www.utrinski.com.mk
23 јуни 2017 08:45
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
04.12.2015, 18:44

Мислења

Зошто Груевски кочи и блокира?

Ѓорѓи Спасов

Македонија во април ќе се соочи со својот најголем избор во својата понова историја. Изборите на 24 април не се избори за тоа кој ќе дојде на власт, а кој ќе биде во опозиција. Прашањето е дали сакаме да живееме во правна држава или сакаме да живееме во држава без правда и без права

Едно малку поинакво читање на резултатите од последната анкетата на ИРИ може да објасни што се крие зад тактиката на Груевски за одложување на сите рокови за спроведување на договорот од Пржино. Според тоа истражување, кое се спроведува од иста организација и со иста методологија во подолг временски период, во мај 2014 година, или само еден месец по одржаните избори на кои, со разни марифетлаци, ВМРО-ДПМНЕ освои 481.000 гласови, рејтингот на таа партија бил 34 отсто. Тогаш рејтингот на СДСМ, кој на тие избори освои 283.000 гласови, бил 10 проценти.

Најновото истражување на ИРИ, кое е направено 16 месеци по она во мај 2014 година, покажува дека до октомври оваа година рејтингот на ДПМНЕ паднал од тогашните 34 на 24 отсто. Пресметано во проценти или во гласови, тоа значи дека партијата на Груевски за само 16 месеци изгубила една третина од гласовите, или 160.000 гласови. Неговите аналитичари можеле да пресметаат дека победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, според истражувањето кое им е омилено да го цитираат, во овој период откако трае бојкотот на опозицијата на Собранието и откако се емитуваат прислушуваните разговори губела во просек по 10 илјади гласови месечно, со што се стопила нивната поддршка од граѓаните и се вратила на ниво од 320.000 гласови, колку што освоија на изборите во 2006 година.

Груевски и неговите нервозни медиумски перјаници, од овие промени во рејтингот веројатно сфатија дека неколку фактори влијаеја врз падот на популарноста на победничката коалиција во Македонија.

Прво, проектот на Зоран Заев „Вистината за Македонија“ и покрај медиумската блокада, го сруши митот за чесноста на Груевски, митот за неговата работливост и митот за неговиот „патриотизам“. Луѓето слушнаа како „најомилената политичка личност во Македонија“ купувала плацеви за „џабалак“ и договарала провизии. Слушнаа како Груевски, додека сите ги обвинуваше за национално предавство и виткање „кичма“ договарал и преговарал со Грците, Македонија да се вика Северна, Горна, па и во заграда Скопје. Но слушнаа и многу информации за неговиот политички одмаздољубив карактер, за тоа како ги диктирал и редел вестите на неговите омилени телевизии, но и како ги избирал судиите, ги диктирал пресудите во политички монтираните процеси.

Второ. На мајсторот во организирањето протести и контрапротести, му се случи најголемиот студентски протест и најголемиот граѓански и мултиетнички митинг на колицијата „Граѓаните за Македонија“ под слоганот „Доаѓаме“, на кој се демонстрираше огромно незадоволство од неговите политики.

Трето. Со договорот од Пржино стана јасно дека ЕУ и САД ги прифатија тврдењата на опозицијата за сомнителната победа на Груевски на последните парламентарни избори, дека тие не ги прифаќаат погрешните политики на Груевски и реално го принудија на предвремени парламентарни избори и на тоа тој да си поднесе оставка на функцијата премиер уште пред одржувањето на тие избори.

Четврто. Почна да се ситни неговата коалиција со излегувањето на ДОМ и на ДС, а се појавува за прв пат и сериозна критика од поранешни угледни пратеници на неговата партија и министри, како Никола Димитров, Ненад Новковски и Владимир Лазаревиќ,Перо Димшоски, Јове Кекеновски и други.

И петто. Опозицијата доби малку поголем медиумски простор од порано, со воведувањето дебатни емисии во независните телевизии Телма, 24 Вести и Алсат, на социјалните мрежи.

Сето тоа на СДСМ му помогнало, според анкетата на ИРИ, од 10 отсто во мај 2014 година, кога имаше 283.000 гласа да порасне на 12 проценти во октомври оваа година што е математички гледано за 20 отсто повеќе од гласачкото тело што таа партија го имаше на тие избори, со што и таа се приближила до бројката од 320.000 гласачи.

Бидејќи и така може да се читаат резултатите, а не само како 2:1 во корист на Груевски, тој станува свесен дека единствен начин одново да победи на изборите е да ги блокира и да ги одложи колку што е можно повеќе веќе почнатите промени, договорени во Пржино, а истовремено да го обвини СДСМ дека бега од избори под неговите поранешни услови.

За таа цел тој ја блокира реформата на медиумите, кои и натаму се неговото најсилно оружје за зачувување на власта и за победа на изборите. Тој и во овој транзициски период преку нив ги користи за целовечерно воспевање на неговите дела и делата на неговата партија и ги користи не за создавање клима на доверба на што инсистира договорот од Пржино, туку за заострување на политичката реторика, за ширење на говорот на омраза, за постојано оцрнување и омаловажување на лидерите на опозицијата и за заплашување на народот од „нејзините опасни намери“, односно од „црните сценарија“ кои таа ги подготвувала.

Тој ја блокира работата на Специјалното јавно обвинителство за да не дозволи судската правда да излезе на виделина пред закажаните избори во април следната година.

Тој ја блокира работата на министрите и дополнителните заменик-министри од опозицијата за да може слободно повторно да ги купи изборите во април идната година.

Уште немаме ниту Државна изборна комисија која треба да го прочистува избирачкиот список, ниту почнала со работа Анкетната комисија во Собранието за утврдување на политичката одговорност од содржината на прислушуваните разговори. А се ближи Нова година, почнуваат празници и бргу ќе дојде денот за одржување нови избори.

Груевски всушност прави се', со обидот за зачувување на амбиентот во кој до сега победуваше, да докаже дека тој и до сега победувал на „слободни и фер“ избори, и затоа смета дека нема потреба ништо да се менува, независно од тоа што мислат таму некои во ЕК како Хан, Прибе или Ванхауте, па и независно дали Македонија нема да добие покана за започнување разговори за членство во ЕУ ако и следните избори бидат оценети дека не се фер и слободни. Тој упорно покажува дека неговата кожа и суета се поважни од се' што може да и' се случува на Македонија и на сите нејзини граѓани. И затоа нему на денот кога НАТО и' врачи покана на Црна Гора за членство во НАТО му врачија уште еден услов за влез во таа организација и потсетување кое гласи: одржување фер и слободни избори.

СДСМ треба само на тоа да инсистира. Тој треба, преку својата вистина за Македонија да соопшти дека ова сценарио со блокадите и одложувањата на Груевски е провидно и дека веќе во оваа фаза од имплементацијата на договорот од Пржино Груевски свесно го стеснува просторот за одржување фер и слободни избори, го продолжува својот монопол во сите сфери од општеството и натаму ги злоупотребува вработувањата во јавниот сектор, државниот буџет и институциите за остварување предност на изборите, со што одржувањето на нови избори во такви услови го прави непотребно и бесмислено.

Ако СДСМ ги изгуби изборите поради отсуство на услови за фер изборен натпревар, ќе биде изгубена надежта во демократски и ненасилни промени на власта уште за долго време. Затоа ова е битка, пред се', за враќање на условите во кои секоја власт ќе може да биде сменета без употреба на насилство на избори кои реално постоеја пред 2006 година. Тоа е она што треба да ги обедини сите опозициски сили во Македонија барем да соработуваат на почеток.

Република Македонија во април ќе се соочи со својот најголем избор во својата понова историја. Изборите закажани на 24 април не се избори за тоа кој ќе дојде на власт, а кој ќе биде во опозиција. Прашањето е дали сакаме да живееме во држава која ја остварува својата основна задача - да ја постигне правдата - или сакаме да живееме во држава без правда, без права, без ред и во тотален хаос. Ако биде сменет Груевски на избори, како Дамоклов меч ќе виси над секоја идна власт сеќавањето дека народот еднаш го собори од власт недопирливиот и семоќниот Груевски и дека истото ќе ја снајде секоја власт доколку тргне по неговите стапки. Тоа ќе дејствува превентивно кон секој иден премиер и кон секој функционер - јасно предупредување дека ако се огрешат пред законот, и тие ќе бидат санкционирани и дека порано или подоцна правдата ќе победи!

Оттука, СДСМ треба да направи се' за граѓаните да имаат избор на идните избори меѓу неговата коалиција „за демократски промени и достоинствен живот“, во која ќе се вклучат сите партии, од кои било идеолошки позиции што се за промени на сегашниот модел на владеење и коалицијата на Груевски која ја води Македонија „со петта брзина во амбис“.

Тие мора да имаат избор меѓу сегашната власт која ја нуди Македонија низ светот како земја со евтина работна сила, во која правата од работниот однос не се заштитени ниту со закон, ниту на суд, ниту од страна на синдикатите, и власт која ќе гарантира воведување пристојна минимална надница, достоинствен приход за семејствата, солидарност и заштита на правата од работниот однос со закон, на суд и со синдикати во кои нема корумпирани лидери.

Тие мора да имаат избор меѓу надежта во подобра иднина и безнадежноста во која сме втурнати како општество.

(Авторот е универзитетски професор)

 

 

НАПОМЕНА: Преземањето на текстот или делови од него, како и преземање на фотографија е дозволено само со одобрение од "Утрински весник" или според правилата на МПМ. За правилата на МПМ за преземање авторска содржина кликнете тука

Статијата е прочитана 10602 пати.


Испрати коментар
Сведочењето на Хилари и Милошоски
Вистински лаги
СДСМОВЕЦ, 05.12.2015 00:18:25
Дали нешто ќе се промени зависи од граѓаните, па дури и на нефер и недемократски избори. Не зависи од СДСМ, туку од граѓаните кои се слабо информирани и не знаат што се случува. Токму поради ова, СДСМ треба да ја претстави состојбата со разбивање на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицискиот СДСМ исто така мора да ја покаже насоката на излезот од хаосот. Иако граѓаните не се задоволни од власта, сепак тешко прифаќаат промени на власта по долг период што е најголемиот проблем на СДСМ кој ќе мора да ја понесе одговорноста.
   374 |   261
КОЧИ СО ЦЕЛ ДА СИ ЈА СПСИ КОЖИЧКАТА!, 05.12.2015 00:30:27
Грујо знае што го чека и мисли дека со кочење може да си ја спаси кожичката!? Тоа сепак зависи од тоа дали опозицијата ќе настапи обединета во најширок ОПОЗИЦИСКИ ФРОНТ кој би настапил под слоганот СТОП ЗА РАСИПНИШТВОТО или СТОП ЗА АРАМИЛАКОТ! Она што загрижува се сомнежите дека тој може да си ја купи, или веќе си ја купил, СЛОБОДАТА! Во Белизе, во Лугано, во Сан Винсенте, во Гренадини има натрупано неколку милијарди долари, од кои за своите спасители може да одвои и до една половина од заграбеното! Треба да се има предвид дека некоие структури од меѓународната се заинтересирани за силни диктатори во слаби држави, со цел да изнудуваат од диктаторите големи пари, кои не мора да ги пријавуваат, ниту да плаќаат данок!
   287 |   215
BitolaHamiltonCanada, 05.12.2015 01:42:51
Potpolno se soglasuvam so Vas Profesore. Ova shto zabeganiot go pravi se posledni trzai shto gi pravi chovek pred umiranje. Neka pravi, nishto nemozhi da napravi. Sega koga Viktorija Nunen se uveri deka zabeganiot gi lazhirashe izborite, poveke nemozhi da mrda. Ako pokusha povtor da lazhira, duri togash ke si potpishi politichka smrtna presuda. Znaj deka na fer izbori nemozhi da pobedi no isto taka znaj deka ako povtorno lazhira Viktorija ne prostuva. I e mnogu opasna so lazhgovsci. Nena dolgo da premieruva. No kako shto ednash rekovte, SDSM da ne misli deka rabotata e svrshena. Im prestoj teshka bitka i ona shto gi sovetuvate vo ovaa vasha kolumna treba da go pravat. Toa e najsilno oruzhje i ako znaat da go upotrebat, izborite ke gi dobijat.
   249 |   284
EU, 05.12.2015 02:05:11
Ama jasno e deka Gruevski pravi se da ne otide vo zatvor. No opozicijata, vo ovie tenzicni momenti ne smee da gi gubi nervite.Ne e lesno, no treba da se izdrzi. Ne treba da se trosi so Latasi i kurircinja, ne treba da reagira so soopstenija na sekoja glupost, tuku da se nasoci kon malata sansa sto ja dobi. A toa e, ministrite sto se vo vladata, a pred se Spasovski vo MVR da isporacaat realni rezultati. Znaci Spasovski, da ja rascisti situacijata vo UBK, odnosno da i kaze na ja vnosta dali tie i zosto gi sledele graganite. Potoa da pobara megunarodna arbitraza za kumanovskite nastani, a se razbira i da go rasvetli falsifikatot okolu licnite karti. Toa bi bil minimum sto ke ja animira javnosta.
   257 |   229
zik, 05.12.2015 03:10:15
,,бандите на њу јорк,,...
   199 |   215
bitola-1, 05.12.2015 05:31:55
I sesto-NI NEMA SPAS,eve ovaj pravednik*gs*,koj realnit go prepoznavaat kako Vtemelitel na seto ludilo i zlostorstvo bez KAZNA,toj uporno ni popuva sto i kako,a vo 2002g bas zaradi slicna sostojba narodot mu dade vtora sansa,a tie pak po staro,ni kriminal najdoja ni poslem vidoja samo ne IZLAGAJA deka se promenile i stanale cesni,NEarogantni,rabotlivi....i sto bidna po 2002g? Etego sega kazuva za DZabalak,deka rejtingo im se namalil i deka VICETO im se priblizuva,zanci eden kriminalec da go menima da dojde drug{bideki pomalku sega kako opozicija kradel,realnite ke recat=TOLKU mozel} Abre spasov,ti si zapnal na ona popska pogovorka*Ne gledaj sto pravam-gledaj sto zboram*e takvi slepci se 40% podeleni vo poveke partii,a mnozinstvoto sudi po dela,a vasite dela{sds} se poznati-dobri i da nema?i zatoa vie se raduvate i na 2%rejting.Po delata te prepoznavaat,po lagite,nerabotenjeto,a ne po ubav tekst na hartija,zatoa srekna 2002g,mozebi i 2020 izborna godina-ima sansi,??
   225 |   277
Spasov e skaran so matematikata, 05.12.2015 08:33:29
Spasov tolku mnogu e opsednat so Gruevski da ja zaboravil osnovnata matematika sto ja ucel vo osnosvno. Kako moze partija koja ima 12% rejting da ima ist izboren rezultat (320.000) so vladeackata partija koja ima duplo pogolem rejting? Toa znaci dvete partii ke imaat zaedno okolu 650000 glasa. Na izbori izleguvaat redovno okolu 1.200.000 glaqsaci Prasanje: kaj kogo ke odat drugite 550000 glaas, kaj albanskite partii, kaj Lile, kaj Trajanov, kaj LDP? Glupost, Spasov tolku mnogu e obzemen sto ja izgubil logkata. Vtoro, Spasovmanipulira . Toj sto grcevito bara odlozuvanje na izborite e SDSM, a ne Grujo. SDSM isto naracuva anketi i si go znae niskiot rejting, toj do izborite nema da porasne, i porazot e neminoven. Denovive novi spinovi od SDSM i nivnite novinarski perjanici, ako ne se donesel zakon za mediumi, ke bil prekresen dogovorot i ke se odlozele izborite! Gluposti, toa vo Dogovorot nikade ne go pisuva, no na SDSM grcevite mu treba nesto na sto kese zalepi za da nema izbori.
   304 |   300
MISHKO, 05.12.2015 09:26:01
прво кога сме кај ИРИ анкетата,зошто авторот не го напишал вредносниот анкетарски процент на СДСМ и Заев.Вероватно од скромност тоа го премолчува и големината анкетарса на партијата и лидерот мора јад та ја потенцира.Значи 24% наспрам 12% во корист на партијата на која секој месец и пасѓа рејтингот.Истото е со лидерскиот вредносен процент,кој е скоро 400% (упростено 4 пати) во корист опозициската лидерска штета.Е сега околу кочењето кој тоа кочи а кој не кочи во преговорите.СДСМ не кочи воопшто кога бараше еден глас да вреди двапати повеќе од останатите комисиски гласови.Добитно се изгубија 2-3 недели преговарање.Еве не кочи за медиумите. Испрефркнатите од СДСМ за високите 2-3.000 евра казна за новинарите,бараат тие да бидат од 10-15.000 евра,и добитно кочничарски уште се преговара.Се тврди лажовно (поради казните) дека без слободни медиуми нема фер избори.На иста тема медиумска е барање опозициски предложен и избран директор на агенција за медиуми,да казнува само тој и никој друг.
   232 |   272
meksikanec, 05.12.2015 09:31:58
Од Пржино до денес Груески,води насилна кампања во својство на легален Премиер,а знаеме дека нее.Во таа кампања изгради повеќе,одколку сите девет години заедно.Објаснувате зошто Груески кочи и блокира.Можеби за тоа што го третирате како партнер,ма да во деветте години владеење направи толку многу злочини,поради кои не смее и на таму да се бави со политика.Народот за Груевски и неговите,знае толку многу страмни и казниви нешта,да е страмно да се споменуваат,а камо ли да продолжат да се бават со политиката како најстар занает.Ако сепак некако успеат да го избегнат притворот пред изборите,пак ќе победат.Не затоа што ги сака народот,туку затоа што не сме успеале да го демонтираме системот на лажирање и корупција,во кој заради уиграната техника на функционирање,тие најдобро се снаоѓаат.Всушнос овие долги години тие го ствараа за да им служи вечно.Сеуште ненадминато е правилото,ако злочинецот не го казниш заслужено и на време,тој ќе те казни со повторување на злочинот,но посурово и поопасно.
   272 |   270
Caro-cann, 05.12.2015 14:48:45
Не знам дали и колку г-динот Спасов е “...скаран со математиката“,но ептен добро ми е јасно дека г-динот (се ми се чини дека за таква персона не одговара таквото персирање) “Spasov e skaran so matematikata“ длабоко е скаран со чесноста,човечкото во себе,моралот и достоинството (веројатно тие поими се мислена именка за него).Едноставно,не само што истиот не може да се закити со други епитети,туку и овие се премногу благи. Кој сега МАНИПУЛИРА г-дине “големо НИШТО“,тој што изнесува сопствено мислење (па макар и да не се согласуваме со него) или тој (ТИ) што твои ЛАГИ ги ставаш во неговата уста (перо).Никаде не прочитав дека Спасов рекол дека Груевски се залага (бори) за одложување на изборите (наведи го точното место за тоа во текстот).Такво во текстот не постои,туку:-1.Или си со капацитет да не разбираш;2.Или со намера твои ЛАГИ ги вметнуваш во текстот.Се на се ни едното ни другото не ти носи позитивни поени,освен помалку оглодана коска!!!!!!!!!!!!!!!!!!
   200 |   173
jas, 05.12.2015 16:28:51
abre, na SDSM i zaev i sekerinska ne i protivnik Gruevski i Vmro Dpmne, protivnik i se mediumite i nekoi novinari , kako LAtas od sitel tv i drugi....normalno na slednite izbori povtorno ke pobedi gruevski , ima podrska od egejcite koi se drzat/pomagaat megusebno. zaev zoran e procitana prikazna i sekerinska e istoto
   150 |   146
do Gjorgji, 05.12.2015 21:34:49
Sinokja ti se pozhali kako mediumite proglaseni od vas za neprijatelski vodat crna propaganda protiv SDS deka saka da go menuva imeto.Pa neli SDS saka da go menuva imeto.Nekolku pati toa se kazhuva,a i Zaev toa go kazha vo inervjuto na RTK.Toa sto posochenite mediumi toa go potenciraat,ne e vodenje crna propaganda,tuku informiranje i predupreduvanje na gledachite za stavot na SDS za imeto.Ima podobar nachin da gi zamolchite tie mediumi od onoj nedemokratskiot nachin koj go predlagate.Da kazhete vash partiski stav deka SDS e protiv menuvanje na imeto,protiv dvojazichnost,protiv federalizacija.Taka ke gi zamolchite Sitel,Kurir,Kanal 5...i nema da mozhat za toa da ve kritikuvaat.Ama SDS ne saka taka.SDS bara alibi vo mediumite za da ne izleze na izbori.Edinstven nachin SDS da ne izgubi pak na izbori e da gi bojkotira.Mnipulirash so anketata na IRI po tvoj terk.Spored tebe,sega VMRO i SDS imaat po 320 000,a sepak ja priznavash anketata na IRI vo koja VMRO ima dvojna prednost pred SDS.
   170 |   193
od dedo dimo, 06.12.2015 00:20:10
Ako *drugarite * i *drugarkata* sto si podnesoa ostavki i *drugarot* sto naskoro treba da podnese ostavka se izvlecat nekazneto i se si prodolzi po staro e togas na RM navistina loso i se pisuva.
   181 |   205
ambasador, 06.12.2015 01:20:40
Kakva poraka od Nato profesore: za vlez vo nato samo so fer I slobodni izori ako sakame da sme del od toj demokratski sojuz kade shto stigna tamu dade demokratia:Irak,Avganistan,Libia Siria Ukraina ...Bez promena na imeto I indentitetot nema Nato toa mu e jasno na sekoj samo ne na tebe I na takvite kako tebe.Samo ne mozam da ti se nachudam na pisaniata vo toj stil,kakov Gruevski kakov Zaev I fer izbori celta e promena na ime I identitet.Eve utre da se soglasat dvete najgolemi partii za toa ke ne primat vo nato za nova godina so posebna deklaracija za toa.Kakvi rejtinzi kakvi nebulozi se znae tochno shto e celta.Otvori prozor profesore provetrete ja odajata nadvor silno svetnal natovski den vo Republika Skopje I Skopjani graganite na novata chlenka na NATO sojuz za najsovremena demokratija...prvi Grcite ke ni chestitaat I ke bideme moderno demokratsko opshtestvo so izbori kako vo Shkotska.. pozdrav I sekoe dobro
   197 |   184
od EU,za komentarot na meksikanec, 06.12.2015 07:07:40
Komentarite pod gorniot tekst, se slika i prilika za katastrofalnata polozba na makedonskiot narod i idninata koja mu prestoi. Site do eden se polni so zelba za spas od Gruevski koj i denes pred da (MORA) da ja napushti ugodnata foteljat so koja im obezbedi bogat zivot na poveke generacii od negovoto semejstvo i familija,so teror i zastravuvanje,se odnesuva kako da napravil dogovor so Boga, da zivee i vladee vecnoe so ovoj izmacen i izmoren narod! Porado toa,dobro da se razmpisli po komentarot na *meksikanec*, za da ne se prodolzi da se podnesuva arogancijata, zlobata, pakosta, zavidlivsta, prostaklukot, osvetoljubivosta( i ostanatite dolni atributi) na ovoj necovek! Nie mnogu veme nemame:odkako ispoktade SÉ,NI GO ODZEMA I VREMETO! Vecno da mu bideme blagodarni na G-din Z Zaev koj ja otvori *pandorinata kutija*, i nadezta koja se ocekuva od SJO, no, najmnogu ke pomogne UPORNATA ZELBA za spas, na celiot makedonski narod.
   185 |   142

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Сончево
Пет33
Саб32
Нед33
Пон32
Вто31
Сре33
Чет33
Пет32
Саб32
Нед29
НајчитаниНајкоментирани
 
250 години од раѓањето на таткото на модерниот универзитет
Сугарески ги потврди грешките на автопатите, ЛП бара остри казни
Самит: ЕУ излегува од критичната состојба
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ