www.utrinski.com.mk
27 мај 2017 13:47
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
03.04.2017, 16:46

Општините почнаа да садат нови садници

Ѓорче Петров засади 200 дрвца, а благодарение на акцијата на Градот минатата недела Гази Баба доби нови 650 садници

Некои од скопските општини во пролетните акции покрај расчистување на своите територии од ѓубре, се посветија и на садење нови дрвца и освежување на парковскиот простор. Општина Ѓорче Петров засади нови 200 дрвца, а благодарение на акцијата на Градот, Гази Баба доби нови 650 висококвалитетни садници кои минатата недела беа посадени во Парк- шумата во општината. Деновиве, пак, во општина Аеродром со сета своја убавина „блеснаа“ јапонските цреши каде што има засадени околу 300 вакви дрвца.

„Во празниот простор наспроти новата полициска и противпожарна зграда во општина Ѓорче Петров деновиве општинарите засадија 50 дрвца од врстата „Цаталпа бигнониоидес“, широколисни листопадни долгогодишни растенија. Со новата акција за раззеленување се зафатени делови од Реонскиот парк, паркингот наспроти Зеленото пазарче и дел од главната општинска сообраќајница улицата ’Ѓорче Петров‘ и тоа на потегот од општинската зграда кон Сарај“, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Мината недела градоначалниците на Гази Баба и на Скопје, Тони Трајковски и Коце Трајановски, во соработка со „Паркови и зеленило“ засадија висококвалитетни дрвја во парк-шумата Гази Баба. Акцијата беше всушност дел од активностите на Градот за засадување дрвја на територија на сите општини. До сега во соработка со ЈП „Македонски шуми“ се посадени 250.000 дрвја, од кои 5.000 се висококвалитетни, како што информираа од Гази Баба.

Овие дрвја се садат по булеварите, по парковите, во парк-шумата Гази Баба, во спортско-рекреативниот центар во Сарај, кон Матка и секаде каде што има простор за садење. (Сн.К.)

Статијата е прочитана 319 пати.


Испрати коментар
Реконструиран дел од булеварот „АСНОМ“
Центар ја обновува улицата „Питу Гули 2“ на Водно
Кисела Вода започна со пролетна дератизација

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
21°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб22
Нед20
Пон22
Вто24
Сре26
Чет28
Пет27
Саб26
Нед27
Пон26
НајчитаниНајкоментирани
 
САД: Рамазански апел до муслиманите
Дебата во Бугарија: ќе ја биде ли Македонија?
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ