www.utrinski.com.mk
28 април 2017 21:57
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 16:30

„Не за селфи на воз - вреди да живееш“

„Македонски железници“ почна кампања за подигнување на свеста кај учениците да не се фотографираат на вагони

„Не за селфи на воз - вреди да живееш“, е новата кампања на „Македонски железници“ преку која ќе се подига свеста кај учениците да не се фотографираат на вагоните и со тоа да не си го доведуваат животот во опасност. Поводот за кампањата се неколкуте несреќи што се случија месецов, при што едно момче загина, а две се здобија со сериозни повреди. Акцијата почна со делење флаери во средното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Аеродром.

„Ќе дејствуваме едукативно кон младите луѓе да го користат возот како превозно средство, а не за качување на покривите и правење фотографии. Има многу поубави места за фотографии во возот и во Македонија каде што можеме да отидеме со воз, да излеземе надвор и да направиме фотографии“, изјави Игор Коруноски, директор на „МЖ Транспорт“.

Од „Железници“ апелираат до младите да бидат внимателни и одговорни, а родителите да им укажат дека не треба да се качуваат на вагоните и возовите во депоата на МЖ и во кругот на станичните места над кои поминува електрична мрежа под висок напон од 25.000 волти.

„Најголем дел од децата, па и возрасните не знаат дека не мораат да ги допрат жиците што се под напон за да ги удри струја. Тие зрачат и создаваат струјно коло што ги зафаќа сите што се на растојание од околу два метри. Значи, доволно е само да се исправиме над вагонот и да се доближиме до водовите, па да не' спржи струја од 25.000 волти“, објаснуваат вработени во „Македонски железници“.

Несреќите што се случија во депото на МЖ во населбата 11 Октомври го запалија алармот во јавноста, кај родителите, надлежните и кај самите деца. Водени од трендот што го зафати целиот регион, тие се качуваат на вагоните, но доближувајќи се до електричниот вод под висок напон, ги удира струја. Во неделата почина 15-годишно момче, а двајца негови врсници се здобија со изгореници од втор и трет степен. (Х.Р.)

Статијата е прочитана 1833 пати.


Испрати коментар
Моника Белучи - Нов доказ за сексапил
Жизел Бундшен - Враќање на огнената Бразилка
„Демофест 2017“ со богата програма и ѕвезди
Кире Лазаров и Пере - „Нокаут“ на ручек во Барселона
Фолк-фест „Филиграни“ се сели во лето
Елтон Џон во болница поради инфекција
(ФОТО) Концерт - Кога Наум пее, нема одење рано
Џек Николсон го прослави 80. роденден
Ерин Моран почина на 57 години
Македонија влезе во Гинис со шопска салата
Централното греење многу ќе го намали загадувањето во Скопје
Околу 800 ученици „Возеа кон иднината“
(ФОТО) Концерт на Влатко Стефановски и Биг бендот на оркестарот на словенечката армија - Музичко обединување на два темпераменти
Серена Вилијамс по породувањето ќе се врати на теренот
Австрискиот канцелар разнесуваше пици
(ВИДЕО) Грчки „летачки поп“ стана хит на интернет

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
23°СкопјеВреме
Облачно
Пет28
Саб22
Нед16
Пон21
Вто23
Сре23
Чет24
Пет22
Саб23
Нед23
НајчитаниНајкоментирани

Зекири: Дел од толпата имаше радиостаници и оружје
Мост излегува од хрватската влада
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ