www.utrinski.com.mk
28 април 2017 08:22
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
16.02.2017, 17:56

Мислења

Здрава храна

Драгана Д. Чифлиганец

Оваа тема е цела наука за која во делот на стручноста има нутриционисти со различни пристапи. Во тој дел нема да навлегувам. Ќе пишувам од моето лично искуство, на моите најблиски, а верувам и од поголем дел од луѓето, каков пристап имаме кон здравата храна

За мене храната отсекогаш била нешто споредно - се хранам за да не чувствувам глад. Изминатите десет години, колку што работам, не се хранам редовно, за разлика од многу колеги коишто не можев, или поточно не сакав да ги сфатам како за време на паузата секој ден редовно појадуваат. Одвреме-навреме, како што би рекле старите, ќе си ја чукнам главата, но по извесен период повторно ќе се вратам на старите навики.

До кога вака? Пред четири години еден доктор ме препозна по презимето и ми рече: „Драгана, како што се сеќавам дедо ти на 80 години беше кога го оперирав, но ти со ова што го гледам ќе го стигнеш многу брзо“. Тогаш почнав да внимавам, но низ годините ја заборавив болката и маката за по четири неполни години повторно да се вратам на истото.

Старите поговорки ми се омилени, бидејќи навистина се во право. „Слушај ги постарите“ е златно правило. Во минатото можеби не постоело органско производство, но се' било домашно. А, и мобилниот не ѕвонел 24 часа, како денес. Денес човек не може ни да јаде на раат - или зборува на телефон или, пак, додека јаде се читаат мејлови. Јас јадам додека возам и се' така трчаме од утро до вечер. Во минатото се знаело, имало ред. Фиксниот телефон не ѕвонел за време на ручек или вечера, а денес поголемиот дел секој е достапен 24/7. Мајка ми цел живот се лути и ми вели јади на раат, бидејќи додека јадам мобилниот ѕвони. Реално, дали тие 20 минути ќе направат разлика?

Воедно, мајка ми е специјалист по фармација и многу чита и слуша за тоа што треба да се консумира за еден организам да функционира на долги патеки. Цел живот прави домашни оброци и додека живеевме со неа, како нешто ќе научеше, така таа наутро на мене и брат ми ќе ни дадеше за појадок. А, ние често „ајде мамо доста со ’ова е здраво за ова, она за тоа‘...“. За да дојде момент вчера еден нутриционист сите работи да ми ги напише како рецепт за поздрав живот. Исто така, на татко ми често му зборуваше за начинот на исхрана и живеење, но некако не ја сфаќавме сериозно. За по неколку години и на татко ми се' што зборувала цел живот, друг доктор да му го каже истото. Што е најбитно, тој тоа толку сериозно го практикува, нешто слично како јас и брат ми. За разлика од нас двајцата, сестра ми е фанатик за здрава храна цел живот. Живее надвор од Македонија и секогаш е минимум пет години пред нас во однос на здравата храна. Кога и да ја посетам, бидејќи живее во Америка, таа ни дава книги за здрава храна и со години се труди да ни создаде здрави навики. Да бидам искрена, книгите не ги читав се' до оваа година - ми даде книга од автор што е 88 години (Your Healthy Journey), толку ненаметливо ги кажува придобивките, а и од пракса, како полека да се менуваат навиките. За некого звучи чудно, да не кажам глупаво, но по таа книга, во годишните цели за 2017 си ставив неколку за поздрав начин на исхрана. Како цел си поставив да не пијам газирано, иако никогаш не сум пиела многу, но можам и без тоа. Љубител сум на благото, па како цел си поставив наместо обична да јадам црна чоколада и еднаш неделно нешто што ми прави мерак на душата (сепак, не може од се' да се скратиме, но не мора тоа да е секојдневно). Како нешто што сите можеме да го практикуваме уште од денес, е пред и по оброк минимум 30 минути да не се пие течност, како и за време на оброк. Тоа го имам читано на многу места, но додека не си го поставив како цел не го практикував. Верувам дека има и други ставови околу тоа, но има една битна работа што сакам да ја споделам од книгата, а тоа е дека секој организам е различен и треба внимателно да ги читаме сигналите што ни ги праќа телото.

Во врска со здравата храна, имам чувство дека во последно време е како мода. Органско, био, безглутенско... црно чоколадо. Но, добро е да се имаат здрави навики, како што е здравата храна. Може да се каже дека и трчањето за некого е помодарство. Ако е така, тоа значи секоја мода ќе помине и што потоа? Како и да е, добро е бидејќи ако се почне од тоа што е во тренд, може да премине и во навика што е многу битно за нашиот живот. Сите имаме по два животи, вториот почнува кога ќе сфатиме дека имаме само еден. Тоа за жал го знаеме, но не го практикуваме во секојдневието, бидејќи додека не ни се случи нешто, го правиме само на зборови. Ќе почнам од себеси, иако пред четири години докторот ме опомена, јас се доведов повторно на исто. Зошто? Зошто тоа што е лично и најбитно, секогаш го запоставуваме, или за се' имаме време освен за самите себе. Редовната исхрана е битна и тоа сите го знаеме. Но, околу мене поголемиот дел почнуваат да применуваат нешто што е општо познато, откако ќе имаат некаков проблем.

Денес пишувам за здрава храна од неколку причини. Лично, од се' што ми зборувале мајка ми и сестра ми со години, вчера требаше тоа да ми го повтори човек што го работи само тоа, за да се трудам како ученик да се хранам здраво и редовно. Второ, за време на викендот, секогаш ги прашувам моите пријателки на која тема сакаат да е следната колумна. Од другарка ми Марија имаше предлог за здравата храна, колку е битна, поточно како влијае нездравата храна врз нашите животи. Пред да се одлучам на која тема да пишувам, се слушнав со брат ми Душко, кој е на саем за здрава храна во Германија, што беше само потврда дека е тема за која сите треба да се запрашаме: Што правиме да сме здрави?

Балансот е најбитен. Во ред е да се јадат и нездрави работи, но ретко. Треба да сме умерени и да сме свесни за тоа.

П.С. Дали сте знаеле дека во Република Македонија се добиваат 50 отсто повеќе субвенции за органска храна. Јас денес дознав и тоа е одлична информација за производителите за органска храна.

Ви посакувам убав и здрав викенд.

(Авторот е извршен директор на „Адора инженеринг“)

Статијата е прочитана 2797 пати.


Испрати коментар
Сега ни треба платформа за деблокада на системот
Платформа на разбранувано море
Zdrava hrana - subvencii, 17.02.2017 05:36:56
PS:Dali ste znaele deka vo MK 50% od subvenciite za organska hrana odele na pogresni adresi!?
   36 |   14
jovan, 17.02.2017 07:54:17
Prvata recenica kazuva se, jadi da ne bides gladen. Se drugo e sporedno i ne tolku vazno vo sporedba so prvoto. Neorganska hrana, ne postoj. Covekot jade organski proizvodi. Toa e marketinska gglupost deka imalo neorganska hrana. Neorganski proizvodi, plastika, metali,kamenja....covekot ne jade. Prosto pravilo. Ponekogas suv leb i sol e pixdravo od svezi jagodi, norovinki...itd. Sto e zdravo a sto nezdravo, nema nekoe pravilo, iako treba da se obrnuva vnimanie, no ne i da se dramatizira.
   33 |   19

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
11°СкопјеВреме
Претежно облачно
Пет28
Саб22
Нед16
Пон21
Вто23
Сре23
Чет24
Пет22
Саб23
Нед23
НајчитаниНајкоментирани

Насилството запре, демонстранти ќе спијат пред Собрание
Тешка владина криза во Хрватска
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ