www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 00:36
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
19.03.2017, 17:35

Сто дена без влада

Македонија не памети толку долг институционален вакуум како овој со кој е соочена уште од декември минатата година

Александра М. Митевска



Наместо новата влада да ги троши во овој период своите први сто дена по изборите на 11 декември минатата година, Македонија заокружува сто дена без влада со полн капацитет. Поради тоа е доведен во прашање и легитимитетот на речиси сите други институции на системот на државата.

Иако барањето на СДСМ за продолжување на конститутивната седница на парламентот е некаков исчекор во насока на деблокада на институциите, останува неизвесноста како понатаму ќе се развиваат политиките во однос на составувањето на владата. Очекувањата во опозициски кругови се дека со завршувањето на конститутивната седница, односно со изборот на нов спикер ќе почнат да течат уставно предвидените десет дена за добивање на мандатот за состав на владата. Потоа следуваат уште дваесет дена во кои мандатарот би требало да ги заврши преговорите со планираните коалициски партнери. Според тоа, процесот би можел да се пролонгира до средината на април, ако не и подоцна, во зависност од тоа кога ќе биде закажано продолжението на конститутивната седница и како понатаму ќе постапува шефот на државата.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во петокот излезе со најава дека ако го добие мандатот, ќе ги скрати предвидените 20 дена за составување на неговиот кабинет, во кој се планира да партиципираат ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците. Тој рече дека би сакал веќе на почетокот на следната недела да има влада, но дека работите не зависат само од него.

„Тоа прво значи закажување на седницата, избор на претседател на Собранието, допис до господинот Иванов, негова одлука кога ќе го даде мандатот. Јас, верувајте, како потенцијален мандатор, нема да дозволам да се трошат дваесет дена за преговори за нова влада. Ќе гледам максимално можно, доколку го добијам мандатот, да ги скратам сите овие рокови, за да им заштедиме време и на граѓаните на Македонија. Очекувањата на сите се да има натпревар во државата по пат на дебата, економски проекти и идеи - слично како и во секоја нормална земја“, изјави Заев.

Да не се случеа превирањата и тактизирањата за формирањето на новото парламентарно мнозинство, наметнати поради тесната постизборна разлика меѓу најголемите партии во деветтиот парламентарен состав, Македонија уште кон крајот на јануари или во почетокот на февруари требаше да има функционален парламент и избрана нова влада. Наместо тоа, земјата навлезе во четвртиот месец како преживува со „половични институции“: без претседател на парламентот, кој би можел да закаже собраниска седница или да распише избори; со влада во заминување, во која дел од членовите, вклучително со премиерот, се избрани за пратеници; од неодамна и со локални власти кои се пред истекот на својот мандат... Во ваква ситуација, единствено валиден е мандатот на претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го користи моментот за да го одложува до бесконечност повторното давање на мандатот за состав на новата влада, откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да ја обнови коалицијата со ДУИ.

Во изминатите две и пол децении, во кои се одржаа девет циклуси парламентарни избори, Македонија не памети толку долг институционален вакуум како овој со кој е соочена уште од крајот на минатата година. По воспоставувањето на плурализмот во земјава, во три наврати досега се случуваше смена на власта меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, при што интервалот од одржувањето на изборите до изборот на влада не стигнувал до повеќе од педесетина дена, со оглед на уставните рокови од десет плус 20 дена, кои почнуваат да течат со конститутивната седница.

Првата смена на власта беше во 1998 година, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт по два мандата на СДСМ на „Илинденска“. Тогаш изборите се одржаа на 18 октомври, а владата беше избрана веќе на 30 ноември. Четири години подоцна, СДСМ се враќа на власт, по изборите на 15 септември, по што новиот владин кабинет е избран на 1 ноември. Во 2006 година, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го формира својот прв владин кабинет, кој е избран во Собранието на 28 август, откако тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски го даде мандатот на 28 јули, а по изборите на 5 јули, што значи дека во овој случај имало кратење на максималниот рок за одржување на конститутивната седница на петтиот парламентарен состав.

Овој пат, единствената работа што беше направена во рамките на уставните (и тоа максимални) рокови, по изборите на 11 декември, е верификувањето на мандатите на новите пратеници на 30 декември, кога остана отворена конститутивната седница поради отсуството на јасно мнозинство за избор на спикер. Десет дена подоцна – на 9 јануари, Иванов, без никакви условувања и консултации, му го даде мандатот на Груевски, кој во наредните дваесет дена, односно до 29 јануари, не успеа да состави влада. Оттогаш е во застој целиот процес за комплетирање на извршната власт, додека Иванов го „чува“ мандатот, условувајќи го Заев да ја отфрли платформата на партиите на Албанците. Наспроти тоа, во членот 90 од Уставот доделувањето на мандатот за состав на влада е нотирано како должност, а не како право на шефот на државата.

Статијата е прочитана 1489 пати.


Испрати коментар
Парламентот ќе се отвора под лупата на Хан
Ајван Доктор®, 20.03.2017 08:33:03
Тоа што Македонија опстојува во истиот хаос и беззаконие цели сто дена само го докажува моето тврдење дека таа има раководители кои не ги заслужуваат платите кои сè уште се строго чувана државна тајна,а се веројатно над 1.000 евра!Повеќе од 100 дена сме со марионетска техничка влада на ВМРО-ΔΡΠΑΜΕ и „дрѓавни непријатели“управувана од Гвујо!Состојбите веќе со години наликуваат на оние од Кафкиниот „Процес“и на Камиевата „Чума“!Силите на редот,администрација и судот наместо да служат на граѓаните станаа неконтролирани,самоволни и наместо да служат на општеството и граѓаните им служат на поединци удавени во криминал!Народот со години молчи,а власта си седи со скрстени раце!Сега заведени од демагогијата и стравот,масата стана подводлива за секаков вид безумие!Влеговме во состојба на општествен грч,неподвижност која ако се задвижи може да предизвика непоправливи штети!СДСМ и албанските партии планираат седница на Собранието,ВМРО планира да ги возбуди масите и насилно да ја спречи седницата!
   34 |   19
фирерот, 20.03.2017 09:14:13
ако треба ќе ја распаднам и нема да ме пикните в затвор
   24 |   19
HOMOSAPINS, 20.03.2017 14:11:38
Drzavata e vo INSTITUCIJALEN VAKUM otkako e VMRO na vlast a posebno poslednite 100 dena so premierot Dimitriev I Ivanov!!! Gruevski seuste e podpritisocen a nema SANSI da go izednaci pritisokot so VISTINSKATA ATMOSVERA-POLITICKA!!! Kolku poveke se EKSPONIRA se poveke e vo VAKUM(podpritisok de)!!! Tesko na DEMONSTRANTITE koi se so VAKUMOT!!!
   20 |   15

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
25°СкопјеВреме
Ведро
Сре35
Чет36
Пет37
Саб38
Нед31
Пон25
Вто26
Сре29
Чет31
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување
Меркел најави признавање на истополните бракови во Германија
Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ