www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 17:27
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
15.02.2017, 16:10

Морскиот лав починал од голтнат камен

Надлежните апелираат на поголема совест од посетителите. Во изминативе седум години умреле 10 животни, од кои пет поради несовесни посетители

Деспина Трајковска-Димова



Морскиот лав Аби починал од голтнат камен, кој му го затворил хранопроводот, односно желудникот, покажала обдукцијата направена од Факултетот за ветеринарна медицина. Други причини за смртта, како болест и слично, се исклучени. Ова и официјално беше потврдено вчера од страна на надлежните од Зоолошката градина и претставник на Факултетот за ветерина.

„Се докажа дека морскиот лав почина не поради неодговорност на вработените, како што се шпекулираше, туку, за жал, поради неодговорноста на посетителите. Ова е втор морски лав кој умира од туѓ предмет фрлен од посетител. Пред неколку години почина морски лав откако лапнал тениско топче. Нема механизам да ги спречиме несовесните граѓани кои фрлаат се' и сешто кај животните. Се' е оставено на нивната свест, култура и домашно воспитување“, реагираше вчера Дане Кузмановски, портпарол на ЗОО, соопштувајќи ја причината за смртта на фоката, која умре минатата недела.

Кузмановски, покажувајќи го каменот кој бил кобен за Аби, рече дека тоа е само еден од неколкуте предмети што ги наоѓаат фрлени конкретно во базенот на морските лавови. При чистењето на базенот биле најдени федер, бекатон-плоча, топчиња, играчки... Тој уште еднаш повтори дека апсолутни невистини се обвинувањата дека вработените во ЗОО се однесуваат неодговорно кон животните. Според Кузмановски, напротив, благодарение на нивната посветеност, нега, грижа и љубов што им ја даваат на животните, во изминативе 7 години во ЗОО биле родени 121 животно. Се родиле по два сибирски тигри и персиски леопарди, три риса, пет волци, 18 мајмуни од неколку видови, елени, лами, антилопи...

Во истиот тој период умреле 10 животни. Од нив, како што посочи Кузманоски, пет пцовисале од старост, а другите поради несовесни посетители.

„Една камила почина поради затнат хранопровод од кеса од смоки, два леопарди од најлонска кеса, а два морски лава од истите причини, затнат желудник, едниот од лапнато топче, другиот од камен. Овие примери се уште еден доказ за несовесноста на некои од посетителите“, потенцираше Кузманоски.

Според него, умирања имало и ќе има, но повтори дека тие се резултат на биолошки процес (старост), евентуално болест, но никако поради наводна неодговорност на вработените.

„Животните се згрижени, имаат доволно храна, соодветни услови за живот. Вработените се посветени на животните 24часа седум дена во неделата. Ние не сме полицајци, а немаме ниту човечки ресурси да го следиме секој поединец. Затоа, уште еднаш апелирам на поголема совест и култура. Не хранете ги животните, не фрлајте ништо во нивните живеалишта“, апелираше Кузманоски.

Налето се враќа Коко, а ќе стасаат и слон и пингвини



По ниските температури, во ЗОО интензивно продолжува изградбата на живеалиштата за Коко, слоновите и за пингвините. Тие се само дел од животните кои се очекува годинава да пристигнат во Зоолошката. „Коко очекуваме да биде вратен до лето, а во тој период би требало да се реализира планот за слон, а можеби и за два слона и пингвини. Преговорите за нивно добивање се во тек“, информираше Кузманоски и посочи дека ниските температури биле причина за пробивање на роковите за изградба на живеалиштата, па од тие причини, доцни и доаѓањето на најавените нови жители.

ЗОО од Градот добива 5 милиони, а за струја плаќа 3 милиони денари

Градските власти, како основачи на Зоолошката градина, и' префрлаат дотации во висина од пет милиони денари. Ако се имаат предвид дотациите и субвенциите што ги добиваат другите јавни претпријатија, јасно е дека се работи за недоволни средства. „Само за струја плаќаме три милиони денари. Но, благодарение на добрата посетеност и добрите пријатели и спонзорства, успеваме да се покриеме“, рече Кузманоски. Призна дека досега ЗОО во два наврата побарала Градот да дозволи покачување на цената на билетот, но тој предлог воопшто не бил ставен на разгледување пред Советот на Скопје. Билетот и натаму чини 50 денари.

 

Статијата е прочитана 2177 пати.


Испрати коментар
Подземни контејнери на нови три локации
Општина Ѓорче Петров ќе им помогне на станарите од опожарената зграда
ЈСП пак ќе вози на „9“ и „19“
Brat Kole, 15.02.2017 18:51:20
Има индиции дека аврстрискиот министетр Курц и неговиот македонски колега Попоски, при посетата на пограничниот камен 59 на македонско-грчката граница, го украле каменот и го фрлиле во Зоолошката, пред морскиот лав, после што овој го проголтал и подоцна починал, поради безгранични проблеми предизвикани од граничниот камен.
   47 |   38
MK-Skopje, 16.02.2017 05:40:58
Odnosot prema zivotnite i prirodata vo Mk e katastrofalen!(Ne)Kulturata i domasnoto (ne)vospituvanje se prenesuva od generacija na generacija i nema kraj!
   42 |   30
НЕВЕН ГНЕВЕН, 16.02.2017 07:49:45
Аман бре, во зоолошка градина, портпарол. Се начукаа секаде и писмени и неписмени, па немало доволно средства за функционирање. Пријателче! Вие треба водичи да имате и групни посети на животните. А камерите зашто ви служат? Да се сликате?
   46 |   30
pero skopski., 16.02.2017 11:53:55
Ova e mnogu zalno i Jadno.Go procitav napisot i nemozam da veruvam sto se se slucuva kaj Nas.Ali isto se slozuvam so ovie 3 komentari sosema na mesto.Koj znae sto ce jademe nie Makedoncite zad Utre.Pozdrav.
   28 |   21

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
3°СкопјеВреме
Облачно
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ