www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
25.03.2016, 19:00

Реплики

Пржинскиот договор се остварува, но не ја постигна целта

 

Соња Крамарска

Притисоците врз администрацијата се' уште постојат, купувањето гласови се одвива преку нови методологии (посети на премиерот во оставка на секое населено место), а наместо меѓусебна контрола во министерствата добивме паралелни институции кои водат паралелни активности

Како што обично бидува во политиката, спроведувањето на пржинскиот договор изнесе на површина многу противречности. Едната од нив е дека ниту може да се каже дека не се исполнува, затоа што многу точки од неговата содржина се реализирани, но не може, пак, ни да се каже дека овој договор ја постигна целта. Затоа што Македонија во моментов е далеку од внатрешнополитичка стабилност која требаше да биде вовед во предвремени мирни, фер и демократски избори со акцент на слободно изразување на политичката волја на граѓаните. Иако, поголемиот дел од точките на пржинскиот договор се исполнети.

Така, на пример, добивме влада која ќе ги подготвува изборите, што беше една од првите точки на пржинскиот договор, но таа влада работи на се' освен на подготовка на изборите. Повеќе изгледа дека работи на подигање на популарноста пред изборите на партијата чии министри се во доминантен број во владата за подготвување на изборите. Техничкиот премиер Емил Димитриев повеќе го гледаме како пушта фабрики и промовира инвестиции, решава инфраструктурни проблеми на граѓаните отколку што се грижат тој и неговите министри од ВМРО-ДПМНЕ за коректноста на претстојните избори. Или подиректно кажано, повеќе се грижат за прибирање гласови за нивната партија пред изборите отколку за исправање на сите недоследности кои беа присутни во минатите изборни циклуси.

Исполнета е и втората точка од договорот за враќање на СДСМ во парламентот. Според некои, СДСМ загуби што се врати во парламентот, други ја поддржуваат таа одлука, но едно е сигурно, а тоа е дека враќањето на опозицијата во парламентот не резултираше со попречување на намерите на владиното мнозинство и на самата Влада да го третираат претставничкиот дом на граѓаните како свој инструмент, а не како храм на демократијата и коректор на владините политики. Дури и комисиите што беа формирани како дел од пржинскиот договор, како што беше Комисијата за испитување на прислушувањето, доживеаја спектакуларно фијаско поради соодносот на силите во нив, каде што доминираа владини пратеници и неможноста да се натераат Груевски и неговите министри да сведочат јавно, па дури се проблематизираше и нивното доаѓање во Комисијата.

Како дел од договорот од Пржино, министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика добија министри од СДСМ, а министерствата за финансии, за информатичко општество и за земјоделство добија заменици министри од СДСМ. Целта на оваа точка беше да се спречи корупција на гласачите преку доделување на социјална помош, субвенции, земање на заеми и кредити кои ќе бидат пренаменети за купување на гласови, да се спречи притисок врз администрацијата и да се пресретнат можните опструкции на МВР при прочистувањето на избирачкиот список. СДСМ го доби МВР меѓу другото и да спроведе истрага околу прислушувањето - нешто што е сега комплетно маргинализирано. Уште повеќе, и врапчињата знаат дека не само што никој веќе не се занимава со прашањето за чинот на прислушувањето, туку и се' уште се прислушува а транскриптите без срам и одговорност се презентираат на ударни вести на провладини телевизии. Притисоците врз администрацијата се' уште постојат, купувањето на гласови се одвива преку нови методологии (посети на премиерот во оставка на секое населено место), а наместо меѓусебна контрола во министерствата добивме паралелни институции кои водат паралелни активности. Најеклатантен пример е МВР каде Спасовски дава налози за едни истраги а неговиот заменик Митко Чавков води истраги за други случаи. Погодувате, министерот насочува истраги против членови на ВМРО-ДПМНЕ а заменикот против членови на СДСМ.

Специјалното обвинителство, една од најголемите инвестиции на Пржинскиот договор се формираше и екипираше навреме но досега освен истражната постапка за изборите против екс-министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески која се изгуби во судот поради очигледната пристрасност на судиите кон функционерите од власта, нема поконкретни резултати. Институциите кои треба да му даваат поддршка на специјалното обвинителство се целосно под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и не само што изостанува поддршката туку и ги користат за отворено попречување на работата на специјалните обвинители, кои се патем и демонизирани во провладините медиуми.

Што да се каже за медиумите а да не се заплаче. Телевизиите со неколку исклучоци „шибаат“ во петта брзина величајќи ги политиките на ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено упатуваат остри стрели кон опозицијата. Планот за промена на медиумскиот амбиент преку влез на експерти во Агенцијата за медиуми и непристрасни уредувачки тимови и новинари во јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија доживеа комплетно фијаско. Осуетено е и донесувањето на нов закон за медиуми преку кој требаше да се спречат досегашните аномалии во медиумската сфера – купување на наклонетост кон владата преку владини реклами, регулирање на односите меѓу сопствениците и медиумите, финансирањето на јавниот радиодифузен сервис итн.

Иако беше формиран нов состав на Државната изборна комисија која доби одврзани раце за прочистување на избирачкиот список, по првичната зашеметеност и таму проработија партиските пазарења и надгласувања кои ќе доведат до нови сомнежи во избирачкиот список бидејќи претставниците на СДСМ го бојкотираа носењето на одлуката за тоа колку избирачи од списокот треба да бидат проверувани. Бојкотот дојде како одговор на немоќта да се наметне ставот дека избирачкиот список мора да биде прегледан детално за да се осигура негова точност и да се спречат можностите злоупотреба.

Во меѓувреме, единствената опасност што ја виде власта за себе - кривичниот прогон и осуда на екс-министрите чии натамошни сведочења можат да го пренесат вниманието и на други повисоки личности во пирамидата, елегантно е отстранета преку одлуката на Уставниот суд да му овозможи на претседателот Ѓорге Иванов да може да помилува и лица осудени за изборни измами. Со тоа е елиминирана една од опасностите за луѓето кои беа вмешани во изборните измами на изминатите изборни циклуси.

Посредникот меѓу партиите во спроведувањето на Пржинскиот договор Питер Ванхауте, по завршувањето на неговиот ангажман констатира дека неговата медијација (интервју за Дојче Веле)резултирала во создавањето на Специјалното јавно обвинителство, одреден напредок и во однос на изборниот процес преку измена во Изборниот законик и со именувањето на тројца независни експерти во Државната изборна комисија. Сепак, вели тој, во сите други споменати области, не е направен никаков напредок, затоа што владејачките партии одбиваат санирање на сите недостатоци. Тој вели и дека владејачката партија одбива да се откаже од било каква контрола врз медиумите и врз Агенцијата за регулација на медиумите. Во оваа фаза, изборите не решаваат ништо, туку само ќе ја продлабочат актуелната криза, смета Ванхауте по повеќемесечниот ангажман во поделеното македонско општество.

Оттука, денешната ситуација на девет месеци по Пржинскиот договор и на нецели два и пол месеци пред изборите кои треба(ше) да ја решат кризата може да се опише како крајно критична. Мислам дека по изборите на 5 јуни (ако не се промени нешто дотогаш) сите заедно ќе констатираме дека „операцијата успеа, но пациентот е мртов“. Можеби едниот од следните разговори што ќе го слушнеме преку јутјуб ќе биде: „Не грижете се, господине премиер, се' се одвива според планот“.

 

 

НАПОМЕНА: Преземањето на текстот или делови од него, како и преземање на фотографија е дозволено само со одобрение од "Утрински весник" или според правилата на МПМ. За правилата на МПМ за преземање авторска содржина кликнете тука

Статијата е прочитана 7931 пати.


Испрати коментар
Повторно во 5 до 12
Јохан Кројф ја обликуваше и холандската култура
Методот на Пабло Ескобар
СДСМОВЕЦ, 26.03.2016 00:32:49
СДСМ потпишал договор со виновниците и сега ќе мора да го исполнува. Уште од самиот почеток договорот беше спорен и лош за опозицијата. СДСМ требаше да остане на барањето за техничка влада или да има министри за полиција, финансии, земјоделие и социјала, а вака со заменици министри се проблематизира.Медиумите никако не доаѓаат на ред, а се обврска на договорот.
   175 |   144
milan, 26.03.2016 00:33:57
G-go Kramarska, ako seto ova sto go iznesovte vo vasata kolumna e tocno, a jas sum ubeden deka e tocno, togas ovoj narod treba da svati deka ovaa vrhuska na DPMNE ja vodi drzavata kon ambisot.Badijala sto tvrdite deka PRZINSKIOT DOGOVOR E ZIV, ne g-go Sonja dogovorot e vo komatozna sostojba, pa i kako takov mafijata so site sili go opstruira. Mala nades dava SJO. Opozicijata pod hitno treba za spas na ovaa drzava da gi prigrabi stavovite na VENECIJANSKATA KOMISIJA, i da gi pusti vo optek bombite, pa da ja razoblici ovaa kriminalna bratija. PS.Kolku poveke plukat po SJO i K.Janeva tolku poveke me ubeduvat deka K.Janeva e vo pravo. Pozdrav.
   197 |   167
star komunjar, 26.03.2016 00:34:14
Ic ne ja biva rabotata.Edini spas e MKD PROTEKTORART, so Prinuden upravnik i SJO koe na raat ke gi zavrsi site zapocnati predmeti i onie sto tek treba da gi zapocne.Vo megju vreme neka se sredi S PISOKOT, mediumite i drugite gorlivi prasanja, I duri togas izbori.PS , nema da bide loso ako PRINUDNIOT upravnik ni organizira i sprovede POPIS.
   174 |   146
EU, 26.03.2016 00:42:43
Mediumite prenesoa deka po krvaviot teroristicki cin vo Brisel, ministrite za vnatresni raboti i za pravda podnele ostavki, a anketna komisija vo belgiskiot Parlament so casovi gi soslusuvaat spomenatite ministri, kako i ministerot za nadvoresni raboti. Nema somnenija deka tie gi organizirale teroristickite akti, no se javile somnevanja deka zataila bezbednosta. I za sto da pravime muabet, za kakov przinski dogovor, za kakvi izbori, za kakva vlast,i, za kakva drzava, zal ni e, no mora da prasame stanuva zbor vo Makedonija. Patem, belgijanecot sto se obiduva da ni prenese nesto od demokratskite iskustva e proglasen za crn gavol, vo nasata topla i gostoprimliva drzava.
   197 |   165
Цане Соколовски, 26.03.2016 00:51:37
“Нема по сурова тиранија од онаа што е изведена под штитот на правото и во име на правдата. “-Шарл де Montesque -Што можем друго да кажам освн да се комплетно согласам со вас во смисол како се однесува милата влада а тоа е-populismus maximalis, и сето со един ствена цел да се опијани лековерниот и наивемн македонец, за да верува во неверливото. Успеваат во тоа! Така е кога 46% од нродецо се со сомнителна функционална писменост , ништо друго и не треба да се очекува. Никогаш нема судството и останатите институции во системот да му даваат било каква подршка на СЈО. Тоа апсолутно значи дека треба да се инкримираат себе си, а кој за себе тоа би го направил. Не сум објективен како и било друг човек, сепак имам нешто што ме прави по непристрасен од другите. Тоа е јас го посматрам светот arm length и за мене не важи синдромот на погонско слепило. За ДИК немам коментар, ама медиумите, јас би забранил 5 години било какво вл рекламирање и би ограничил на минимум појави на вожди и слично на тв!
   171 |   168
riki, 26.03.2016 01:45:51
koga ke se ispozatvaraat kriminalcite,togaš možeme slobodno da konstantirame deka točkite od pržinskiot dogovor se ispolneti.ovaa sega što se slučuva vo državata e nevidena blamaža pred megunarodnata javnost,a ušte po zastrašuvački e rezerviranosta na golem broj mediumi i gragani sprema rabotata na specijalniot obvinitel.sekakvi nekonvencionalni metodi se upotrebuvaat,se juriša od sekoja pozicija bez razlika od kade i od koj.ovaa samo po sebe zboruva kakva sprega se ima oformeno za ovie 10 godini,prosto čovek da ne veruva.se odi tolku ekstremno duri se povikuva na megunacionalna presmetka.dali poradi grupa na delikventi treba opstanokot na državata da go dovedeme vo prašanje?sprema mene klučnata uloga vo ovoj haos ja odigraa mediumite,znaeme koji se,nivnite urednici,sekakvi analitičari,javni ličnosti,sudii.motivite se poznati,se izdavaat za patrioti a nemaat ni P,od patriotizam,samo,E od evra..
   162 |   174
Izboren falsifikat od strana na megjunarodnata zardmiva, 26.03.2016 04:00:50
Na 5 juni ke konstatirame deka pacientoto e mrtov zatoa sto ke pobedi VMRO. Pacientot bi bil ziv ako pobedi SDSM. Ova go znae i megjunarodnata zaradi ociglednoto izborno raspolozenie na stranata na VMRO pa pred nasi oci se odviva falsifikat na uste nepocnati izbor. Toj falsifikat se ostvaruvaa so skandaloznata nivna naklonetost kon SDSM so site postapki. Povtorno od stranskite diplomati procurvruvaat izjavi na zagrizenot za nemanjeto uslovi za izbori. Non stop samo ja kritikuvaat Vladata i VMRO za navodno nesproveduvanje na dogovorot. Van Haute voopsto ne krie na cija strana e i drsko i bezobrazno ja napagja i omalovazuva nasata drzava. SJO ima nenormalna podrska od strancite iako pravi gafovi i aferi sekojdnevno, i ocigledno sorabotuva so ZZ za zaednicka strategija. SJO bezobrazno se stava nad drzavata so nedavanje javen otcet za srabotenoto.. Seto ova e nasoceno so cel da se smeni izbornoto raspolozenie na gragjanite kon SDSM. Ova ne e ocigleden falsifikat na izborite?
   149 |   166
bitola-1, 26.03.2016 07:31:22
Pred mnogu godini se sobraja prestavnici na razvienite zemji i potpisaja dogovor,sekoj da ja namali zagadenosta na vozduhot,toes reducirane na proizvotstvoto na stetnite materii{cata},po sostanokot site si pojdoja doma i sekoj si prodolze po staro,ocekuvaki deka drugiot ke reducira.Ili poslikovito:Dvajcata ortaci koj otvorile biznis i se dogovorile sekoj od polovinata zarabotka da ja stavaat vo bure preku mal otvor i po edna godina da go skrsat bureto i da go podelat karot.E taka izleze Przinskiot dogovor,pak si teraat po svoe,so mali sminki, ama koga na 5-juni ke se vidi vo bureto nema KAR? Cudno bre ovie od sds kade ne se prezentiraja kriminal,sega poslem 6-meseci vodenje na MVR,pak po staro istrazuvame -istrazuvame,vamu zamenikot minister mu zaTvora nivni clenovi{caus-famili}.E aj ne bidi zbunet i proceni koj e lud a koj {ne}Normalen. Koga narodot ke se razbudi i ke progleda deka dokazani krim-partii 25g se borat{menuvaat} za vlas,{bezakonie i zlo bez kazna},I sega strancite ke ni
   138 |   144
meksikanec, 26.03.2016 08:48:07
Во земја,во кој мафиата има своја држава,не можеше ни да се очекува работите да се одвиваат поинаку.Затоа Пржинскиот договор е огромна придобивка.И порано знаевме дека има злоупотреби на функциите,медиумите,судството,обвинителството и тн.Од бомбите научивме дури и кои се носителите на тие појави поименично.Пржинскиот договор,овозможи да се формира СЈО и да се навлезе во дел од институциите,со што се спречи натомошната злоупотреба,сем во финансиите на Ставревски,но и избзрзана реализација и кражба на изборите на 24.април,а највероватно и со запланираните во јуни.Тоа ќе се прави се додека не се створат вистински услови за нив.Не случајно ДПМНЕ,ДУИ и ДПА,ги украдоа снимките со податоци за гласачите од ДИК.Што ќе им се,ако имаат чесни намери?Прашање е на време кога ќе уследат новите обвинениа,а веќе морално,психички и матерјално се исцрпени сите актери кои го лажат народот секаде каде што одат.И лагите им завршија,така да сега тонат во депресија очекувајки го исходот од својот крај и беда.
   146 |   156
Трпе, 26.03.2016 11:57:28
Во колумната на госпогата Соња во кратки црти речиси се е опфатено.Земјичката за овие десет години ни ја зафатила тешка болес,која метастазирала во сите пори.Како и дали ќе се излекува само господ знае.Докторите од позицијата во интерес на македонскиот народ наместо да помогнат тие уште повеќе и го уништуват имунитетот да опстанок.Многу одамна се велеше дека медиумите се најопасно оружје и тоа само кога постоеше жолтиот печат.Сега електронските медиуми се уште поопасни по живот на голем број држави.Наместо решавање на контролата на постоечките медиуми ,вирусната влада создава нови медиуми од крадените народни пари .Ова во бомбите што со закани го велеше Мијалков дека че си создадат лична телевизија за 5 милиони евра еве ја создадоа НОВА ТВ и една сеуште прикриена А1 телевизија.Премиерот за организирање на предвремените избори е втор Ѓоле, ТВ замаглена слика без глас.Наместо да се расчистува кај нас се повеќе се заматува.Оздравувањето од народецов зависи.
   155 |   157
10-0, 26.03.2016 13:26:16
Dgabe se potneete i Vie i sorovcite krajot vi se blizi.
   148 |   170
do Sonja, 26.03.2016 21:28:58
A zoshto ne ja komentirash sodrzhinata na transkriptot koj sto beshe objaven na eden od provladinite mediumi?So pravo opozicionerite baraat da se komentiraat sodrzhinite od *bombite*,no mora da se komentiraat i sodrzhinite od nekoi drugi *bombi*.
   138 |   153

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ