www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:04
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
27.05.2014, 17:24

Интервју Игор Јосифов - Задоволен сум од развојот на кариерата

Уметникот познат по својата техника на сликање со оган, вечерва ќе изведе перформанс и ќе изложи дела во „Станица 26“

Катерина Богоева

Во Музејот на современа уметност, во 2012 година, на твојата прва самостојна изложба во Македонија, кога го изведе и перформансот „Дводимензионалност“, изложи на ѕид и положи на земја необични дела од хартија, изгорени човечки ликови. Вечерва повторно во Скопје публиката ќе може да види такви ликови, но и начинот на кој ги создаваш. Што се' ќе биде презентирано, на кој начин и каде?

Некако спонтано дојде идејата за изложување, а на некој начин и прославување на 7 години од експериментирањето со техниката на сликање со оган од која сум многу задоволен. Задоволен сум и од прогресот и од нејзиното усовршување. Оваа година почна доста интензивно, бев прв интернационален ин резиденс артист во „Јелоустоун арт мјузеум“ во Билингс, Монтана, каде што имав многу време да видам до каде сум со мојата работа. Потоа изведов перформанс во Оназис културниот центар во Атина каде што поминав одлично, а пред доаѓањето во Скопје имав и изложба во Париз, во „Galerie EGP“ во „Grand Palais“ за време на манифестацијата „Арт Париз“ и многу сум задоволен од искуството. Вечерва во Скопје ќе се претставам во „Станица 26“ со изложбата „Скротување на огнот“ и со нов перформанс наречен „Колективни спомени“, кој ќе започне во 20 часот. Ќе изложам и дела кои сум ги создавал во Сан Франциско, Сиетл, Монтана, Берлин и Македонија.

Оваа година, „Утрински“ ја започна и со објавувањето на твое дело, изгорен лик на Нелсон Мандела. Каде е тоа сега, каде се' беше изложено и што во меѓувреме се случи со него?

Делото од кога е направено си носи приказна само за себе. Го направив во Форт Брег, Северна Калифорнија, па го испратив на врамување во Монтана од таму до Париз. Временски не успеа да биде изложено во Париз во „Gran Palais“, како што беше планирано, но доби многу критики како во „Beaux Arts“ и во многу други уметнички списанија и весници. Моментално делото се наоѓа во Париз и ќе видиме каде би било добро понатаму да се изложува.

Што е важно и специфично за успешноста на твојата техника на работа во која користиш оган? Делата се незаборавни и истовремено провокативни. Како ги одбираш и создаваш ликовите и што преку нив сакаш да соопштиш и пренесеш ?

Во зависност од идејата и периодот, некои ликови се базирани на мојата меморија, некои се култни и инспративни како што е портретот на Мандела. Самата техника ми дава слобода во понатамошно изразување, а почнав и со инсталации кои се движат, видеа, перформанси… Многу ми се допаѓа процесот на работа и тоа што почнува со цртеж и цртежот се ослободува преку оганот и рефлектира на втор слој специјална хартија и на некој начин се ослободува. Вечерва публиката ќе има можност да го виде развојот на таа техника…

Каде се чуваат твоите „изгорени дела“ и колку се тешки за чување?

Последниве две години се посветив на наоѓање на решение за архивирање, на зачувување, врамување и заштитување на делата, посебно за тоа што некои од нив се многу кршливи. Делата кои претставуваат рефлексија на хартија се мошне добри за архивирање и солидни сами по себе. Многу ми е важно да имам најдобра архива и заштита на сите дела.

Живееш во Америка подолг период, роден си во Кавадарци, но интензивно и патуваш и изложуваш низ светот. Со што се претстави во Париз и во Атина годинава, дали изведе и перформанси по кои си се' попознат и како реагираше публиката на нив?

Во Париз се претставив со изложба од ваков тип на дела и инсталација. Добив многу добри критики за инсталацијата, а и делата привлекоа голема внимание поради нивната уникатност и начин на презентирање. Во Атина се претставив со перформансот „Дводимензионален“ и можам да кажам дека искуството со работа со Оназис културниот центар беше беспрекорно и реакцијата на публиката беше интензивна и убава, поради тоа со перформансот останав еден час плус. Навистина волшебно искуство.

Задоволен ли си од начините на кои се организирани твоите изложби и презентации. Кој се грижи за тебе и твоето творештво во САД, но и во другите земји со оглед дека се' уште си млад уметник, но со се' позавидна кариера во странство. Кој е твојот менаџер, а кој е „ангел чуварот’?

Многу сум среќен што имам тим на луѓе на коишто можам да им верувам и секој си ги носи своите одговорности најдобро што може. Во зависност каде сум во Лондон и Париз веќе 4 години работам со Galerie EGP“, а дефинитивно поголем успех и организација имам последнава година откако почнав да работам со мојот менаџер и со асистенти кои ми помагаат многу во реализирање на најдоброто што може на изложбите и презентацијата на делата. Ми олеснува на многу тоа што добивам огромната поддршка од фондацијата „Almyra communication“ .

Што по изложбата во Скопје, остануваш ли во Македонија и дали во земјава наскоро планираш други изложби и проекти?

Секогаш по секоја изложба се чувствувам како да сум на почеток и мислам дека ќе си земам одмор, но во последниве неколку години тоа ретко се случува. Во мојата кариера времето покажува што од планираното и како ќе се реализира, а и задоволен сум и инспириран од развојот на кариерата.

Статијата е прочитана 1916 пати.


Испрати коментар
Акварели на Симонида Филипова-Китановска во „Мала станица“
Дали сме чувствителни кон туѓата несреќа
Започна 50. „Драмски аматерски фестивал“
Оскаровецот Лука Бигаци добитник на „Златна камера 300“
Вечерва започнува "ПРО-ЗА" Балкан
josifovska ruzica, 28.05.2014 08:13:26
големи цеститки за успесно изведено интервјуто, ми се бендисаа поставените прасанја во едно и добиените одговори ,,јас сум му баба на игор , во едно и прв ликовен педагог,, игор во ателјето на баба и дедо му од најраното детство имасе шанса да се запознае и да ги користи најразлицните бои и материјали за неговото ликовно изразување, во кое мозесе да се види голем талент,, на сите натпревари освојувасе високи сертификати.на вас и на игор ви посакувам успеси.
   53 |   75

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ