www.utrinski.com.mk
28 март 2017 23:33
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 17:39

Кучињата - скитници ги сардисаа граѓаните - дневно и по пет случаи

Ветеринарите објаснуваат дека уличните кучиња најчесто напаѓаат кога се гладни или кога стравуваат дека им е загрозена територијата

Горан Адамовски



Двегодишно девојче од околината на Скопје вчераутро било примено на скопските клиники поради каснување од кучиња - скитници. По укажаната лекарска помош, детето е надвор од животна опасност, но со претрпен шок и траума по инцидентот.

Ова е последниот случај на каснување на граѓани од страна на кучиња - скитници - појава што зема загрижувачки замав. Пред неколку дена, глутница кучиња до смрт искасапија четиригодишно машко дете во кичевското село Бачишта, а пред точно една година, идентичен случај имаше и во селото Баланци, општина Центар Жупа, каде 58-годишна жена беше нападната додека фрлала отпад на селската депонија. Од Институтот за јавно здравје вчера ни рекоа дека лани кај нив биле регистрирани вкупно 336 каснувања на граѓани од страна на животни. Во јануари и во февруари годинава тој број изнесува 32.

Доктор Ристе Симеонов од Клиниката за детска хирургија во Скопје го оперираше малиот Џеваир, кој им подлегна на повредите во неделата попладне. Тој ни рече дека детето било примено во многу тешка состојба.

„Веднаш беше оперирано, но големото крвавење довело до тоа пациентот да има многу слаба циркулација, поради што прво настрадал мозокот. Мозокот кај децата, за разлика од возрасните, побрзо страда кога нема доволна циркулација. До мозочни оштетувања кај децата може да дојде по само неколку минути тешко крвавење, а детето до Скопје патувало два часа“, објасни д-р Симеонов за нашиот весник.

Во скопскиот Клинички центар велат дека не постои ниту еден ден, а кај нив да не дојде пациент каснат од куче.

„Некогаш имаме и по пет случаи дневно. Главно, станува збор за малолетни лица или, пак, за граѓани што се возат на велосипед и притоа се нападнати од улични кучиња. Најчестите повреди се на рацете и на нозете. Доколку има угриз од заби, веднаш ги вакцинираме пациенти, а доколку е чиста гребаница - нема потреба од вакцинација, иако и во тој случај пациентите можат сами да побараат вакцина. По укажаната помош, го известуваме Центарот за јавно здравје и тука завршуваат нашите задолженија, иако граѓаните често пати бараат совет од нас кого и каде да тужат“, велат докторите со кои што контактиравме.

Во најголем дел од случаите, граѓаните не се решаваат да поднесат тужба, бидејќи самиот процес е многу комплициран, поради тешкото утврдување на надлежност врз кучињата - скитници. Одговорноста најпрво паѓа врз локалните власти, но тие се правдаат дека нивните ингеренции завршуваат со тоа што ги вакцинираат кучињата, а поради хуманиот принцип тие се враќаат на улица. Проблемот со напуштените животни се смета како еден од основните проблеми на локалната заедница, бидејќи има здравствена, хигиенска, еколошка, економска, безбедносна и социјална димензија.

Ветеринарите објаснуваат дека уличните кучиња најчесто напаѓаат во две ситуации: кога се гладни или кога стравуваат оти им е загрозена територијата што сметаат дека ја поседуваат. Во претпоставена ситуација дека не се предизвикани од луѓето, се препорачуваат неколку работи, кои би можеле да помогнат во избегнување на напад од страна на уличните кучиња.

„Никако не се обидувајте да побегнете, затоа што и најмалото кутре е побрзо од вас. Покрај тоа, трчањето ќе биде знак дека се плашите и признавате дека сте послаби што веројатно ќе ве донесе во ситуација да бидете каснати за петата или за бутниот мускул. Не им се смејте, бидејќи можат да го сфатат како провокација тоа што им ги покажувате забите, а тоа значи дека им ја напаѓате територијата. Најдобро би било доколку сосема незаинтересирано минете покрај нив, смирено и без брзање воопшто не погледнувајќи ги во очите. На тој начин, ќе сметаат дека не сте непријател и нема да ве нападнат. Сепак, теоријата и праксата не се секогаш исто“, велат ветеринарите.


Статијата е прочитана 960 пати.


Испрати коментар
Децата со дијабетес непожелни во градинките
Изградбата на Демир Капија - Смоквица завршува во мај
„Македонка“ и „Астибо“ му оставија траен печат на Штип како град на текстилот
Автомобили
Да се бара решение, 21.03.2017 00:21:07
Итно треба да се издвојат поголеми средства за градовите да можат да го решаваат овој проблем. Секаде се намножиле, не смее човек никаде да помине ноќе. А се случува да нападнат и среде бел ден. Којзнае, може некои од нив биле тренирани за борба па оставени на улица штом стануваат толку агресивни како во случајот со починатото детенце од Кичево.
   70 |   23
Ајван Доктор®, 21.03.2017 08:18:03
Најчести причини за каснувањето се несовесните газди,мавтањето со рацете и со стапови,трчањето,но и нивното злоставување,тепањето и измачувањето од несовесни граѓани!Неопходно е посебно подучување на децата за однесување со уличните кучиња и воопшто со животните!Во случајот со малиот Џеваир се поставува прашањето зошто детето било донесено во Скопје,а не во Кичево кое е барем 2 часа поблизу од СК?Зарем таму нема болници и амбуланти?!Зарем власта што изгради „горди“споменици не обезбеди ниту една болница во Кичево?Тоа е прашањето кое треба да го постават граѓаните и особено новинарите,а не постоењето на уличните кучиња!Побогу луѓе,ниту збор не пишавте дека починале двајца заради расипано амбулантно возило!Зарем тоа не ве алармираше да истражите зошто и покрај стотиците безвредни споменици и барокни фасади распослани претежно во Скопје и фалењето со нова болничка опрема сè уште постои огромен недостаток на истата!?Зошто некој пациент треба да патува стотици километри за помош?
   49 |   23
mirko, 21.03.2017 09:11:26
ne im smetajte na kucinjata,pominete sto pobrgu od nivnta teritorija,ne vozete velosiped,ne trcajte?????ALO KADE se naodjame vo zemja na kucinja ili ludje?da cite nekoj vakvi preporaki vo zap evropa ke se smee pa napravete kako sekade vo zapadna evropa da nesmee edno divo kuce da ima ako ima se faca cuva 30 dena i dokolku nikoj ne go posvoi se likvidira...tier prijateli na kucinja neka si go nosat doma nemoze oni da ni diktirat divi zivotni po ulici da shetat divo kuce nee nisto drugo nego kojot,shakal a na takvi ne im e mesto medju ludje vo sprotivno narod treba sam da se organizira.
   70 |   24
baj ganjo, 21.03.2017 09:42:47
ima resenie i toa zdravo nedaj boze kuce skitnik da kasne clen od moeto semejstvo prv predlog ; zastitnicite na kucinja pod hitno da si gi priberat doma i dokolku pocnat da se pravat interesni i da propovedat politika kolku da gi davat po tv ,,,, vtor predlog ; otrov za gluvci eftin e i za eden mesec nema da ostane ni edno
   56 |   27

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
8°СкопјеВреме
Ведро
Вто18
Сре21
Чет20
Пет21
Саб22
Нед22
Пон23
Вто22
Сре21
Чет20
НајчитаниНајкоментирани

Седница за Македонија во Бундестагот
„Здравството е добро, но штедете за приватниците“
Невремето „Деби“ беснее во Австралија
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ