www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 17:34
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
14.02.2017, 17:27
Дамјановски четврти на „Мавровскиот меморијал“ и со „А“ норма за ЗОИ во Пјеонгчанг



Првиот натпреварувачки ден на меѓународниот натпревар во нордиско скијање „Мавровски меморијал“, што се одржува на падините на Бистра, ги донесе трките во 10 километри во машка и 5 километри во женска конкуренција.

Во машката трката на 10 километри, одржана на патеката „Мирна долина“ најбрз од 25-мината натпреварувачи кои стартуваа беше Хрватот Еди Дачиќ, кој оваа делницата ја мина во време од 19:47.0 минути, пред Србинот Дамир Растиќ и  Младен Плакаловиќ од БиХ.

Македонскиот репрезентативец Дарко Дамјановски, кој имаше време 20:44.5 минути или 57.5 секунди заостанување зад победникот, го освои четвртото место, но она што е позначајно тој со освоените 90 ФИС-точки ја оствари целта, односно обезбеди „А“ норма за настап на Олимпијадата во Пјеонгчанг.

Кај жените на патеката од 5 километри најбрза беше Дејана Косарац од БиХ со време 12:27.8 минути, нејзината сонародничка Сања Кусмак, а место на пиедесталот избори нашата натпреварувачка Викторија Тодоровска која оствари резултат од 12:46.0 минути.

Утре повторно ќе има натпревари на 10 километри кај мажите и на 5 километри кај жените.
Статијата е прочитана 420 пати.


Испрати коментар
Победи за Вардар и Шкендија
Второ злато за Хиршер на Светското првенство во Сент Мориц
Фени Индустри против Карпош Соколи во финалето на Купот
Голема победа за ракометарите на Вардар против ПИК Сегед
Илчо Ѓорѓиоски едногласно реизбран за претседател на ФФМ
МЗТ Скопје Аеродром последен полуфиналист во Купот
Лазаров и Ристовски дел од триумфот на Барселона над Шафхаузен
Карпош Соколи прв полуфиналист во кошаркарскиот куп
Ибрахимовиќ и Џеко ѕвезди на вечерта во Лига Европа
Лекиќ уште две сезони во ЖРК Вардар
Ѓорѓиоски избран за член на Организацискиот комитет на ФИФА
Кот победник на денешните скокови во Кореја
Одлуката од Лозана за Адеми дури на 17 март
Убедливи победи на Баерн и Реал во првите осминафинални дуели од ЛШ
Крафт победник на ски-сковите во Пјонгчанг
Триумф на Кливленд на гостувањето кај Минесота
ПСЖ убедлив во првото осминафинале против Барселона во ЛШ
Симјановска сепак ќе се натпреварува во велеслаломот во Сент Мориц
„Винсенте Калдерон“ домаќин на финалето на шпанскиот куп
Ерни сензационален победник во комбинација на СП во Швајцарија
Ентони го предводеше Њујорк до важна победа над Сан Антонио
Червар - Македонија живее за ракометот

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
3°СкопјеВреме
Облачно
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ