www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 17:30
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
16.02.2017, 17:05

Друштвото на писателите на Македонија одбележа 70 години



На денешната свеченост беа доделени наградите за најдобри книжевни остварувања, а повелба доби и бизнисменот Трифун Костовски, кој на ДПМ по повод јубилејот му донираше 100.000 денари

ФОТО: Киро Попов

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска го одбележа својот 70. роденден со свечен собир на кој наградите за најдобри книжевни остварувања им беа доделени на лауреатите за 2016 година. Наградата „Ацо Шопов“ за поезија ја доби Гордана Михаилова-Бошнакоска, наградата за проза „Стале Попов“ Лилјана Пандева, наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеистика ја доби Кристина Николовска, а Александар Поповски наградата за литература за деца „Ванчо Николески“.

„Гласот на писателите е во нивните дела, во илјадниците томови создавани и објавувани во изминатите децении кои остануваат да сведочат, преку книжевните вредности, за светогледот на поклониците на пишаниот збор, за нивните погледи и разбирања, за нивните стојалишта, за нивната естетика и филозофија на создавање и живеење“, рече меѓу другото претседателот на ДПМ, Веле Смилевски. Јубилејот беше свечено одбележан во седиштето на ДПМ со присуство на голем број членови, писатели, претставници на културни институции, гости, пред кои Веле Смилевски меѓу другото укажа и на мисијата на литературата и културата во меѓународните релации потсетувајќи дека во светот главно сме препознатливи преку културата.

„Ова непобитно сознание треба постојано да се има предвид во градењето и практикувањето на глобалната стратегија на државата со цел да се изнаоѓа вистинската мерка и соодветен начин за стимулирање и вложување во културата“, рече Смилевски кој споменувајќи го придонесот на досегашните претседатели на Друштвото на писателите на Македонија, потенцираше дека неговиот прв претседател и еден од основачите, Блаже Конески, е најблескавата творечка вертикала на македонската литература и култура во втората половина на 20 век.

Друштвото до денес брои 540 членови од различни генерации, а во изминатите шест генерации се зачлениле 34 млади писатели со просечна возраст од 28 години. Седумдесетгодишниот јубилеј ќе биде одбележуван во текот на целата 2017 година. Најавено е дека на посебна манифестација ќе биде изложен избор од десетици книги на триесет писатели кои во ДПМ членуваат повеќе од половина век, но и дека Друштвото ќе им подари по илјада книги на библиотеките на основните училишта „Блаже Конески“ и „Ацо Шопов“ и на библиотеката на читалиштето „Славко Јаневски“ во Скопје, именувани по основоположниците на оваа писателска асоцијација.

На вчерашната свеченост, Веле Смилевски му додели Повелба на бизнисменот Трифун Костовски, кој на ДПМ по повод јубилејот неодамна му донираше 100.000 денари. Повелбата Трифун Костовски ја доби како осведочен поттикнувач на вредностите во културата и поклоник на големото дело на Блаже Конески. Заблагодарувајќи се тој меѓу другото рече: „Тоа е мојот татко на мојот македонски јазик, господинот Блаже Конески“. Костовски потенцираше и дека јазикот е најсуштествената работа.

„Како што рекол црногорскиот крал Никола, битка и војна ако изгубиш, не жали, ќе ги вратиш, но ако го изгубиш јазикот, тогаш веќе си изгубил с`“, додаде Трифун Костовски.

Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година како професионално здружение на писателите од Македонија од страна на: Васил Иљоски, Блаже Конески, Ристо Крле, Славко Јаневски, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко и Ацо Шопов. (К.Р.)

Статијата е прочитана 950 пати.


Испрати коментар
Симпозиум „Хамлет и Европа –да се биде или не!“
„Златна мечка“ за унгарскиот филм „За телото и душата“
Берово годинешен град на културата
„Кога денот немаше име“ прикажан на Берлинале
Денови на иранска кинематографија со Шарам Мокри
„Мачорот во чизми“ во подготовка во Театарот за деца и младинци
Ѓорѓе Јовановиќ во „Захета“ во Варшава
„Фотограметријата во презентација на културното наследство“
Изложба во Велес на автори со дела и во „Скопје 2014“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
3°СкопјеВреме
Облачно
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ