www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:04
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
30.12.2013, 16:46

Игор Јосифов изложи портрет на „Мандела“ во САД

„Мандела е трансформативен карактер, човек кој стоеше цврсто зад своите принципи, се бореше за правата и слобода на народот. Имаше доста инспиративен животен стил. Делото со негов портрет кое е изложено на приватна изложба во галерија во Сан Франциско го создадов по објавата на неговата смрт, а носи наслов ’Taming firе‘. Го работев со кураторката Хана Регев во ‘Theater Loft‘“, изјави деновиве македонскиот ликовен уметник Игор Јосифов, кој живее во САД, и чиј портрет на Мандела деновиве привлекуваше внимание на „Фејсбук“.

Јосифов најавува дека портретот на Мандела ќе го испрати во Париз каде што работи со Галеријата EGP , a делото ќе биде изложено со останатите на „ArtParis art week“ од 27 до 31 март 2014 година во „GrandPalais“. „Многу сум возбуден што од 14 јануари до 5 март ќе бидам резидент артист во Yellouwstone art museum во Монтана, а ќе имам и неколку други изложби каде што ќе презентирам свои цртежи и инсталации. Ќе одржам и неколку работилници“, рече Игор Јосифов, кој на 7 март во „Onassis cultural centre“ во Атина ќе го изведува дводимензијалниот перформанс што во 2012 година го виде публиката во неколку изложбени простори во светот, како и во Музејот на современа уметност во Скопје. „Моментално немам план за изложба во Македонија, но, дефинитивно, ќе се вратам во земјата по перформансот во Атина, а потоа одам за Париз“, рече Јосифов за кого 2013 година беше многу продуктивна година, а и 2014 година отсега му изгледа како година со повеќе проекти и изложби. (К.Б.)

Статијата е прочитана 1957 пати.


Испрати коментар
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Дивата британска дама на филмот
Ние го имаме „На убавиот син Охрид“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ