www.utrinski.com.mk
19 септември 2014 01:44
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
13.09.2013, 17:17

Интервју - Ќе вработиме 600 лица во двете фабрики на „Џонсон Мети“

„Задоволни сме од нашите успеси во Македонија, но мислиме дека постои можност за понатамошно подобрување на стандардите“, вели Џатин Такрар, генерален директор на „Џонсон Мети“ во Македонија

Соња Маџовска


Втората фабрика на „Џонсон Мети“ во Бунарџик почна со работа. Можете ли да ни кажете попрецизно што конкретно се произведува?

Втората фабрика е под технички прием и ќе почне со мал обем на производство од септември 2013 година, па натаму. Новата фабрика ќе ги произведува истите видови на производи како и првата фабрика. Со воведувањето на ново законодавство за емисии во Европа, ќе има зголемување на побарувачката за автомобилски катализатори, а втората фабрика е наменета за проширување на нашите капацитети, за да се одговори на порастот на побарувачката, главно од тешките возила како што се камиони и автобуси.



Кога ќе биде официјалното отворање, со оглед на тоа што веќе пробно работите?

Датумот не е потврден, но ние искрено се надеваме дека официјалното отворање на втората фабрика ќе биде кон крајот на годинава.



Инвестицијата само за новата фабрика се проценува на 60 милиони евра, колку нови лица се вработени, односно колку вкупно вработени ќе има во двете фабрики на „Џонсон Мети“ во Македонија?

Во првата фабрика имавме 300 вработени, а таа бројка сега се искачи на околу 450. Ќе регрутираме повеќе луѓе, како што ќе воведуваме нови смени на секоја линија, и се надеваме дека ќе стигнеме до 600 вработени кога двете фабрики ќе работат со полн капацитет.



Дали сите вработени се од Македонија, и колку сте задоволни од квалитетот на македонската работна сила, по кој принцип се врши изборот на кадрите?

Имаме мал број на вработени прераспределени од нашите сестрински компании, но мнозинството се локални вработени. Засега сме многу задоволни од нашата работна сила, и тоа врз основа на резултатите постигнати во фабриката во однос на сите клучни индикатори на производство. Од почетокот имавме неколку ревизии од потрошувачите од европските автомобилски групи, и сите беа импресионирани од фабриката за производство и способностите на локалниот тим. Покрај тоа, посетителите од другите компании на „Џонсон Мети“ од целиот свет беа, исто така, импресионирани од нивните македонски колеги и тоа што го постигнале во краток временски период од почетокот на работата. Позитивниот фидбек од тие посети се прифаќање на нашата локална работна сила и она што може да се постигне.

Главните критериуми за селекција што ги применуваме зависат од вештините и квалификациите потребни за одредена работа позиција. Некои места бараат релативно основни нивоа на образование, а ние обезбедуваме обука за квалификации специфични за работата. Има позиции кои се поспецијализирани и бараат и универзитетски степен и идеално ниво на реално професионално искуство.



Со реализација на новата инвестиција вкупните вложувања на „Џонсон Мети“ во Македонија достигнуваат околу 120 милиони евра. Дали тоа што решивте да градите втора фабрика значи дека сте задоволни од бизнис-климата во земјава?

Да, ние сме многу задоволни од нашите успеси досега, но мислиме дека постои можност за понатамошно подобрување од сегашниот стандард. Сметаме дека можеме да поставиме нови стандарди на репер, а нашите досегашни успеси, иако признати од нашата матична компанија, може да постигнат ново ниво. Инвестицијата во втората фабрика беше врз основа на дополнителните потреби од капацитети, но беше важно дека демонстриравме добар успех од првата инвестиција за оваа одлука да биде во полза на Македонија.



Како ја оценувате соработката со македонските институции?

Во целина, соработката е позитивна и генерално институциите се подготвени да слушаат и да решаваат прашања кои влијаат на нашиот бизнис. Постојат некои бирократски и процедурални услови кои создаваат неефикасност, но ние се надеваме дека ќе се реформираат со текот на времето за да се создаде поповолна клима за бизнисот. Постојат некои аспекти на регулаторните услови кои создаваат неефикасност и се надеваме дека ќе се реформираат со текот на времето.



Колку економската криза влијаеше врз побарувачката на вашите производи, дали има подобрувања во првата половина од годинава и какви се Вашите прогнози, кога може да се очекува целосно закрепнување од кризата?

Глобалната економска криза го ограничи темпото на раст во повеќето земји. Нашите главни пазари во Европа беа силно погодени бидејќи продажбата на автомобили се забави. Должничката криза, исто така, значеше дека владите се принудени да ги намалат своите расходи, што резултира со понатамошно скратување на продажбата на автомобили. Продажбата на автомобили во Европа не се зголеми и покрај неколку обиди од владите за заживување на продажбата. И покрај слабиот раст на продажбата на возила успеавме да ја одржиме нашата сопствена продажба на разумно ниво, а со воведувањето на ново законодавство за емисиите се надеваме дека ќе има пораст на побарувачката. Сепак, веруваме дека ќе бидат потребни неколку години за да се поправат последиците од кризата, додека закрепнат големите економии во светот.



Дали сте задоволни од работењето во земјава во изминатите години? Можете ли да ни кажете колкави се приходите, што покажуваат резултатите за работењето во првата половина од годинава?

Ние сме задоволни од работата во Македонија во последните четири години и веруваме дека Македонија дава добри можности за инвестиции во различни сектори. Минатата година нашата продажба изнесуваше 481 милион евра и очекуваме да оди во нагорна линија оваа година, со зголемување на обемот на продажбата.



Кои се Вашите планови за во иднина, какви се проекциите за обемот на производството во двете фабрики и дали размислувате за можноста за нови инвестиции?

Врз основа на нашиот сегашен микс на производи, проширениот капацитет ќе ни овозможи да произведуваме околу 7,5 милиони катализатори вкупно на годишно ниво од двете фабрики.

Во однос на прашањето за идните инвестиции, тоа ќе зависи колку брзо и успешно можеме да го демонстрираме успехот на втората фабрика, заедно со прашањето колку добро нашите производи функционираат на пазарот. Врз основа на нашиот успех досега, се надеваме дека „Џонсон Мети“ ќе размислува за Македонија во позитивно светло за секоја нова инвестиција, доколку постојат добри финансиски показатели за тоа.

Статијата е прочитана 1807 пати.


Испрати коментар
Нема одложување за еколошките стандарди
УНЕСКО бара да се покријат експонатите за Делчев
Се Чистат дивите депонии во Гостивар
Фоторетровизор
Jas, 14.09.2013 09:31:11
Ubavo e sto se gradi, no loso e sto samo partiski clenovi se vrabotuvaat vo fabrikite vo Bunardzik.Samo so dozvola od gradonacalnikot Zika se vrabotuva, ne e vazno dali imas kvalifikacii, ni so sredno nitu so fakultet ne mozes da vlezes ako nemas Vmrovska kniska.Zatoa 70% vo Ilinden se Vmrovci, a nie ostanatite si begame od rodnite ognista.Se sto ne e Vmrovsko se iseluva.Gruevski vrsi iseluvanje na site neistomislenici.Nasa Makedonija e 100% partizirana blagodarenie na prerodbata.

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
13°СкопјеВреме
Ведро
Чет23
Пет26
Саб28
Нед28
Пон28
НајчитаниНајкоментирани

Халили бара две во едно: Илирида и ПЈРМ во конфедерација!
Противречниот курс на Барак Обама
Зошто Бугарите одат во Грција?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ