www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:04
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
18.10.2013, 13:47
Евтината работна сила ги донесе „Кромберг и Шуберт“



Инвестицијата чини 26 милиони евра и во оваа прва фаза се вработени 836 лица.

Анета Блажевска

Битола - Без државна помош и евтина работна сила немаше да има фабрика на „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ крај Битола. Ова се клучните фактори кои го привлекоа германскиот инвеститор да вложи во Македонија во изградба на капацитет за производство на автомобилски кабли.

„Кромберг и Шуберет“ денеска свечено беше пуштена во работа. Инвестицијата чини 26 милиони евра и во оваа прва фаза се вработени 836 лица. До крајот на годината ќе бидат вработени уште 200. Вкупниот број на вработени до крајот на 2015 година ќе биде 3.500. Фабриката се простира на површина од 20.000 квадратни метри.

Сопственикот на „Кромберг и Шуберт“, Ханс Ото Кромберг, детално ја образложи потребата за инвестирање во Битола.

„Високите трошоци за работна рака во Германија не' принудија да ги поминеме последните три декади барајќи локации со поевтина работна рака. За нас оваа тешка ситуација значеше барање на нови локации со постабилни ценовни структури“, рече сопственикот Кромберг.

Она што битолската опозиција неколку години наназад го тврдеше дека во „Жабени“ не се инвестира поради преголемата влага на земјиштето, сопственикот Кромберг го потврди. Тој информираше дека без помош од државата за тампонирање на теренот немало да инвестираат во „Жабени“.

„Со купување на земјата се соочивме со голем проблем, иако водните површини во близина требаше да не' предупредат. Поради водата во земјиштето основите на нашата фабрика мораа да се изградат врз насипи. Оваа додатна работа значеше дополнителни трошоци од 1,5 милиони евра.

Ние сме приватна компанија, која својот профит го реинвестира во изградба и имаме ограничен пристап до финансиски капитал. Финансиската помош од Владата и државната помош во купувањето на земјиштето беше клучен фактор во нашата одлука да инвестираме. И затоа сум многу благодарен“, рече Кромберг на свеченоста.

Министерот Веле Самак посочен како најзаслужен за доаѓањето на „Кромберг и Шуберт“ во Битола, вели дела не знае колку плата им дава инвеститорот на македонските работници.

„Тие се прашања за фирмата, ние не регулираме плати. Тие се прашања на пазарот, но знам дека имаат одлична соработка со Агенцијата за вработувања, инвеститорот е задоволен од понудената работна сила“, рече Самак.

Запрашан какви се' привилегии имаат странските инвеститори во државата, рече дека генерално политиката на Владата е да им понуди даночни ослободувања на инвеститорите. Таквото субвенционирање според него е економски оправдано. Сепак негираше дека Владата им дава субвенции за плати на странските инвеститори.

Црвената лента ја пресече и премиерот Никола Груевски, кој истакна дека заедно со Општината направиле се' за да ја подготват индустриската зона за инвеститорите.

„Општината инвестираше во инфраструктурата и поврзувањето, а ние како Влада ја направивме електрификацијата, но и изградивме 4,5 км далновод. Компанијата е извозно ориентирана и ќе има свој придонес за македонскиот извоз во Европа и светот“, рече Груевски. Оваа фабрика во „Жабени“ е 22. индустриски капацитет на „Кромберг и Шуберт“ во светот.

Градоначалникот Талески возбуден од настанот рече дека отворањето на фабриката е негов сон.

„Ова за мене е големо доживување. Оваа реалност тргна од еден голем сон“, рече Талески.




Статијата е прочитана 6386 пати.


Испрати коментар
Социјалната помош да не се укине веднаш поради ниска плата
За власта мерките на СДСМ се штетни, за експертите - применливи
„Вселенска авантура“ на „Бимилк“ во „Рамстор“
pile, 18.10.2013 14:12:30
Kakva avtomatizirana ili poluavtomatizirana tolku propagandno najavuvana fabrika e ovaa.Pa ovaa ne lici ni na pogon za proizvodstvo na tekstil, kako da e vo vreme na manufakturnoto proizvodstvo.Ajde napravete intervju so nekoj rabotnik kolku mu e platata, na nivo na cenata na trudot vo N.R.Kina ili nekoja od afrikanskite zemji.Ovaa ti se veli djabe raboti dzjabe ne sedi, i zamena na socijalnata pomos so navodna plata ako voopsto ja dobivaat rabotnicite.Aj da vidam koj ke pokazji lista na plata povisoka od 10 000 denari po rabotbik soi sredno obrazovanie a poveke od 12 000 so visoko do 15 000.I normalno ke sledi, pa sekade e kriza i vo Evropa e kriza.
   86 |   81
mk, 18.10.2013 15:11:45
a kade e toa zabani
   86 |   73
Beti, 18.10.2013 16:23:53
So rabotnici koi odat vo tri smeni i zemaat minimalna plata od 8- 10 000 denari ke im pomagame na stranskite investitori da pravat profit i se bogatat. Pa uste i drzavata treba da subvencionira i pomaga za lugeto da i bidat robovi . Po se izgleda deka minatoto e nasata realnost i idnina. Денови ли се – денови аргатски маки големи! Стани си утре порано Дојди си вечер подоцна, наутро радост понеси навечер тага донеси – ај, пусти да е, пуст да би останал живот кучешки! Роди се човек – роб биди роди се човек – скот умри, скотски цел живот работи за други, туѓи имоти. -Кочо Рацин
   80 |   89
NEE, 18.10.2013 16:24:53
So finansiska pomos od Vladata Kromberg i Subert otvori firma vo Makedonija.vlozile 85 Mil. evra.Koj znae koj gi vlozil, krombeg i subert sigurno ne, tie ne ja napustaat KINA.A Talevski moze da prodolzi da sonuva kako eden den Makedonija ke stane cvetna gradina. Profit i samo profit e vazen, sto e i normalno, ama deka nemale da vlozat vo Zabeni se dodeka ne se sredilo zemjisteto e isto interesna vest.Taka da znaci, nivite po Makedonija i ne bile bas tolku pogodni za investicii se dodeka Vladata ne gi izmazni i napravi sigurni.Zemjisteto isto taka go ima sreduvano sigurno Germanska firma, taka da na Makedonija i ostanuvaaat 0 Evra od investiciskiot bum.Toa go ima samo kaj nas.
   81 |   93
Risto na majka, 18.10.2013 17:01:37
E NE gi privlekovme oti sme globalen investicijski tigar i visokotehnoloshki razvieni! Konstatacijata i Anallizata Vi e mnogu jaka! Da bideme srecni sto uopshte i doagaat frimi za da gi ostavat t.e investirat svoite sredstva vo MKD...hihii
   81 |   99
mishko, 18.10.2013 18:12:53
Ова никако не треба да се гледа како инвестициски успех на владата оти вработувањето на 836 лица се должи на ,,јевтиноќата,,на работната сила.Па така поарно би било сите 836 вработени да биле евидентирани во бирото за вработување одколку вакво нешто.Поарно би било место финансиско музицирање на Шуберт секој месец, да го слушат милниот глас дал сопран или баритон ,,дојде за месец дена или три месеци(зависно од категоријата на невработените) да ви ставиме печат во книшката за невработени,,Талевски имал голем сон за оваа фабрика,додека некој од спротивната страна има кошмар оти полека но сигурно идејата за слободни зони по терк на политичкиот противник дава резултати.
   96 |   84
Трпе, 18.10.2013 19:13:12
Сигурно позади ова се крие некој наш Кронберг & Шубер.Вистинскиот ќе биде само акционер. Ќарот ќе го види фамилијата нудејки робови во 21 век.Наместо владата да отвараше вистински домашни производствени капацитети таа недомаќински се расфрлаше и переше домашни пари од грбот на наивниот маќедонски народ.Чудно е што повеќе странски инвеститори стојат на граница и се плашат да влезат во РМ.Каде на друго место во ЕУ ќе најдат работници за 150 евра и субвенци од власта.Наградно прашање за 10 евра : Зошто се радуват грабоначалникот и премиерот во жабокречината.
   99 |   96

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
    Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ