www.utrinski.com.mk
21 јануари 2017 20:39
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
16.11.2016, 17:45

Данок од 70 отсто и на заштеди ако не се докаже нивното потекло?

Граѓани се пожалиле дека платиле персонален данок од 70 проценти на пари кои ги вложиле во банка, а немале документи за да докажат како ги стекнале

Доколку имате пари „под перница“ и решите нив да ги вложите во банка, најдобро е претходно да ги обезбедите сите неопходни „хартии“ со кои ќе го докажете нивното потекло. Ова би ви го советувале дел од граѓаните во земјава, кои имале непријатно искуство откако решиле дел од своите заштеди што ги чувале во своите домови, да ги депонираат во некои од нашите банки, по што биле непријатно изненадени дека треба да платат данок од 70 отсто на нивните пари, бидејќи немале сочувано документи со кои би го докажале нивното потекло. Или, на сума од 10.000 евра, тие платиле данок од дури 7.000 евра, по што им останал само ситен дел од заштедата, од 3.000 евра.

Како што е познато, Законот за персонален данок предвидува на имот или на средства за кои не е платен данок или не може да се докаже нивното потекло, лицето што ги поседува да треба да плати персонален данок од дури 70 отсто од нивната вредност.

„Каде да најдам доказ за тоа од каде ми потекнуваат средствата што претходно ги чував дома, но потоа, заради страв да не ми бидат украдени од мојот стан, се решив да ги вложам во една од нашите банки. Зарем да ги чувам сите документи со кои би докажал како ги имам стекнато овие средства. Но, наредната година бев непријатно изненаден кога ме побараа од Управата за јавни приходи и требаше да платам 70 отсто данок на овие средства, односно на сума од 10.000 евра, тоа е 7.000 евра“, изјавил еден граѓанин кој се пожалил на ваква случка.

Тој смета дека на овој начин граѓаните што ги чуваат парите под перница нема да се мотивираат нив да ги вложат во банка, напротив, ќе се обесхрабрат и ќе си ги задржат.

Како што е познато, домашните банки се должни до Управата за финансиско разузнавање, но и до другите надлежни институции, да ја пријават секоја трансакција над 15.000 евра, што значи секој влез и излез на средства над овој износ, но и секоја друга трансакција која може и да е помала, но им изгледа сомнителна.

Од Народна банка на Македонија неофицијално само кусо искоментираа дека ова прашање би требало да и' се постави на Управата за јавни приходи, бидејќи таа го наплаќа персоналниот данок на доход.

Како што е познато, овој данок го наплатува Управата за јавни приходи. Вчера се јавивме во УЈП и прашавме дали досега се случило да оданочат заштеди на граѓани со стапка на данок од 70 проценти, и колку пати досега имале таква практика.

Од таму ни објаснија дека нема да коментираат дали и колку пати тоа се случило, туку само не упатија на Законот за персонален данок, каде што е предвидена ваква одредба, а што е наведено и на нивната веб-страница, во делот за посебните постапки за утврдување на персоналниот данок.

„Во посебните постапки за утврдување на персоналниот данок, Управата за јавни приходи утврдува дали лицето поседува имот или располага со средства поголеми од оданочените, кои потекнуваат од приходи на кои не е утврден данок или не е доволно утврден и чие потекло не може да се докаже. Доколку УЈП утврди дека имотот или средствата се поголеми од оданочените, донесува решение за утврдување на данокот на тој приход.

Основа за пресметување на данокот преставува разликата меѓу вредноста на имотот и докажаната висина на средствата за нејзино стекнување. Данокот на непријавените приходи се пресметува по стапка од 70 отсто.

Управата за јавни приходи го утврдува данокот врз основа на податоците во даночната пријава, деловните книги што ги води обврзникот, службените податоци со кои располага УЈП и врз основа на други податоци и докази до кои ќе дојде во постапката за утврдување на данокот“, се вели во законската регулатива, која е објавена и на веб-страницата на даночната управа. (Н.Н.Ф.)

Статијата е прочитана 4134 пати.


Испрати коментар
Банките ѕидаат профити - за 9 месеци добивки од 81 милион евра
Што стана со Пејпал?, 17.11.2016 00:24:04
Сега или ќе ги чуваат парите дома или ќе изнајмуваат сефови, 70% не се малку. Инаку, настрана од темата, не знам кој конкретно е надлежен, но веќе подолго време никој не кажува кога македонските граѓани ќе можат да примаат пари преку Пејпал (засега можат само да плаќаат).
   50 |   53
surova vistina, 17.11.2016 04:18:14
Malku eeeee.....Zar ima uste nekoj sto vo Makedonija cuva pari na bankarska smetka? Sto dobiva so toa? Kamata (ako postoi) mizerna, a problemi eden kup. Ako veke postoi strav od grabez, togas e podobro da se iznajmi bankarski sef, iako ni toa ne e 100% sigurno. Prerodbata prodolzuva. Koga ke zavrsi, togas mnogumina ke placate. I toa glasno.
   43 |   58
EU - MK idnina, 17.11.2016 06:08:50
Gradjanite se zalat (citaj) deka treba da se plati danok, odnosno nemaat dokumenti za potekloto na parite.Zosto:Zatoa sto 90% od Mak.naselenie raboti (trguva) na crno.Od edna strana se zalat deka nema rabota, a od druga strana vnesuvaat vo bankite pari bez dokazano poterlo.Statistikata dokazuva deka Mak.gradjani preku 90% poseduvaat kuci/stanovi,a vo zapadnite drzavi prosekot e ispod 50%,nema logika!Za podobra idnina na MK i sprecuvanje tgovijata/rabotata na crno potrebna e pogolema kontrola.
   50 |   65
НЕВЕН ГНЕВЕН, 17.11.2016 08:05:53
А бре овие ти биле ачик арамии? Леле, леле, леле.
   52 |   56
Kiro, 17.11.2016 09:21:27
Znaci bankite prijavuvaat vo ujp. Takvi se dikattorskite drzavi bez umni zakoni. Taka se odanocuva i narko mafijata vo juzna Amerika. Alal vera na antickite makedonci.
   44 |   60
Vasko, 17.11.2016 09:21:33
Катастрофа ,на овај начин УЈП го урива банкарскиот сектор . Па после нормално дека луѓето нема да сакаат да чуваат пари во банка
   47 |   56
rajko, 17.11.2016 09:37:56
vakov zakon(pljacka) ne postoi vo nitu edna evropska zapadna zemja.
   43 |   57
ZEMJATA, 17.11.2016 09:43:53
Drzavnoto cekmedze e skroz na skroz prazno,pa (Stavre) ludacive na sekoj nacin gledaat da go popolnat.Ne sum za toa na drzavata da ne i se plakaat davackite,samo ova mi lici na sprega na bankite i drzavata za krazba na stedacite.Zosto bankite ne gi predupredile stedacite koga gi vlozuvale parite,odnosno ne im pobarale dokumenti za poteklo na parite? Rezil,neviden aramilak.
   53 |   53

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
НајчитаниНајкоментирани

Во долината на приврзениците на Трамп
„America first", што ли значи тоа?
Кога родителите мора да се плашат од своето дете
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ