www.utrinski.com.mk
18 декември 2014 21:54
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
01.11.2006, 15:29
Зошто не е споменат масакрот во Вејце?

Жарка Костеска, Скопје, мајка на водникот Игор Костески кој беше масакриран во Вејце

Господинот генерал Панде Петровски пред еден месец ја одржа промоцијата на книгата „Сведоштва 2001“. Не знам поради кои причини се' уште ниту во една книжарница во Скопје не може да се најде и бев принудена да ја купам директно од претставништвото на печатницата „Киро Дандаро“ во Скопје. Со интерес ја прочитав и истакнувам дека мојот впечатокот е мошне позитивен, уште повеќе што моите досегашни сознанија за војната во 2001 година во целост се совпаѓаат со оние факти што генералот ги изнесува во книгата.

Добар гест од страна на генералот е што изданието го посветува на херојски загинатите борци во 2001 година, меѓу кои е и мојот син, водникот Игор Костески, кој имаше многу добро мислење и со восхит ни зборуваше за авторот како за врвен воен стратег и водач.

Ме радува што се најавува и второ издание, во кое генерал Петровски ќе дообјасни и други настани од војната во 2001 година, во кое очекувам со име и презиме да ги каже планерите и режисерите на војната, со што ќе помогне судовите да им ги изречат заслужените казни, бидејќи нашите тужби судовите брзопотезно ги одбија како неосновани, зашто сме немале доволно материјални докази.

Но, главниот повод за ова мое јавно е авторот да ми одговори на прашањето - зошто во неговиот труд ниту со еден збор не го споменал масакрот во Вејце? Како заменик-началник на Генералштабот на АРМ, дирекно ги водел борбените акции и треба да знаете зошто и како се случи Вејце.

Да потсетам дека масакрот во Вејце со својата жестокост, бруталност и нехуманост не само што ја вознемири и згрози македонската и светската јавност, туку како настан дирекно влијаеше на наредните текови на настаните, односно на формирањето на широката коалициска влада, подготвувањето и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и, воопшто, на прекинот на воените дејства.

Дали и за Вас масакрот во Вејце треба да остане нерасветлен докрај со што се придонесува да не се откријат убијците и предавниците?!

За мене како мајка, чие чедо беше масакрирано во Вејце, тој настан нема ниту да го заборавам ниту да го простам, а најмалку, пак, посакувам да биде покриен со пепелта на нашите живи изгорени чеда и храбри македонски херои. За жал, уште од почеток па да денес, се прават обиди од многу врвни раководни лица во нашата држава и други поединци во меморијата на идните генерации да биде избришан масакрот во Вејце како крвав настан од војната во 2001 година.
Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
2°СкопјеВреме
Делумно облачно
Чет8
Пет9
Саб12
Нед7
Пон7
НајчитаниНајкоментирани
01.11.2006, 19:30

Европските главоболки поради Грција
Богатите Руси купуваат недвижности во Лондон
Нема позитивни изненадувања од Брисел за Македонија!
     Site Meter   
период од-до
-