www.utrinski.com.mk
28 март 2017 23:25
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
19.03.2017, 15:28

Почина детето нападнато од глутница кучиња

При нападот му биле нанесени тешки повреди на телото - кучињата го касале во пределот на стомакот, градниот кош и главата

Четиригодишното дете од кичевското село Бачишта, кое беше искасано од кучиња, попладнево почина на Клиниката за интензивно лекување. Ова денеска ни го потврдија од клиниката, од каде што ни рекоа дека малиот пациент, кој три дена се борел за живот, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на тешките рани околу 13 часот.

Детето во четвртокот било примено со тешки смртоносни рани по целото тело во Ургентниот центар и веднаш било прифатено од лекарите од Клиниката за детска хирургија. Имало распаран стомак и граден кош, како и тешка повреда на главата. „Овој исход се очекуваше со оглед на тешките смртоносни рани што ги имаше детето, на чие тело буквално немаше место што не беше изгризено. Беше донесено во сериозно тешка здравствена состојба со тежок хеморагиски шок, односно големо искрвавување и со распаран стомак и граден кош. Веднаш беше оперирано и му беа отстранети левиот бубрег, како и слезината, а му беше сошиена и раната на главата, која изгледаше како да е направен еден вид скалп“, ни изјави денеска д-р Ристо Симеонов, кој ја извел тешката операција.

Според Симеонов, големото крвавење довело до тоа пациентот да има многу слаба циркулација, поради што прво настрадал мозокот. „Мозокот кај децата за разлика од возрасните побрзо страда кога нема доволна циркулација. До мозочни оштетувања кај децата може да дојде по само неколку минути тешко крвавење, а детето до Скопје патувало два часа“, објаснува д-р Симеонов. Тој смета дека големото количество изгубена крв и мозочните оштетувања се главните причини што детето не успеало да се спаси.

За да се утврди точната причина за смртта, телото на малиот пациент, и покрај негодувања на родителите, сепак е дадено за обдукција на Институтот за судска медицина.

Против сопственикот на овчарските кучиња е поднесена кривична пријава. Од почетокот на годината досега во село Бачишта од кучиња биле нападнати четворица жители. (Ј.Ј.В.)

Статијата е прочитана 5807 пати.


Испрати коментар
Од Сеад Кочан ни трага ни глас
МВР - Запленети дрога, оружје и пари во акцијата за сузбивање на групата што продавала наркотици

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
8°СкопјеВреме
Ведро
Вто18
Сре21
Чет20
Пет21
Саб22
Нед22
Пон23
Вто22
Сре21
Чет20
НајчитаниНајкоментирани

Седница за Македонија во Бундестагот
„Здравството е добро, но штедете за приватниците“
Невремето „Деби“ беснее во Австралија
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ