www.utrinski.com.mk
27 мај 2017 13:46
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 17:00
Кукан гледа сериозна политичка криза во Македонија



Европарламентарецот и медијатор за Македонија, Едуард Кукан, порача дека се забележуваат загрижувачки трендови во регионот на Западен Балкан, а особено во начинот како функционира демократијата и извесни државни институции.

„Тоа создава речиси магичен круг во кој слабата демократија додава масло во слабите институции и обратно“, рече Кукан за European Western Balkans, издвојувајќи ги Македонија и Албанија како земји кои се соочуваат со најсериозна политичка криза, додека Косово и Црна Гора се справуваат со парламентарен бојкот.

„Ова последното како да станува регионален тренд кој е контрапродуктивен за демократскиот развој на земјите кои се на влезот за Европа. Се надевам дека наредните месеци ќе видиме спротивен тренд. На крајот на краиштата тоа е првиот Копенхашки критериум и најосновен“, изјави Кукан.

Оцена за состојбите во регионот објави и сенаторот Џон Мекејн по посетата на регионот, во која не беше опфатена Македонија. Притоа тој ја искритикува широко раширената корупција со сите шест земји од Западниот Балкан и провокациите и расипаната комуникација меѓу Белград и Приштина. Според соопштението,Мекејн на Балканот сакал да ги увери соговорниците дека САД ќе ја продолжат досегашната политика кон регионот и дека се загрижени за растечкото влијание на Русија тука.(Н.Р.)
Статијата е прочитана 969 пати.


Испрати коментар
СДСМ
Груевски, Ахмети и Заев влегоа во политички лавиринт
Џорџ Сорос следната недела во посета на седиштето на ЕУ
Дипломатите бараат да запре незаконското пополнување на амбасадите

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
21°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб22
Нед20
Пон22
Вто24
Сре26
Чет28
Пет27
Саб26
Нед27
Пон26
НајчитаниНајкоментирани
 
САД: Рамазански апел до муслиманите
Дебата во Бугарија: ќе ја биде ли Македонија?
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ