www.utrinski.com.mk
28 април 2017 08:18
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
16.02.2017, 18:02

Си велам

Платформа на разбранувано море

Ерол Ризаов

Има нешто многу поголемо и позначајно од платформа ни на небо ни на земја, а тоа е какво општество ќе градиме по егзекуција на режимот

Тешко е да се живее и работи на платформа, особено ако подолго време е разбранувано морето или океанот. Може да попушти пред налет на силни бранови, а уште поверојатно да се запали при избувнувањето на гас или нафта. Можна е катастрофа и при мирно море и при најмало невнимание. Во Мексиканскиот Залив, на пример, пред неколку години при ископување нафта дојде до експлозија на метан, која предизвика стравотна планетарна еколошка катастрофа и помор на живиот свет. Некои екологисти ја сметаат за најголема еколошка несреќа. Штетата, освен повеќе човечки жртви, загинати и ранети работници, достигна стотици милијарди долари. Последиците не можат целосно да се отстранат со години. Жителите на тоа крајбрежје никогаш не се оправија од загадувањето предизвикано од човечки фактор на платформата на глобалната компанија „Бритиш оил“.

Луѓето кои живеат и работат на платформа имаат посебни потреби и привилегии бидејќи им е ограничен просторот на движење, тие се чувствуваат како да се во затвор каде што важат строги правила и при работа, но и при привидна слобода. Постојат многу забрани до каде може да се оди. Секое невнимание на платформата е голема опасност по животот и здравјето на луѓето и кои се, но и многу повеќе кои не се на платформата. Затоа вработените се под постојан надзор. Тие имаат повеќе бенефиции, добро се наградени и по секои 15 дена работа задолжително добиваат повеќе платени денови кои ги поминуваат на одмор, на слобода и во цивилизација, како што велат тие. Платформата вработените ја третираат како мал вулкански остров, живеат и работат под притисок и страв да не дојде до голема хаварија бидејќи сите се на кратерот на вулканот кој може да избувне.

Има платформи и на суво. Тие се многу поинакви од морските наменети за вадење нафта и гас, но сепак се платформи кои имаат ограничувачки простор на движење. Има една во Скопје, која мене ми се чини најсоодветна за ова мое писание. Можеби експертите за градежништво ќе ми забележат дека оваа не е најпрецизниот израз за плоштадот што се гради пред Старата скопска чаршија и која го премостува булеварот и се протега натаму да барокните зданија крај Вардар затварајќи ги целосно од вид и чаршијата и Даутпашиниот амам, националната уметничка галерија. Оваа платформа над земјата е новиот плоштад „Скендербег“ кој се гради подолго време наспроти плоштадот „Македонија“ од другата страна на Камениот мост. Некои го викаат плоштадот на ДУИ бидејќи таму се одржуваа митинзите на партијата и тука е подигнат споменикот на Скендербег.

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, е посебно горд на овој плоштад за кој си земав новинарска слобода да го наречам платформа, или чардак ни на небо ни на земја. Меѓутоа, чардакот – платформа кој требаше да биде изграден според роковите до Нова година, наеднаш остана така да виси во воздух. Работите беа прекинати повеќе месеци. Се разбира, тоа нема никаква врска со влошените односи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по изборите, ниту пак со ставовите на Меџити за нови коалиции и партнерства. Платформата на Меџити нема врска ни со заедничката платформа на албанските партии. Човекот се подготвува од поодамна за локални избори напролет. Меѓутоа, на замреното градилиште деновиве наеднаш се појавија многу работници, инженери, техничари. Доградбата на платформата почна со драматична брзина. И ова нема никаква врска со крајно разнишаните односи меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и со поведената бракоразводна парница меѓу долгогодишните партнери. Нели. Може да се дојде до многу погрешен заклучок ако деновиве некои републички инспекции не ја запрат изградбата. Експертите за коалиции можат да откријат дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле нешто важно. Одговорот ќе ни го кажат аналитичарите во зависност од стопирањето или забрзувањето на изградбата на платформата, која неколку пати е проширувана од првобитниот проект. Не знам дали плоштадот „Скендербег“ ќе биде готов до локалните избори, ама знам дека таму ќе има голем митинг. Ако има избори.

Има и политички платформи. И таму е ограничена слободата и движењето до каде може да се оди. Една таква платформа која градителите ја осмислиле како постизборна револуција им го мати паметот деновиве на многу луѓе, а мислам најмногу на националистите и шовинистите од двете страни кои веднаш ги покажаа роговите. Веќе го поставив прашањето што ќе добијат, а што ќе изгубат Македонците , Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците, Србите, Власите... и сите други што живеат во Македонија ако огромното мнозинство граѓани се изедначи во обесправеноста, бедата и сиромаштијата, ако продолжи да живее на платформа со која управуваат моќници и тркачи по профит на нечесен начин, осомничени властодржци за организиран криминал и корупција. Што ќе ни е платформа на која сите се под надзор и прислушувани, на која немаш право на сопствен избор и за разлика од вистинските платформи платите се бедни и понижувачки.

Не може да не пречи ни на најнеутралните граѓани понудата на платформата во стилот земи или остави и сега му е мајката. Се очекуваше поголема почит кај лидерите на албанските партии, особено кај ДУИ на извонредната историска лекција која им ја испратија гласачите. Тие не бараа партиска платформа, туку нешто многу позначајно и поуниверзално, а тоа е слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото, независни судови и медиуми, но пред се' подобар и побогат живот за сите граѓани на Република Македонија.

Не знам каква понуда или платформа упатил СДСМ до водачите на албанските партии и што прифатиле или отфрлиле социјалдемократите и нивните партнери, но чинам има уште време на последните заеднички состаноци сите лидери да настапат државнички, а не тесно партиски и да договорат нешто многу позначајно, а тоа е по егзекуцијата на режимот да дадат јасен и гласен одговор какво општество ќе градиме заеднички како пристојно место со еднакви права и одговорности за сите граѓани кои живеат во Македонија. Така Македонија може да се врати на вистинскиот пат како фактор на стабилноста на Балканот и да биде прва земја во регионот која највисоко ќе ги крене универзалните стандарди на демократијата и човековите права.

Платформите сами по себе се ограничени во секој поглед. Доследната примена на Уставот во практиката и во секојдневниот живот нуди многу поголеми можности отколку сеалбанската платформа правена на врат на нос, која македонските националисти ја доживуваат како атомска бомба, а албанските како глупаво комплицирање и непотребно задржување кон создавање трета албанска држава на територијата на Македонија.

Во овие денови на исчекување, шпекулации, преговори и договори мора да преовладеат студени глави и разум, државнички настап со јасна порака до граѓаните дека се отстранети причинителите на кризата и дека Македонија е одлучна на патот кон Европа и НАТО, кон слободата, но и кон одговорноста за спроведување на историската шанса. Дали е избран вистинскиот пат и вратена довербата кај граѓаните ќе покажат многу бргу локалните избори, а уште побргу настаните што ќе се случат во Македонија до изборите. Големите настани исфрлаат на сцената и големи личности и државници. Македонија повторно е во еден таков момент, каков што беше распадот на Југославија и одбегнувањето на крвавата војна кога ја добивме независноста без ниту еден испукан куршум и без ниту една жртва на територијата на Македонија. Вториот момент беше Охридскиот договор кој ја спречи граѓанската војна. Во овој миг недостигаат мудроста на претседателот Киро Глигоров и прагматичноста на претседателот Борис Трајковски. Првиот ја испрати од земјата ЈНА со потпис на меѓудржавен договор, а вториот не прогласи вонредна состојба 2001 година иако беше изложен на силен притисок тоа да го направи што лесно можеше да ја вовлече Македонија во крвава граѓанска војна. Денешниот претседател Ѓорге Иванов не е дораснат на историскиот миг. Повторно е во фаза на мирување. Човек не знае кога е полошо кога молчи или кога зборува. Иванов покажа дека на Македонија не и' е потребен претседател. Некои се трудат да докажат дека на Македонија не и' треба ни влада. Ќе сме биле како Белгија. Еве оваа која е сега како да ја нема, целосно е нефункционална. Парламент нема, никој не ни чувствува потреба да го има.

Нема влада, нема премиер, нема парламент, нема претседател на државата. Кој рече Белгија.

erizaov.mk

 

 

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот

НАПОМЕНА: Преземањето на текстот или делови од него, како и преземање на фотографија е дозволено само со одобрение од "Утрински весник" или според правилата на МПМ. За правилата на МПМ за преземање авторска содржина кликнете тука.

Статијата е прочитана 5155 пати.


Испрати коментар
Сега ни треба платформа за деблокада на системот
Здрава храна
jovan, 17.02.2017 00:13:20
Posle Albanskata platforma(pisuvana vo Tirana),eve i Zingo najavi *Makedonska* platforma(pisuvana vo Belgrad od SANU), sto znaci, na Makedonija i se brojat poslednite denovi. Dobroto vo seto ova e, sto onaa VMROvska bagra sto ripa po fejsbukot, konecno ke svati deka ova VMRO e obicna kriminalna predavnicka bagra, koja nema vrska so patriotizam i so Makedonija.Mozebi togas namesto da ripaat po se sto e protiv VMRO, konecno ke ripnat da se spravat so onie megu niv, koj sluguvaat na drugi, a glumat Makedonci i VMROvci. Koj znae, mozebi ovaa propast vo koja zapagame, na kraj da ispadne i dobro.Konecno da rascistime so nekoj familii koj 30godini izigravaat golemi Makedonci, 30godini se na vlast so sekoja partija, 30godini rabotat za tugi interesi i agenturi.
   79 |   49
EU, 17.02.2017 01:01:07
Ne moze da se sporeduvame so Belgija oti tamu nemaa vlada dolgo vreme, no imaa i imaat institucii sto se grizat za ispolnuvanje na pravata i potrebite na graganite. Da imavme stabilni institucii sekako deka ke ni bese poarno bez kriminogena-tenderska vlada.
   69 |   41
со твој камен по твоја глава, 17.02.2017 01:29:39
влада во без гласно македонско општество е непотребен луксуз, море не луксуз , баксуз бе...
   84 |   70
Applewood K., 17.02.2017 02:58:30
Vo mesec February se slucuvale dosta znacajni nastani.Od NOB tuka e Februarskiot pohod,a isto nasite sogradjani Albanci vo ovoj mesec go pocnale vooruzeniot konflikt za pogolemi prava.Deneska vo ovoj mesec se pravat napori, se analizira, sestrano se sogleduva itn., da se usoglasat stavovite pomedju SDSM i DUI za formiranje na Vlada na RM.Vo ovoj mesec samo za edna nedela(04-11 Februari 1945) na Yalta se podeli svetot na interesni sveri pomedju Stalin,Roosevelt i Churchill.Samo za edna nedela!Makedoncite i Albancite vo RM(grad-drzava) velat deka moze da potrae ovoj proces za formiranje na Vlada,dosta dolgo!? Platformata, pa platformata!? Kako vo platformata da se sobrani, kako vo torba, dusite na site gradjani vo RM, pa nekoj moze da gi frli vo reka!?Ostvaruvanjeto na elementite od Platformata treba da bide vo eden podolg proces, ako seriozno i odgovorno se pristapi.Vlada treba sto poskoro, a i zakrepnuvanje na drzavnite institucii.Ama sepak nie sme balkanci so vizantiski maniri, za zal
   54 |   35
Никола, 17.02.2017 03:15:42
За кој режим пишуваш.Па зарем ако имаше режим вие ќе правевте толку пари со вашите лаги кои секојдневно ги пласирате и му го перете мозокот на граѓаните.Редно е веќе еднаш да ги гледате работите со свои очи а не со очите на тие што ви кажуваат што да пишувате.Стана веќе досаден,пиши нешто реално.
   99 |   116
riki, 17.02.2017 03:31:43
Платформите во Македонија се нај уникатни и се платформираат по потреба.На маките и мизеријата на граѓаните,па макар се викале и Албанци,повеќе за индивидуелен рејтинг одколку за нивните интереси,градат поново лажни митови и морбидни сценарија.Пред изборите немаше ни П од платформи,но со катастрофалните изборни резултати,се принудени да компонираат нови популистички спинови,без разлика дали името му е Ахмети или Груевски.Според Алити,овој вториот на СЕ се согласил со првиот,само СЈО по далеку од него?!Значи не било до државата и милите му граѓани,туку до сопствената кожа.И на место трезвено и интензивно решавање на кризата,тие од една,генерираат две кризи.И што сега овој глумацот,сценаристот,новинарот,и незнам што уште не е,кој цела една деценија ја игра улогата наречена Патриот,зошто повикува на војна?Која е пак неговата платформа,лапање народни пари,тоа ли?Е нема батка веќе,од сега натаму пари,ама со спот само..
   52 |   47
bitola-1, 17.02.2017 07:26:00
I vo RM politicarite,novinarite,sudot,,,si imaat do sega stabilna platforma na:Vikaj na cel glas *drz te go aramijata*a tie kradenjeto go vpisaja kako olimpiska disciplina za koj poveke ke ukrade: dokaz za ova e 26g, e kriminalot-bezakonie i zloto bez KAZNA, nadgradeno so kamuflaza na nekakvi si OJO,antikorupciska,finansiska,anketna komisija i sto ne kukli {Se tresese gorata se rodi glusec-ili pogolem aramija},sega i so dve godini SJO-bez rezultati ,aj ke pocekame,ima vreme-za koj kako {koj ke ja dozivee stota ke kaze}?Denes dpmne ne izleguva na presevi kako pred nekoj mesec,i da ni kaze deka nekoj ne odi na rabota a bez sram si zema pratenicka plata{da ja vratat}?I tuka sds i dpmne se najdoja na ista linija.pokraj dosega:Telekom,stanovi,kirii,, procent od zutite-kaj vice...?i site molcat,se razbira i Erol borecot za novo{a sepak staro i isto}za sloboda i kazna za aramite,ama zakonski{sdsmovski i dpmneovski}-so beskonecni istragi i na kraj-zatvor nekoj kurban. Svrti nova lenta Erole.
   81 |   45
do Erol i Cane, 17.02.2017 07:27:29
Taa searnautska platforma treba da ja dozhivuvaat kako atomska bomba i *liberalnite* Makedonci,a ne samo patriotite.Za tebe Cane nacionalizmot e neprifatliv i go osuduvash.Takov vpechatok sakash da ostavish.No sepak ti podrzhuvash nacionalizam,onoj od arnautskite iredentisti.Za tebe toj ne pretstavuva opasnost.Za tebe arnautskiot nacionalizam e patriotizam,a makedonskiot patriotizam za tebe e nacionalizam vo negativna smisla.Ti imash pogreshni percepcii ili si mazohist.Ne ti e jasno zoshto Makedoncite ne glasaat za nekoja arnautska partija.Zatoa sto niedna takva partija ne se zalaga i ne se bori za nekoj makedonski interes i kauza.A glasovite koi gi dobi SDS od del od malcinskite glasachi ne e zaradi nekakvo gragjanstvo,tuku zatoa sto tie vo SDS gledaat partija koja bi im gi ostvarila nivnite nacionalistichki i iredentistichki zalozhbi.Jasno li ti e sega ili treba da ti nacrtam?
   83 |   90
Naumce Srbinoski, 17.02.2017 07:34:12
Ke ima prevod na albanski vo Sobranie koe shto go nema, vo Vlada koja shto ja nema, a drpa na golemo, i Predsedatel koj shto e podobro i fizichki da go nema. Najgolema nesreka e shto veke i narodot si otide. Taka shto veke i ne e vazhno dali ima ili nema od predhodno spomenatite.
   66 |   35
respekt, 17.02.2017 07:45:53
Нема влада, нема премиер,нема парламент, нема претседател на државата, значи -- НЕМА ДРЖАВА. Има МАФИЈА на платформа. Бурата е во тек. Се очекува хаварија на платформата.
   63 |   35
bitola-1, 17.02.2017 07:46:18
Svrti nova strana{lenta} Erole,baraj vistinski promeni,baraj popis na naselenieto,baraj nov model za glasanje, baraj efikasnost,objektivnost i konecni rezultati od SJO,{a ne pandem-ramnoteza na OJO},baraj zakonot da vazi za site isto i bucko da ja lezi premalata kazna za voeno profiterstvo,baraj revizija na 26g,krim- politika, baraj zamrznuvanje na imotite na osumnicenite,baraj prolet so novi lisja,a ne zamrznata sds-dpmne agenda....Vreme e Erole,dosta so partiski izvestaj i ednookost.Dobro bre Erole,vistina ne mozes da ja vidis krim igrata so DOGOVOR za neodgovornost megu sds i dpmne{dokaz 2002-06g}a i koj sega zatvore dpmne,onie koj go navredija sds{bc}Velija koj pomogna za pad na BC,Lube koj so Staninov {UJP},gi masakriraja sds-direktori{gi pretopija vo janicari}=A.Bajram. Podrska na strajkot na Utrinski,i od mene,i da mu se isplati srabotenoto{kakvo-takvo,sepak e najdobro vo RM}.
   71 |   43
meksikanec, 17.02.2017 08:28:08
Трагично е што не се сваќа,дека платформата е трик за ограничување на слободата на просторот за делување.Обично ја прават тие што никогаш нема да се таму.Затоа оставаат многу пропусти и дефекти,за да можат да се спорат со тие што се против,а тие што се во неа да мислат дека мислат на нив.,без да сватат дека оградата е ограда,макар да е со закон или бодликава жица.Тоа е затоа,што лудацице кои ги измислуваат,не сваќаат дека ѕидот е ѕид,било да е Берлински,Кинески или Мексикански.Еден мудар командант,кој добил шанса прв да влезе и работи во новата касарна,главните сообраќајници ги направил по проектот,а патеките по кои треба да се движат војниците до објектите,одлучил да се направат отпосле,и тоа на најутабаните патеки,направени од нив,додека оделе таму каде што треба.Сега кога народот бара водовод и канализациа,леб иработа,илузорно е да му градиш покриен базен и разноразни платформи,а нема Собрание и Влада,нема што да јади.И тоа само за да ги заштитиш криминалците кои се виновни за се.
   61 |   44
od ostrijot, 17.02.2017 08:33:52
da avtorot e potplno vo pravo no patformite na nasite partiji i lideri nemoze nitu vetar ili gas daim nasteti nego samo skrupolozni luge i luge so kriminalen duh a bas takvi momentalno ja vodat drzavata.
   59 |   36
Ајван Доктор®, 17.02.2017 08:39:20
Што е тоа што ДУИ не го остварија последнава деценија дружба со ВМРО,а да не е впишано во платформата?!Говорат на свој јазик во Собранието,двојазичноста се претвора во албанска еднојазичност во повеќе општини,двоглав орел свети кај Бит-пазар,во Чаир,бројни училишта преименувани,а најнеуките партијци го пополнија процентот за малцинствата!Наместо селекција според знаење се применија вработувања исклучиво по партиски клуч!Пообесправени се оние високообразованите (ги има и со научни титули) без работа (Албанци-Македонци-и-останати) од многумина полуписмени до-крај-неуки партиски војничиња на ВМРО и ДУИ кои седат дома и примаат плата,или се тринаесто прасе во некоја државна канцеларија уживајќи ги благодетите од своето лигавење!Деновиве една фирма,со епизодна улога во прислушкуваните разговори,си умисли дека е на нафтена платформа,па пронајде и издупчи гасоводна цевка среде Скопје и никому-ништо!Не знаеле кутрите дека на плацот кој им го (про)дала државата има и „изворче“на земен гас!Врв!
   85 |   42

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
11°СкопјеВреме
Претежно облачно
Пет28
Саб22
Нед16
Пон21
Вто23
Сре23
Чет24
Пет22
Саб23
Нед23
НајчитаниНајкоментирани

Насилството запре, демонстранти ќе спијат пред Собрание
Тешка владина криза во Хрватска
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ