www.utrinski.com.mk
28 април 2017 08:20
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 17:38

Иконен: Двојазичноста во Финска се смета за богатство

Амбасадорот на Финска за Македонија, Перти Иконен, рече дека не е во Македонија да дава совети, но потенцира дека Финска е конструктивен пријател и нејзините искуства може да и' помогнат на Македонија

Двојазичноста во Финска се смета за богатство, потенцира амбасадорот на Финска за Македонија, Перти Иконен, кој објасни дека земјата има популација од 5,5 милиони жители, а 6 проценти се Швеѓани и тие имаат право да побараат секој документ да им биде издаден и на нивниот јазик, иако тој потенцира дека тие во нивната држава се Финци со шведско потекло. Амбасадорот посочи свој личен пример дека тој е од мешан брак, а неговата мајка има шведско потекло. Иако Финска е помала држава од Шведска, рече Иконен, тие не се чувствуваат загрозени, туку добро соработуваат, а тоа е резултат на историските врски со Шведска кои им помагаат за поврзување на нордиските земји.

Иконен рече дека не е во Македонија да дава совети, но потенцира дека Финска е конструктивен пријател на земјава и нејзините искуства може да и' помогнат на Македонија преку споделување на своите позитивни искуства во правец на постигнување на развојните цели.

Тој исто така потенцира дека иднината на земјите од Балканот е во ЕУ, а тоа особено се однесува на малите земји како што се Финска и Македонија.

„Македонија природно припаѓа во ЕУ, и посакуваме да биде дел од ЕУ. Ние вложуваме големи напори Македонија како и останатите земји од регионот да станат дел од ЕУ. Се соочуваме и со проблеми, но мислам дека тоа е единствената иднина на овие земји, бидејќи ЕУ е Европа. Таа е најголемиот инвеститор во регионот, економски многу моќен субјект и само мал број на земји можат да си дозволат да бидат надвор од неа, како Норвешка која „плива“ во нафта или Швајцарија која исто така е многу богата земја. За сите останати мора да ја бараат својата иднина во ЕУ“, истакна амбасадорот Иконен на средбата со новинарите по повод обележувањето на стогодишнината од независноста на Република Финска.

„Со обележувањето на јубилејот и во земјите од регионот, сакаме јавноста да ја запознаеме со финската култура, вредностите и општествениот живот на земјата, но и со успешната соработка која постои меѓу нордиските земји, што може да му послужи како пример токму на Балканот“, рече амбасадорот Иконен.

Тој ги истакна вредностите врз кои е изградено финското општество, како владеење на правото, еднаквоста на можностите, борбата против корупцијата, ефикасната јавна администрација, а кои вели придонесуваат Финска денес да биде рангирана како петта најсреќна земја во светот и втора во Европа.

На средбата присуствуваше и почесниот конзул на Финска во Македонија Светозар Јаневски, кој говореше за потребата од понатамошен развој на економските односи меѓу двете земји и ги истакна позитивните перспективи што би можеле да се отворат доколку Македонија ги користи искуствата на организирани општества какво што е финското особено моделот на функционирање на локалната самоуправа.

Денот на независноста на Република Финска е 6 декември. Програмата за обележување на стогодишниот јубилеј на финската независност предвидува над 2.000 настани во целиот свет, вклучувајќи го и регионот. Во Скопје се планира одржување концерт на финска музика во текот на ноември годинава. (П.Р.)

Статијата е прочитана 2328 пати.


Испрати коментар
Тежок ден за македонската политика
Документ за спас или за подлабока криза
Чавков - Пратениците ќе имаат непречен пристап во парламентот
Иванов во нови избори гледа излез од кризата
Протест пред СЈО против притворот на Сеад Кочан
Спасовски не добил покана за распит кај Зврлевски
Филип Петровски на обвинителски распит поради „Твитер“
Mk-idnina, 21.03.2017 03:05:50
Problemot vo MK e toa sto, albancite vo MK nevelat, jas sum makedonec so albansko poteklo(ma da poseduva MK drzavjanstvo), nego veli jas sum albanec.Toa e razlikata izmedju Finska i MK.
   59 |   25
do Ikonen i Ajvan, 21.03.2017 04:51:14
Ajde toa bogatstvo predlozhete im go na unitarnite drzhavi vo EU.Predlozhete im go prvo na vashiot najblizok narod,po jazik i kultura,estonskiot.Vo Estonija ruskoto malcinstvo nema pravo na oficijalna upotreba na svojot jazik ni na lokalno nivo.Ama vasheto licemerie ne vi dozvoluva toa da go predlozhite.Zatoa ne soli pamet kaj nas.Informiraj se,Ajvan.Finska e federacija zatoa sto del od nejzinata teritorija kaj sto ima Svegjani e avtonomen region i zatoa e dvojazichna drzhava.Vo tvojot vcheraseh komentar se soglasi so mojot komentar za Cheshka,Shvedska,Holandija.Tie se so po eden drzhaven jazik,a regionalnite jazici kako Friziskiot vo Holandija se regionalni i ne se drzhavni,ni ramnopravni so mnozinskiot.Angliskiot jazik ne e drzhaven vo tie zemji.I vo Makedonija malcinskiot jazik e na del od Makedonija oficijalen,ne na polovina drzhava.Ne se site drzhavni kliniki i bolnici dvojazichni vo Skopje.Vo Chair se.Noviot univerzitet e greshka na VMRO i kje pravi kvantitet na smetka na kvalite
   48 |   72
Naumce Srbinoski, 21.03.2017 06:08:42
Господине Иконен, за тоа да го разберат овие вжешрени глави што маршираат по улиците ке треба да поминат уште најмалку сто години! Значи, тоа значи дека Македонија нема иднина за следниве сто години. Освен, освен ако паметните не им застанат на патот! туку ги пуштат сами да видат колку не се во право. Mислам дека по овој пат оди опозицијата на чело со Заев. Па така се надевам дека Македонија за побрзо време од сто години ке стане како Вашата земја Финска.
   49 |   40
Marioec od Azija, 21.03.2017 07:31:40
Да само што госп заборава, дека Македонија не е Финска,а што е најлошо во приказнава Албанија ниту е Шведска, а ниту нема ш од Шветска.Гледам утрински навива со сета сила за двојазичност,а што е најлошо и никако не реагира на фашизмот кај албанските партии и нивните политичари кои без срам и перде го пропагираат,како јавно така и во парламентите во косово и Албанија. А маниппулаторот ви го нема во колумните,да ни објасни како фашизмот насочен кон македонците и Македонија е богатство и просперитет.
   37 |   39
BRANKO. POLOG. OKUPIRAN od KACACI i BALISTI., 21.03.2017 08:25:11
Neka nekoj mu objasni na IKONEN deka KACACI i BALISTI nesa isto so SVEGANI.Daj BOZE Da bese taka ama neje.
   45 |   23
која логика, 21.03.2017 08:31:07
ДАЛЕКУ СМЕ НИЕ ОД ВАС ПРИЈАТЕЛЕ ОВДЕ ЖИВЕЈ БАЃИ НЕПИСМЕН НАРОД КОЈ ФАЛА МУ НА ДЕПЕМЕНЕ ЗЕДОЈА ДИПЛОМИ ЗА 2 ГОДИНИ АМА ЏАБЕ МУ СЕ ДИПЛОМИТЕ ПАК СЕ ЌУТУЦИ
   32 |   26
mile, 21.03.2017 08:46:34
ovie ambasadori ne gi razbrale nekoi raboti vo mk a ne im e ni rabota da se mesaat...jas sum povratnik od skandinavija a vo finska eden finec ne znae svedski a ne pa na terotorija kade nema eden svedjanin ,malcinstvo moze da podnesuva dokumenti na svoj jazik tamu kade ziveat i se obicno 90% vo tie opstini a ne tamu kade se 0,1%...slicno i vo kanada e vo opstina kade nema 1% frankofoni ne mozete da podnasate baranje na sud i slicno na francuski...
   37 |   30
Ники, 21.03.2017 09:04:56
Дали Финскиот амбасадор и Финска го признаваат Македонскиот јазик. Не е толкав проблем двојазичност како богатство, но проблем е кога јазикот на нацијата и државата (заедно со името) не се признава дека постои и тоа од самата ЕУ, а во исто време се бара официјализирање на втор и тоа баш Албанскиот. Така доаѓаме во ситуација да првиот не се признава никаде, а останува само вториот. Е тоа дури ни во Финска не проаѓа. А само да прашам, зошто Финска не влегува во НАТО, а тоа им го препорачува на Унгарија, Македонија, Грузија?
   52 |   31

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
11°СкопјеВреме
Претежно облачно
Пет28
Саб22
Нед16
Пон21
Вто23
Сре23
Чет24
Пет22
Саб23
Нед23
НајчитаниНајкоментирани

Насилството запре, демонстранти ќе спијат пред Собрание
Тешка владина криза во Хрватска
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ