne e zabraneto,da sonuvaat ! Koj od nas nemal son za podobar zivot, neka gi osudi ovie nesrekni lugje koi svoite sonishta gi zavrshija na prugata Gevgelija-Skopje kade rsparcenite tela, sé ushte sluzat kako spektakol na vozot sto prminuva. Da ,*Don krastavice*Sonja e vo pravo; da se stavat shto poveke svetleki znaci, za da ne se*izgubat* po patot na smrtta,za da ne go nosime greot i nie, dodeka nashata Vlada,zaglavena vo planovi kako da im prkosi na zelbita na svojot narod, ne napravi NISHTO, za da stignat zivi i zdravi vo* vetenata zemja*!Ima nacini da im se pomogne ako se saka! P.S.MISHKO,ovoa nema nishto so Branko Millkovic,nego go *ubi prjateljska rec,* a ovie jadnici, nashiot egoizam, gledanje vo sopstveniott papok,a tie tvoite, sega mislat kako da si ja spasat sopstvenata kozza.Ne im e lesno
   143 |   182
Jas, 26.04.2015 14:45:34
Никој не прашува од каде тоа колони по стотици мигранти влегуваат во МКД како да е ова некоја недефинирана територија, никој не прашува дали некој воопшто и ја обезбедува државната граница, макар и делумно, се е префрлено на нешто што е само колатерална штета на суштинските проблеми. Па ако беше обезбедна соодветно државната граница, веројатно ове луѓе немаше да влезат, или дел од нив и сл, групди од преку сто луѓе има некој нормален па да праша што се случува? Како воопшто се нашле таму каде загинале, под кои околности е клучното прашање, а тек пото безбедноста на железничката пруга која по ниту еден основ не е наменета за движење на луѓе, нека им е лесна земјата, нашле кај да поминат.
   206 |   156

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии
Најнови вести
27°СкопјеВреме
Ведро
Вто31
Сре30
Чет29
Пет28
Саб29
Нед28
Пон29
Вто27
Сре28
Чет26
НајчитаниНајкоментирани

Епл мора да доплати рекордни 13 милијарди евра данок
Казна без вина
Кој го памти „Црниот понеделник“?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ