www.utrinski.com.mk
27 ноември 2014 10:09
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
13.03.2013, 17:48

Мое ќоше

Предизборна едночинка

Ерол Ризаов

Во главни улоги Никола Груевски и Бранко Црвенковски

Сцена број еден: плоштад на кој било македонски град. Свечена бина, а на неа педесет статисти во костуми и портокалови вратоврски, повеќето со бради и мустаќи, неколку дами и домаќинки со испеглани руси коси и чизми со високи штикли, над нив класично здолниште, само два прста над колена во комбинација со истобојно елече. Зад нив со големи букви пишува: „Македонија се сака со дела“. Пред бината куп новинари, камери, фотоапарати, блицеви, избричени тркалезни глави на луѓе без врат свртени со грбот кон бината. Пред нив илјадници натуршчици, раја, наш народ со збрчкани лица и со светнати очи зјапнати кон бината. Ечи музика на познат марш. Сите ја пеат гласно изборната химна „Напред“. Наеднаш некој идиот ја пушта истата песна на руски. Никој ништо не забележува. Само Владо Јаневски негде на ќошето од бината е избезумен и бесен од оваа диверзија, што му ја украле песната Русите, па сега уште му ја пуштаат непрокопсаници. Спикерот, познат актер, како во Медисон сквер гарден, од боксерската арена го најавува на сет глас: А, сегаааа нашиот шампион Николааааааааа Грууевскиииии. Вресоци, скандирања, овации, аплаузи... Тука се прекинува дејството и се осветлува другата половина од сцената.

Отспротива, сцена број два: плоштад на кој било македонски град. Свечена бина, а на неа педесет статисти шарено облечени. Едни во костуми и со сини вратоврски, има и жар црвени, други со спортски јакни и шалови, трети со тренерки и патики. Некои така малку разбушавени, со трендовски бради а ла Бранко небричени само десетина дена, а некои уредно исчешлани со патец и со наочари како што носат универзитетски професори и академици. Десетина жени со пркосно кренати брадички од што на прв поглед се препознава дека се опасни феминистки и независни интелектуалки. Зад сите нив со големи букви пишува: „Македонија сега, време е“. Мириса на книги, а штотуку расонети интелектуалци потпевнуваат „Мила знај ова нема крај“, а публиката возвраќа „Бела чао, бела чао“. Пред бината новинари, камери и јајцевидни глави, истата раја, како и на првата сцена, истите ликови, истите брчки и истите светнати очи и надежи за подобро утре. Водителот во истиот стил вика на цел глас.... а сега Бранкооооооо Црвенковскииии.... Овации, аплаузи, делириум... Се прекинува дејството.

И сега режисерот и мајсторот на светло прават лајтшоу со играта на блесок и потполн мрак. Наизменично светлина и темница. Во главни улоги Груевски и Црвенковски.

Прво се појавува Груевски. Мала пауза. Потполна тишина. Се слуша како лета мува. Бррранко. Ти си херој на Грција. Треба да ти дадат медал. Ти си поголем Грк од Самарас. Време е да си одиш, веќе не те сака никој, ни твоите. Се прекинува дејството.

Се појавува Бранко Црвенковски. Слушај ваму Грујо, слушај добро, та бил јас, та не бил, ви нема спас од мене. Време е ти да си одиш од Македонија сосе фамилијата после сите зла што ги нанесе. Ајде ако смееш излези на предвремени парламентарни избори.

Груевски: Бранко, викаш та бил та не бил, ама гледај да бидеш. Оти како тебе противник нема во цела Европа. Додека си ти во СДСМ, ние ќе победуваме.

Црвенковски: Никола, Никола, велиш да си одам. Е, не си одам додека не ти го видам грбот и додека не си заминеш поразен од Македонија.

Груевски: Бранко, не лажи го народот со предвремени парламентарни избори. Ќе те победам и на парламентарни избори. Нема по твој ќеф да одиме на избори секогаш кога ќе заплачеш како мало дете. Те тепам веќе шест пати.

Црвенковски: Никола, ти го лажеш народот. Кажи ја вистината, кажи дека го продадовте името на државата.

Груевски: Бранко, ти ја прекрсти Македонија во БЈРМ привремено за два месеца, а еве цели 20 години го носиме тоа срамно име.

Црвенковски: Никола, ја донесовте државата до целосно пропаѓање, тече од сите страни. Тонеме.

Груевски: Бранко, ги продадовте сите компании и ги оставивте луѓето без работа.

Црвенковски: Никола, престани да се задолжуваш на сметка на народот за да градиш кули од карти.

Груевски: Бранко, за нас е добро да останеш кај што си, не чини за државата таму да си. Треба да те сменат твоите.

Црвенковски: Никола, готов си, ти се гледа крајот...

Сцена три: Психијатриска клиника, двајца доктори во бели мантили гледаат вести. Колега, го гледаш ли ова. Да, се работи за класичен случај на... Чекај, чекај, не те прашав за нив двајцата, таму се' е јасно, те прашав за публиката... Хм, мислам дека се работи за масовна хипноза со типична фатаморгана по голем глад, жед, исцрпеност и силна надеж за спас. Колективни халуцинации, „Сахара синдром“...

Завесата се спушта. Се гасат светлата.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот



Статијата е прочитана 4969 пати.


Испрати коментар
Македонките живеат пократко
Изборни приказни
Бесплатна иднина
Македонија
Каде е машиновозачот?
jovan, 14.03.2013 00:22:42
Seto ova mi lici na dobro scenario za onie Americanski filmovi/komedii vo koj glavna uloga se nekoj izmisleni diktatori od nekoj izmisleni drzavi.
Ljupco, 14.03.2013 00:30:47
Dodeka ima takvi koi za 550,00 den. i nekoi i za pomalku i za slobodno vozenje vo avtobus si go prodavaat g...t, dotogas ke bide vaka. Srekno.
Санто, 14.03.2013 00:52:01
А каде предизборните едночинки, во светот се различни.Секаде каде што има „демократски избори“, сценографијата е иста, глумците копираат едни од други, денеска се со една партија, утре со друга (која ке плати повеке ), и не гледам што авторот премногу се возбудува.Различно кај нас е тоа што губитникот го снемува од политичка сцена, а не да се бара победникот од изборниот циркус, да се согласи сам да си замине од бината.Победената страна треба како феникс со внатрешни сили да се препороди ( а не само да се ресетира) и однесе победа на следните избори.Навистина им се многу победи во низа тоа не е здраво, ама кој да ги победи.
EU, 14.03.2013 00:59:11
Da drzi posledniot pasus, no masovnata hipnoza moze da se dolzi i na nemanjeto samodoverba ili pak kapacitet za kriticko razmisluvanje. A verojatno ni e pokomotno, nekoj drug da se grizi za nas, prezemanjeto odgovornost e osobenost na zreli luge
ristov, 14.03.2013 03:44:19
Nema so sto da se falat pa se napagaat eden so drug,inace drugoto si e isto minato svrseno vreme vo idnina mi se dopaga statiata.
od doma, 14.03.2013 06:05:33
Da,tocno taka*lici na dobro scenario za amerikanska filmska komedija...* na koja nie bi se smeele gledajki go cirkuzot,ako ne bevme otepani od trpenie, ne sigurnost, strav;od denes do utre kako da se prezivee.Poradi toa, (gledano od strana),komedijata e edna teshka tragedija potprzena od nedokvakaniot *orovodac*koj nema zelba da go napustu *tanecot*i negovata ekipa koja mozebi toj ne svakja daka,i nemu * negovite mu go smestuvaat* . A rajata, negde na opashkata, samo se matka gore-dole, nema snaga da go isfrli od tanec.TOCNO, deka izbornite kampanji na sekade se so ista scenobrafija, so cel, filmot da uspee.Samo, kaj nas kako nikade na svetot, glavniot glumec tvrdiglkavo,ne se bori za samo za sebe, so najprostackii detski igri, za da go snema liderot na SDSM ne mislejki na narodot. Liderot, bez namera za licna kariera kade dostigna sé;bez ravnoporavna borba pred izboite ,se zainati da ne go napusta narodot makedonski,pred da naprav demokratska drzava od Makedonija koja toj ja izgradi
nato-jato, 14.03.2013 06:40:46
A gde je pecat? Kaj tie sto gi trpat i dvajcata,odnosno kaj nas,samo nemamme hrabrost da gi mavneme od scenata.
Ne znam koj sum, 14.03.2013 07:22:04
Pocituvan Rizaov,receptot ,so imeto na lekovite,go propustivte.So sto da ja povratime ,publikata od halucinacijata?Dijagnozata ,ja slusnavme ,ama ne i terapijata!
deutschland, 14.03.2013 07:41:14
Ne e dobro koga nekoj kako vas gos.Erole Makedonskiot narod go narekuva´´raja´´-ja nemale site sansata da se obrazuvaat,napreduvaat vo vasiot sistem bez partiska kniska i ogromni politicki vrski!MK imase dovolno predvremeni i predvremeni izbori.DOSTA ni se veke igrite od destruktivecot branko,vreme e da fatime priklucok so najrazvienite vo EU.i kako mnogupati dosega Erol i denes bezmilosno se obiduva da gi stavi vo ist kos Gruevski-segasen i iden Premier na Republika Makedonija i branko destruktivecot-papata koj so strasen REZIM seuste e lider vo sdsm(pola sdsm,pola gi izbrka ili si otidoa)!stranski ogromni investitori veke se tuka-investiraat,se patuva bez vizi vo EU,se gradi-se stvara,nevrabotenosta ni se namaluva sekoja god.(znaci se zaposluvaat lugeto a i tie sto ne trebale da bidat prijavuvani kako nezaposleni-se otkrivaat i izleguvaat od tamu),penziite se redovni i pokaceni,EU,USA stojat pozadi Vladata,Narodot veruva vo Gruevski..a na drugata strana(izbor)imame vo Branko i tolku!
Bogomil(ec), 14.03.2013 08:08:05
Разврската - сценски, е уште подраматична. Хичковски изрежирана. Носителите на насловните улоги, поточно главните глумци, набрзина маските ги фрлаат на подот, асистентите интервенираат да им го симнат гримот, а од под него, гледате некоја друга, жална фаца - не на лидерското горило што до предмалку Донкихотски им се закануваше на ветерниците, ги остреше забите со оловно ,,тешки,, ветувања и Хамлетовски ,,мудрости,,. Без рефлекторските светла, без гламурот од мајсторскиот илузионизам на сценските полтрони , без козметичките слоеви нанесени врз суратите, само во нашиов беден, обезличен и безпркосен свет, интелектуално џуџести фигури и маалски мангупи, може да остваруваат вака маестрални ,,лидерки,, улоги.А публиката, со ваквата апатија и летаргичност, секогаш ќе останува со прстот во уста. Ќе се забавува со овие бурлески, до следната изборна драма. Со истата режисерска и артистичка клапа. Доколку во арената, еден ден, не се случи пролет...
Коста Стоименовски, 14.03.2013 08:31:56
Предизборната кампања и тоа за локалните избори се сведува всушност на пропагандна промоција на лидерите на двете најголеми партии во државата. Во неколку наврати укажував дека опозицијата настапува со несодветна преизборна платформа. Никогаш граѓаните не биле изложени на такви тормозења како што тоа го прави актуелната власт се со цел да ги исцеди и последните пари од нив: сметки за РДТ на сите члениви во семејството, одбивање на барањето за враќање на ефтината дневна тарифа за струјата, казни, глоби, користење на заштитените професии (нотари, извршители) со високите такси за нивните услуги да го пополнуваат празниот буџет (ДДВ), наместо да ги штитат граѓаните од монополските цени (за струја, парно итн.), таа ги штити монополите! Дали уште постои ДЗР и што работи? Обединителот на Германија Х. Кол падна поради неможноста да даде отчет за 180 илјади ГМ (за финансирање на партијата!?), а во МК нема отчет ни за милијарди евра кои власта расипнички ги троши за разни апсурдни „проект
meksikaneca, 14.03.2013 08:36:12
Blagodaram,Tocno e deka site predizborni ednocinki se sliicni edni na drugite,no vo konkretniot slucaj,ovaa na Gruevski trae celi sedum godini,so tendencija da ostane takva,se dodeka e na vlast.Zatoa tesko na narodot,posebno mladite.
Nekoj, 14.03.2013 08:46:36
Da se bide novinar ne znaci samo da se konstatira.Vprocem dodeka Crvankovski zboruvase deka BOJKOT e resenie za spravuvanje so ova ednoumie,mnogu pera go osuduvaa.Sega gledame deka Branko i Sojuzot dobro ja apsolvirale celokupnata strategija na vlasta.Znaci ne e do niv tuku do gulabite prevrtuvaci koi sakaat gladijatori vo arena da tecat potoci krv bidejki ke imaat za sto da mudruvaat.Pocituvan dodeka i vie gledate samo vo svojot dvor i se dvizite levo desno bez cvrst stav i zelba za korenita promena do togas ke ni se setkaak opincari vo noi konduri pred oci.Zatoa psss
До Санто, 14.03.2013 08:49:35
А, каде во светот новинарите не ги исмеваат ваквите циркузи. Новинарот не се возбудува , туку ги исмева ваквите примитивизми и не подучува и ние да не се возбудуваме премногу и со потсмев да гледме на петлите на буниште. Ти Санто изгледа си премногу загрижен затвојот петел. Новинарот ги исмева и таквите кои аплаудираат и кога не треба.
Дос Сантос, 14.03.2013 08:57:24
Санто , дали твојот Овчар се повлече од политика , кога во 2002 година , во Изборна единица 1 , загуби од Бранко со 12:5 во број на пратеници?!
Жт вк, 14.03.2013 08:59:15
Ероле, си опфатил многу работи, ама пак (нарочно) си го испуштил најважното: што има направено досега едниот, а што другиот. Наместо кој ќе победел. какви ќе биле изборите, кога ќе имало избори, немало демократија, човекови права, какво новинарство и т.н. напиши ги еднаш нивните ДЕЛА што се гледаат, односно кој што изградил во Македонија. Пробај прво да најдеш една чешма што ја изградил твојот Бранко, па потоа споредувај ги за други работи. Едноставно, колку и да се трудиш да ги поистоветуваш, тие се неспоредливи. Тоа најубаво го знаат граѓаните, а доказ се нивните рејтинзи.
Seirdzija, 14.03.2013 09:10:50
Ogromni pari isturi vlasta za ovie izbori,dali nekoj ke odgovara za se sto se pravi u najsiromasna drzava u EU?Iako ke glasam za opozicijata,seedno mi e dali ke pobedat,mozebi Makedoncite i ne zasluzuvaat povece koga sedum godini ne vladeat ludje so cist obraz kako Gruevski i familijata!
ZRELOST, 14.03.2013 09:28:06
Da tocno taka EU prezemanjeto na odgovornost e osobenost na zreli luge a Makedonija i Makedoncite iako stanaa polnoletni se uste ne go polozija ispitot na zrelosta.Se dodeka se rasetuvaat so avtobusi od strana na dvete najgolemi partii i za sitni pari go prodavaat svojot glas na toj koj ke ponudi poveke se dotogas nema da porasneme.Tuka kako decata mali ke se raduvame na ponudenite lizavcinja koj ke treba da gi lizeme do slednite izbori i se taka vo nedogled
Stipjanec, 14.03.2013 09:38:01
So simpatii se sekavam na duhovitiot parlamentarec vo prviot Makedonski Parlament-Mitko Vrapceto koj velese: Na ti ja topkata, daj mi ja topkata; Pukna topkata-ZAVRSI IGRATA!
Титаник, 14.03.2013 09:45:00
Додека бродот плови кон сантата лед, музиката свири, паровите танцуваат и сè изгледа нормално. Во оваа параноја не ни останува ништо друго освен да се мајтапиме. Публиката во едночинката е слепа, глува и нема.
dali?, 14.03.2013 09:51:24
Masovna hipnoza? Zarem se uste ja potcenuvate inteligencijata na narodot ?!?! Navistina mislite deka nekoj se pojauva na miting od ideoloski pricini ?!
ane, 14.03.2013 10:35:20
Одлично! Каде се тука, освен тебе Ероле, нашите познати драматурзи? Немаме добри драматурзи. Храбри луѓе, кои ке се зафатат со актуелноста на претечка сериозна криза. Некој кој ке прати своја порака и видување, и објасни што ни се случува. Бидејки во Сахара-синдромот, очигледно е дека го губиме контактот со реалноста.
Gonete se u...!!!, 14.03.2013 10:40:20
Erole.navistina psihijatrija obrabotuvajci go toj problem dosla do zakljucok da postojat odredeni dusevni poremnetuvanja i po pat na idukcija. Shizofrenijata e bolest so rascep vo dusata,mislovniot proces,halucinacii i izvitoperuvanje na stvarnosta.Zdravi licnosti ako ziveat vo takva sredina,( ludnica) posle podolg period pokazuvaat simptomi koi po pat na indukcija gi prifacaat od bolesnata sredina. Tipicen primer za toa e MKD, a setete se na Sev. Koreja, Venecuela od Cavez i uste mnogu zemji. Posebno ako narodot e pod tormoza na nevidena gebelsova propaganda. Eve deutschalndov e luti sto spomenuvas raja, a ne znae deka za nego toa e kompliment. Eve toj isgubil kontrola so stvarnostai gleda golem napredok vo MKD. Navistina umot bil srca,koja lesno se krsi. Feliks vece odamna e smesten vo azil, ama eve se javi deutschlandov. Mora da mu se bara lek. A onie dvajca glavni akceleratori na ova masovno ludilo, treba da se odnesat vo nekoja suma i im se rece : Gonete se u ...!!!
milan, 14.03.2013 10:43:53
Do zt vk, se soglasuvam so vas deka BC. i NG ne se isti. Edniot za vreme na vladeenjeto napravi kriminogeni dela, a se so populisticki celi, a drugiot ne. Dali se sekavate na pocetokot bese javeno deka SK.2014 ke cini 80 miliona eura, megutoa sega se govori za cifra od 5oo miliona, a neodamna Ljubljansko delo objavi cifra od 1 milijarda. Blaze si ni zt vk so takvi dela stvarno daleko ke doturkame. A BC.da go smenat,pa toj stvarno vi smeta. No na negoviot zamenik pak ke mu najdete nekoja maana.I Obama da go postavime vie so vasite mediumi (a site se vasi) i nego ke go brukate. POZDRAV.
melbourne, 14.03.2013 10:46:33
Za napravenoto,nekoj bese i ja potvrdi drzavnosta na MAKEDONIJA,a nekoj koj zali sto ne bil glaven vo toa vreme,na site nacini probuva da go omalovazi toa,kako sto gi omalovazuva borcitw od NOB.
P.Petar, 14.03.2013 11:00:16
Erole! Ima edna golema *dupka* vo scenarioto koe ni go pretstavuvas! Ti fali POLA raja onaa od Tetovo do Struga!? Da ne se ostvari pogovorkata dodeka dvajca se karaat tretiot koristi!!
Mirko, 14.03.2013 11:07:14
Pocituvani g.Rizaov! Dobro napisan scenario. Akteri i statisti - realni. Uspehot na predstava mozi i da se predvidi, samo kako ke prihvati publikata taa ujdurma, oti vo sustina e toa? Jagne, nikogas ne mozi da bide volk!
Раја,раја, да е скраја !!!, 14.03.2013 11:26:13
Геномот е нешто фасцинантно !!!Генерации ќе минат ама некој работи нема да ,,згинат,, !! Така јас за Ерол уште сум ,,раја,, дај Боже да е скраја !!! За него јас сеуште сум роб (турски-раја) од кој јаничар ке биде или пак млада мома во харем ќе отиде, ханума да биде !!!Е мој Ероле нема веќе инспирација за колумни елоквентни, се повеќе стануваат ,,тенки,, !!! Клонови ли се тие, или нема веќе сила, оваа ,,битка,, и натаму да се бие !!!Panta rei,Ероле време е да се погледнеш во огледало бистро и да заминеш ,,хитро,, !!! Оти ако Ти нас суште за раја не сметаш тогаш за што треба ние (јас) да Те сметаме Тебе !?? За паша, кој наместо перо в рака земал маша па од се прави каша !!?? Ероле геномот е најголемиот издајник се виде и сега а од тоа не се бега!!!А за едночинки тешко ќе Те биде, времето Ти отиде,отиде !!Т.С.д.е.и
Vitamin C, 14.03.2013 11:27:31
Zalna slika koga vaka vo retrospektiva se gledaat izjavite na nasiot Premier. Kolku pati dosega e kazano deka nesvatlivo e za premierot da I posle 7 godini ultimativna vlast vo drzavata, uporno I na site nacini se obiduva da go okrivi BC za site svoi neuspesi I porazi. Sramno e koga se slusa od premierot deka sve sto evazno da se kaze za ovi 7 godini od negoto vladeenje e povrzano samo so BC I kritika kon istiot. Zarem ne e fakt deka VMRO kako partija e na vlast 11 od 20-te godini od osamostojuvanjeto na Makedonija I deka sve sto imaat napraveno za ova vreme se samo prazni vetuvanja I milijardi potroseni pari za fasadi I sminka. Sepak, ja znaeme onaa narodnata: Narodot toa eden den sve ke pozlati
fyrom, 14.03.2013 11:44:59
Politikata kako aktivnost ne moze da e k..va,iako edna od popularnite definicii za nea e taa. So koaliciranjeto i sozdadeniot Makedonski blok vo Struga,Kicevo se potvrdi deka tie koi ja kreiraat politikata i koi gi vodat politikite se K . . V I.
karokan, 14.03.2013 12:14:41
Г-дине Deutschland,после оној,колку-толку,пообјективен коментар (те пофалив) некој дорпо ти ги истргнал ушите,па повторно си се вратил во лавиринтот од кој нема излез.Плукаш,лажеж (добро ЛАЖЕШ),се обидуваш да спинуваш (што пак кај малку интелегентен човек добива контраефект)!!!! Јас,објективно немав шанса да се образувам (материјалната состојба не ми го дозволуваше тоа),ниту бев член на партијата (СКЈ),ама тогашниот систем (како сакаш нарекувај го)овозможуваше услови за образование и на најбедните (запишување на факултет без партиципација и наместена селекција,кредитирање,убаво среден студентски живот,пристапна литература, професорски кадар чии имиња (веќе многу и покојни) со пиетет ги изговараме и денес,се гордеме што биле наши професори.Од нив и попримивме,не само она што ни го предаваа,туку и од нивното однесување-чест и достоинство (што беше сега тоа).Со денешниот начин на владеење “...да фатиме приклучок со развиените во ЕУ“???Па ти си смешен,г-дине Deutschland,многу смешен!!!!
od marta, 14.03.2013 12:16:25
do zt bik ova tvoja vlada napravi mnogy skooje poveke lici na grobista so spomenici od kolky glaven grad na drzava cesmite sto gi napravivte voda nema nevrabotenosta sto vie namalena vi zamina vo strnstvo palmite vi se isysija zalnite vrbi do zemja vise navednaa placa za makedonija placat za vas so dehdaclaneco i drygi kako vas nikola seta od grad do grad ostavi da vidime kolky ziteli od grado te podzyvaat
jana, 14.03.2013 12:35:13
Bravo Erole. Mnogu slikovito ja opisha predizbornata atmosfera. Potpolno se slagam so T ebe. Shto ke ni e nov teatar, koga imame cirkus na ulica, Starit obichno vikaat: stara pesna na nov glas. Taka i so nashite izbori. Se e isto , a tuka se i Branko i Grueski. Zatoa dragi moi mnogu ne go gledajte ovoj cirkus za da ne Ve boli glava. Gledajte si gi turskite serii i uzhivate...
Трпе, 14.03.2013 13:10:50
Нашиот мистер мр Рејтинг,со неговата безобразна реторика не е свесен дека народот го свртува против себе.Човекот кој со своите (не)дела ги направи за овие 7 години како прв човек на власта и 4 (четири)години човек кој исто работеше со народните пари се претставува дека е чесен ( како светица) и дека се некој друг е крив.Никако да разберам што сакаше да каже со ова дека ако господинот Црвенковски остане како лидер на СДСМ добро било за актуелната власт а ШТЕТНО ке било за државата.Заклучокот е дека штетно е за РМ што нема кој да ја истера црната чума над Македонија,ако Бранко остане во СДСМ.А кој ја надвисна црната чума над Земјата?Разбира се овој кој е власт.На крајот аплауз од сите.Грујо оди си што побргу, доста штета правеше на овој народ кој заборави што е смеење.
demokrat, 14.03.2013 14:10:15
Vo otsustvo na ,,Feliks,, koj ocigledno e na ekskurzija niz Makedonija, dnevnata doza ja dobivame od ,,deutschland,, koj fizicki se naoga vo Germanija a phihicki vo Makedonija. PS: Utre ocekuvam pisanie od tebe za demokratskite kapaciteti na lidero ni, odnosno objasnenie zosto golemiot demokrat i graditel so godine nema nitu eden potpretsedatel vo partijata vi? Danke.
milko, 14.03.2013 14:20:48
g- Rizov odlicno stokmen tekst pod ednakvo kriticen za site strani.Znaes i sam deka edna lastovicka ne nosi prolet.Najdi barem uste dvatri trojca nelizikurci novinari.ili nema?Nekni albanski novinar(i samiot primeti) SO PLATENA KOLUMNO SIRESE VERSKA OMRAZA.Ogromen broj novinari lovat vo matno i posle cacko e kriv. odlicen primer so novinarite od a1 op pratenici 1000 evra plata.zatoa ni e takva mediumskata sloboda kako sto e odceneta116 mesto.Od site novinari naj golem del se materijalisti i kameleoni a sosem e mal procentot na profesionalci.poz
riki, 14.03.2013 17:05:34
zavesata se pushta..se gasat svetlata..a so toa i NADEZTA na narodot.posle 20,i nekoja godina,nashite*drzavnici*ne uspeja RM da ja donesat na vistinski kolosek.partiski konflikti,razdori megu narodot,namesteni aferi i incidenti,retardiran nacionalen duh.shteta za generaciite rodeni od 80,90,god.seto ovaa g.erol mi nalikuva na procueniot dvoboj,pomegu marshalot vajat erp i banditot ajk klanton,kaj*ok koralot*vo tombston,sad,vo 18 vek.samo shto togash pobedi zakonot,odnosno,pobedi vizijata za edna podobra amerika.kaj nas e obratno.golem beshe entuzijazmot pred 7,god.bevme optimisti na korenita prerodba.pred se podobar STANDART.nishto od toa.kolku i da beshe losho,vo vremeto na BC,djebot ni beshe pola prazen,sega e na CELO.i shto e naj losho,kaj nas se raga eden nov sistem.unikaten bi rekol.neznam kako i so cij model bi go sporedil.neshto kako,parlamentaren sistem koj pociva na nacional socijalisticka platforma.blagodetite gi uzivaat tie shto se so niv,dodeka neistomislenicite mizeruvaat
pero do ljupco, 14.03.2013 17:55:55
Значи многу има според тебе газот што си го продаваат за едно бесплатно возење.Ами тогаш што не кажеш и за бесплатни бањи за пензионерите и за многу пати зголемени пензии за бесплатни учебници за лап топ за секој студент што родителите не му купиле тоа го стори ВМРО за огромни суми за субвенции за земјоделците и сточарите спортски сали околу 200 за легализација на диви објекти три дена да пишувам нема да ти напишам се што направи ДПМНЕ.Ако сте народен весник објавете го ова не само лагите на СДСМ.
Baba Zumbula, 14.03.2013 23:57:05
Do*pero do ljupco*,tocno kako sto kazuva Ljupco,vrednosta e 9 evra.Ni pomalku,ni poveke!!Besplatni banji,da,prasaj gi lugjeto koi stopanisuvaat so tie banji koga i kako im se plaka.Isto kako vo stopanstvoto,neli nemase dolg so godini,za da izleze poveke od 100.mil. evra,koi so ponos i transparentnost se vrakaa (so kamata ili?A tie sto zatvorija krevkite firmicki od koi ranea familii,kade se tie?).Zgolemeni penzii(pa toa ti kazuva Ljupco,9 evra),a cenite Pero moj?A reket za nesto sto ne koristis,centralno greenje.Subvencii za zemjodelcite,(koi Dule mlekaron,ili Vinea)i toa bas sega pred izbori?Znaci bea vo pravo so budgetot na 24.12.12.,se gleda od avion!I nemoj bi te zamolila da kazuvas kolku e napraveno.Gledame,i utrobi ni se vrtat.Neise,od ubaina mladive kupuvaat one way ticket.I leba ti,znae nekoj kolku e vnatresniot i nadvoresniot dolg na MKD?Meurot od sapunica raste,raste i na kraj pufff.Citaj si ti *narodni vesnici* kako Vecer,NM,Dnevnik i uzivaj vo prerodbata.Taa od 9 evra!!!

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
5°СкопјеВреме
Облачно
Чет7
Пет11
Саб13
Нед10
Пон11
НајчитаниНајкоментирани

Обама мора во Фергусон!
Мерките за намалување на невработеноста даваат ефект, но...
Колку е моќна ОПЕК?
    Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ