www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
08.10.2015, 12:24

ОБНОВЕНО: Во Прилеп почина тригодишно дете

Родителите се сомневаат дека девојчето било затруено со храна и починало поради лекарска грешка, бидејќи не било задржано во болница, иако леукоцитите му биле 20.000

Моника Талеска


Прилеп - Тригодишно девојче од Прилеп починало утрово, ден откако матичниот лекар го упатил на дополнително лекување со симптоми на труење во инфективното одделение од прилепската болница. Ова го тврди семејството Ќазимоски. Детето пред два дена јадело сендвич во една прилепска сендвичарница во центарот на градот, по што добило симптоми на труење, а родителите вчера побарале лекарска помош. Дежурниот инфектолог, по направените лабораториски анализи, оценил дека девојчето треба да биде испратено на домашно лекување.

„На детето му бил даден сируп и препорачана диета, а леукоцитите биле над 20.000. Затоа и семејството реагира, зошто и при ваква здравствена состојба девојчето не е задржано во болница“, велат од невладината организација РОМА С.О.С.

Од прилепската болница информираат дека случајот е пријавен во прилепското Основно јавно обвинителство.

„Детето мртво е донесено во 7.40 часот во четвртокот изутрина. Известени се Обвинителството и Министерството за здравство. Од Обвинителството е издаден налог за обдукција, а е формирана и комисија која ќе го испитува случајот“, кратко информира Петар Ристески, директор на прилепската болница.

Од Основното обвинителство потенцираат дека е побарана обдукција врз телото на девојчето, со цел да се утврдат точно причините за смртта.

„Обдукцијата ќе се изврши денеска, а резултатите ќе покажат дали се работи за природна смрт или, пак, има елементи на кривично дело“, изјави обвинителот Ристо Шошески.

Невладината организација РОМА С.О.С. на прес-конференција апелираше до сите надлежни институции за целосно расветлување на случајот.

„Апелираме до сите надлежни институции итно да се расветли случајот. Доколку се утврди нечија вина и има елементи на кривично дело ’лекарска грешка‘, институциите да постапат согласно со законските регулативи, т.е. да поднесат соодветни пријави“, изјави Несиме Салиоска, од невладината РОМА С.О.С. од Прилеп.

А девојчето, како што велат од невладината организација, со својата мајка Зулихан Ќазимоска (21) и таткото Фејнур (23) во вторникот вечерта јаделе сендвичи во прилепската сендвичарница. Набргу потоа кај девојчето се појавиле одредени симптоми. Родителите во средата попладне околу 15.30 часот се обратиле кај матичниот доктор во Прилеп, кој со упат го пратил девојчето на инфективно одделение каде што му биле извршени лабораториски испитувања. Докторот му препишал терапија и препорачал диета. Иако леукоцитите биле многу високи, над 20.000 единици, велат од РОМА С.О.С., девојчето било испратено на домашно лекување, што е спорно за родителите и за целото семејство.

Статијата е прочитана 2669 пати.


Испрати коментар
Климата допрва ќе го погоди аграрот
Товарни вагони со огревно дрво
До крајот на неделава дожд, викендов и до 50 литри
Струшките училишта добија струја, учениците на редовна настава
Македонија отсега и на Стрит вју

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ