www.utrinski.com.mk
26 април 2017 02:20
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 10:51

СДСМ: Со блокадата на Парламентот се загрозуваат државните интереси



СДСМ преку соопштение денеска оценува дека блокадите во Собранието на Република Македонија и поттикнувањето на тензии меѓу граѓаните претставува погазување на Уставот и загрозување на стабилноста на државата.

- Тоа се сериозни дела против државните интереси и секоја институција и поединец треба да знае дека повлекува сериозна одговорност, се вели во соопштението.

Според СДСМ, ситуацијата дополнително ќе се влоши кога ќе престанат ингеренциите на градоначалниците и советите во општините бидејќи нови локални избори не може да се закажат без нов претседател на Парламентот.

- Затоа државата мора без одложување да профункционира. Демократските процеси е неоходно да продолжат. Македонија има легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници зад кое застанаа околу 700 000 граѓани. Тоа мнозинство е должно да избере легитимен претседател на Собранието согласно Уставот и Деловникот и да ја формира нова реформска влада на граѓаните, што е јасно за целата домашна и меѓународна јавност, наведува СДСМ.

Статијата е прочитана 378 пати.


Испрати коментар

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
11°СкопјеВреме
Ведро
Сре24
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон20
Вто21
Сре21
Чет20
Пет19
НајчитаниНајкоментирани

Успешна соработка со партнерите од Западен Балкан
Стандард: Иванов ја води Македонија во хаос
Атомска подморница на САД во јужнокорејско пристаниште
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ