www.utrinski.com.mk
30 јули 2014 02:55
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
02.01.2011, 16:21

Охридските езерски „фудбалски рибари“

Голем број одлични фудбалери потекнуваат од охридското крајбрежjе, почнувајќи од Артим Шакири, Игор Митрески, Величе Шумуликоски, Данчо Целески, Ристо Глигороски, Кире Заров, Ламбе Арнаудов, Џевдет Шаиновски...

Миодраг Мицковиќ

Бевме навистина пријатно изненадени гледајќи го списокот на голем број фудбалери, репрезентативци, познати имиња кои играле и во странство не само во најдобрите клубови во Македонија. Си поставивме прашање, зарем е можно охридското крајбрежје, целиот тој крај да биде толку поволна фудбалска почва од која потекнуваат еден Артим Шакири, Величе Шумуликоски, Игор Митрески, Данчо Целески, Никола Бошалески, Џевдет Шаиноски, Лазо Липоски, Киро Заров, Ламбе Арнаудов и да не набројуваме една плејада на одлични фудбалери.

Со кого и да почнеме, нема да згрешиме, има повеќе од триесетина имиња. Најпрвин сигурно од репрезентативците на Македонија.

Артим Шакири играше за Вардар, Халмштад, ЦСКА (Софија), Шкендија, играше и за репрезентацијата на светот во Дубаи. Игор Митрески кој блескавата кариера по Караорман ја почна во Силекс, потоа го носеше дресот на Спартак (Москва), Енерџи Котбус, ЦСКА (Софија), Универзитатеа (Крајова), сега е во Невчи во Азербејџан. Величе Шумуликовски настапуваше за англиските клубови Ипсвич и Престон, за Зенит (Москва), играше за Бурса сега е во Русија. Лазо Липовски бранеше за Слога Југомагнат, Кикинда, Партизан (Белград), Џевдет Шаиновски го носеше дресот на Пелистер, Вардар, Малме, потоа Артим Положани беше член на Вардар, Македонија, Динамо (Тирана), Крила Совјетов (Русија), Данчо Целевски бранеше во Унгарија.

Повеќето фудбалери од овој крај покрај веќе спомнатите настапуваа за Вардар. Еден од најпознатите сигурно Ристо Глигоровски кој беше голгетер на Вардар, пред тоа на Победа. Никола Бошалевски (Пелистер,Нови Сад), Суби Ајро, Живко Ефтимовски, Драган Бочевски (Пелистер, Железничар од Сараево), Миле Нечовски, Димитар Ковачевски-Шишко (Малме), Гоце Марковски (Пелистер, Победа, Македонија, Работнички, Шкендија), Војо Спасовски

И за битолски Пелистер имаат настапувано повеќето фудбалери на Охрид и Караорман. Пред се' легендата на охридскиот фудбал Кире Заров кој го носел дресот и на поранешниот југословенски прволигаш Трешњевка, потоа голгетерот на Македонската лига и поранешниот претседател на ФФМ, Ламбе Арнаудов, Јоаким Бакулевски (Брегалница), Перо Ѓоргоноски (Пролетер Зрењанин), (Напредак, Крушевац), Ивица Келешоски (Фљмуртари, Валона), НИкола Клечкароски (Турово, Металург), Горан Ниноски (Брегалница), Цвете Делиоски (Силекс), Љубомир Ќук...

Сигурно дека и прилепска Победа не остана без помошта на фудбалерите од езерскиот охридски крај. Тоа се: Илија Ковачевски, Владо Настески, Ристо Буџакоски, додека за скопска Слога Југомагнат играле: Фатмир Зиба, Дамир Мерко. Во оваа плејада на одлични фудбалери да ги спомнеме и играчите кои настапувале за Тетекс: Ѓорѓи Мижимакоски и Ацо Балкоски, Гоце Толески играше за Работнички и Ренова, беше и репрезентативец на Македонија, Андреја Петкоски за Металург.

Списокот ќе го завршиме со Илчо Перески кој е единствен кој играл во Иран (Персеполис, настапувал и за хрватски Ровињ, потоа младинскиот репрезентативец на поранешна Југославија, Здравко Тоќко кој имаше богата кариера настапувајќи за Вардар, Загреб, Риека и Раднички (Ниш) и сигурно легендата на Струга Томе Тутенковски кој во дресот на Караорман има одиграно повеќе од 500 натпревари, една година настапувал во клубот Тимочанка (Србија).

Не беше лесно да се комплетира овој список, кој можеби не е конечен, но затоа пак очекуваме помош од нашите читатели да ни помогнат доколку сме испуштиле некое име.

На крајот, се обидовме да направиме барем два тима од овие езерските „фудбалски рибари“.

Еве еден состав: Данчо Целески, Игор Митрески, Гоце Маркоски, Џевдет Шаиновски, Никола Бошалевски, Величе Шумуликоски, Артим Шакири, Кире Заров, Ристо Глигоровски, Ламбе Арнаудов, Димитар Ковачевски (Миле Нечоски).

Не е лош и вториот: Лазо Липоски, Цвете Делиоски, Никола Клечкароски, Артим Положани, Фатмир Зиба, Перо Ѓоргоноски, Живко Ефтимоски, Никола Бакулески (Ивица Келешоски), Гоце Толески, Драган Бочевски, Здравко Точко.

Па и трет состав Љубомир Ќук (Дамир Мерко), Ѓорѓи Мижимакоски, Владо Настески, Ацо Балкоски, Нијаз Лена, Суби Ајро, Војо Спасовски, Томе Тутенкоски, Горан Нинески, Илија Ковачески.

Статијата е прочитана 1773 пати.


Испрати коментар
Манчестер Ј. заслужи пораз, ама победи
Триумф на Аман во Гармишпартенкирхен
Голем пресврт на Мајами
Роналдињо го напушти Милан и замина во Бразил
Реал го продава Кака, го купува Фабрегас
Бекам пред вратите на Тотенхем
schweiz, 03.01.2011 13:40:32
Александар Митрески исто така од Охрид,играше и за репрезентација како и(Јанг Бојс,Грасхоперс,Келн,Нирнберг,Сион,Арау....)
ajdarovski, 03.01.2011 13:59:41
eden od najvaznite ne ste go stavile vo spisokot: dirigent i majstor za slobodni udari: Sefket Sainoski.

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
19°СкопјеВреме
Делумно облачно
Вто31
Сре34
Чет27
Пет27
Саб31
НајчитаниНајкоментирани

Нови тестови за стари предлози за името
Јапонија помалку инвестира во Кина
Франција нуди азил за ирачките христијани
     Site Meter   
период од-до
-