www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 17:34
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
17.02.2017, 13:01
Лекиќ уште две сезони во ЖРК Вардар



Српската интернационалка Андреа Лекиќ ќе остане во македонскиот ракометен првак Вардар и во следните две години, односно до јуни 2019 година. На Лекиќ летово и завршува едногодишниот договор што беше склучен лани, но брзо беше најден заедничкиот интерес за продолжување на соработката.

- Она што е добро и квалитетно Вардар сака да го има во своите редови. Лекиќ е играч од светска класа која во Вардар покажува одлични партии и ние сакаме таа да биде дел од нашата приказна и во иднина. Заедно да го освоиме европскиот врв и да ја исполниме клупската цел. Лекиќ е дел од самиот почеток на Вардар кога тргнавме во создавање на европски бренд, и сега сме на чекор до она што ни беше задача. Веруваме дека соработката меѓу Вардар и Лекиќ и во иднина ќе биде плодна и полна со успеси, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Вардар го обезбеди пласманот во осминафиналето на лигата на шампионите на три кола пред завршувањето на натпреварите од главната фаза, и почна да работи на создавање на тимот што и следните сезони ќе настапува во насилното европско натпреварување.
Лекиќ е важна алка во играта на Вардар, особено во нападот.

Најдобрата светска ракометарка за 2013 година зад себе има три бронзени медали со Вардар на Ф4 турнирите во лигата на шампионите од претходните сезони. Еднаш веќе ја освојуваше и ЛШ во 2013 година. Беше избрана и за Ол стар играч на ЕП 2012 година. Сезонава во лигата на шампионите Лекиќ постигна вкупно 32 гола, на шест натпревари. Не настапи на првите три меча од групната фаза сезонава, а потоа на секој натпревар беше меѓу стрелците.

- Не би останувала доколку не сум задоволна. Со овие две години моето останување во Вардар ќе биде шест сезони, и тоа е најмногу што сум се задржала во некој клуб досега. Ова значи се. Не постои нешто што не ми одговара во клубот. Играме и добро, и поставените цели се исти, па тоа е она што те влече напред. Сакам да го напаѓам врвот, а Вардар тоа постојано ми го обезбедува, за да бидеме секогаш напред, истакна Андреа Лекиќ.

Вардар во моментов е единствена екипа во лигата на шампионите што нема пораз, и има серија од осум победи по ред и десет натпревари без пораз, што е клупски рекорд. Во следното коло од главната фаза на лигата на шампионите на 26 февруари Вардар е домаќин на Будуќност.
Статијата е прочитана 287 пати.


Испрати коментар
Победи за Вардар и Шкендија
Второ злато за Хиршер на Светското првенство во Сент Мориц
Фени Индустри против Карпош Соколи во финалето на Купот
Голема победа за ракометарите на Вардар против ПИК Сегед
Илчо Ѓорѓиоски едногласно реизбран за претседател на ФФМ
МЗТ Скопје Аеродром последен полуфиналист во Купот
Лазаров и Ристовски дел од триумфот на Барселона над Шафхаузен
Карпош Соколи прв полуфиналист во кошаркарскиот куп
Ибрахимовиќ и Џеко ѕвезди на вечерта во Лига Европа
Ѓорѓиоски избран за член на Организацискиот комитет на ФИФА
Кот победник на денешните скокови во Кореја
Одлуката од Лозана за Адеми дури на 17 март
Убедливи победи на Баерн и Реал во првите осминафинални дуели од ЛШ
Крафт победник на ски-сковите во Пјонгчанг
Триумф на Кливленд на гостувањето кај Минесота
ПСЖ убедлив во првото осминафинале против Барселона во ЛШ
Дамјановски четврти на „Мавровскиот меморијал“ и со „А“ норма за ЗОИ во Пјеонгчанг
Симјановска сепак ќе се натпреварува во велеслаломот во Сент Мориц
„Винсенте Калдерон“ домаќин на финалето на шпанскиот куп
Ерни сензационален победник во комбинација на СП во Швајцарија
Ентони го предводеше Њујорк до важна победа над Сан Антонио
Червар - Македонија живее за ракометот

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
3°СкопјеВреме
Облачно
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ