www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 17:27
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
16.02.2017, 14:28
Бившиот свршеник на Софија Вергара ги бара замрзнатите ембриони



Софија Вергара сака да ја заврши тригодишната судска борба со бившиот свршеник Ник Лоеб, околу правата за нивните замрзнати ембриони. Звучи необично, но бившите партнери се одлучиле за ваков чекор во 2013 година, а колумбиската актерка сега бара судот во Луизијана да му ја одземе можноста на Ник да ги користи ембрионите.

Во мигот кога ги замрзнале ембрионите, Софија и Ник планирале со помош на сурогат-мајка да станат родители. Тие се разделиле, плановите за родителство паднале во вода, а ембрионите останале таму каде што биле. И сега се заедничка сопственост.

Судскиот спор околу нив се води од 2014 година. Во 2015 година, Лоеб поднел тужба за заштита на ембрионите, а минатиот декември доброволно се откажал од понатамошната постапка, но оставил отворена можност за кога било во иднина да се отвори прашањето на родителските права.

Неодамна поднел нова тужба во судот во Калифорнија, барајќи право на ги користи ембрионите, со напомена дека тој би се грижел за бебињата.

Актерката, која минатата година се омажи за Џо Манџанело, е категорична во тоа на Ник да му се одземе таквата шанса. Како аргумент за таквото барање, Софија ја наведува спогодбата што ја потпишале таа и Ник во 2013 година, во репродуктивниот центар на Беверли хилс, а кој вели дека никој од нив не може да ги користи ембрионите без согласност на оној другиот.









Статијата е прочитана 1061 пати.


Испрати коментар
Масимо Савиќ, евергрин музички блесок
По разводот, Марк Антони вљубен во уште помлада девојка
Лиза Мари Присли пронашла педофилски снимки кај сопругот
Амал и Џорџ Клуни очекуваат момче и девојче
Елена Реи за „Ел мериџ“
Џамбо Агушев го претстави новиот проект „Таксим дрим“
Скапи влезници за мјузиклот „Тајно моја“ - 1.200 денари во чест на Тоше Проески
Морскиот лав починал од голтнат камен
Харисон Форд со својот авион речиси се судрил со „боинг“
Енија побогата од Адел, а живее со мачки
Ричард Гир горд на својата млада девојка
(ФОТО) Концерт на Калиопи во „Фабрика на култура“ во Загреб
„Вог“ и дава поддршка на првата дама
Невестинска модна вечер - Радоста на невестинскиот избор
Том Хојвирт сака да ја „убие“ Кончита
Златна бубамара - Награда за животно дело за ансамблот „Мањифико“
(ФОТО) Греми - Џенифер Лопез, Адел и Ријана – вистински диви на црвениот тепих
Мјузиклот „Ла Ла Ленд“ освои пет БАФТА награди

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
3°СкопјеВреме
Облачно
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ