www.utrinski.com.mk
29 мај 2017 21:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:34

Мислења

Бизарното однесување на турско-германските гласачи

Хаснаин Казим

Видливо мнозинство на турските гласачи во Германија го дадоа својот глас во полза на претседателскиот систем на Ердоган - многу од инает кон земјата каде што живеат

Колку и да е болно да се напише ова, не може да поддржувате автократски систем, смртна казна, апсење на критичките новинари и затворање на политичката опозиција, а потоа да се свртите и да жалите дека не сте прифатени во Германија како Германец. Тоа е неприфатливо. Тоа покажува дека интеграцијата во Германија пропаѓа - и дека Германците не се единствените кои треба да се обвинат за тоа.

Видливо мнозинство на турските гласачи кои живеат во Германија дадоа гласачки ливчиња „за“ за автократски претседателски систем на Ердоган. Во Турција, резултатот беше толку тесен што е можно гласовите од Турците кои живеат во странство дури да се покажат одлучувачки. И покрај тоа што живеат во демократски општества и во слобода и безбедност, тие луѓе во суштина гласаа за елиминирање на демократијата во Турција.

Интересно, многу Германци со турско потекло сега ме обвинуваат дека „само се обидувам да ги задоволам Германците“ со мојата критика кон Ердоган. Токму сега добивам стотици такви електронски пораки. Она што тие не успеваат да го препознаат е дека јас сум Германец. Тие се обидуваат да го негираат мојот идентитет како Германец на истиот начин како што прави популистички десничарската, антиимигрантска партија Алтернатива за Германија (АфД) и други десничарски екстремисти. Притоа, тие, исто така, го откриваат нивниот најголем проблем: имено, дека тие постојано тврдат дека се Турци и Германци, но дека никогаш навистина не се чувствувале Германци и не се обиделе да го бараат или да го осигураат нивното право на германски идентитет.

Тие не притискаат против оние кои секогаш ги отфрлаат нив како „гастарбајтери“ или „мигранти“, кои „треба да се вратат таму од каде што дошле“. Но, тие се токму оние поединци кои треба да одговорат, самоуверено: Ние, исто така, сме Германци - ние помагаме да се обликува земјата, учествуваме во општеството, помагаме да се моделира германското - односно, нашето - општество, бидејќи ние ја сакаме Германија, дури и ако таа не е совршена. Има многу нешта да се критикуваат во Германија и ние, исто така, го правиме тоа. Но, ние ја цениме демократијата и фактот дека дури ја имаме можноста да ја критикуваме без да завршиме во затвор.

Наместо тоа, тие гласаа за автократија во Турција. Само замислете: градовите Истанбул, Анкара и Измир, сите гласаа „против“ на референдумот, но Берлин, Хамбург и Минхен - всушност сите 13 градови во Германија, каде што Германците со турско потекло со право на глас можат да го дадат својот глас - гласаа „за“.

Во текот на моето известување, многумина ми велеа дека избрале да гласаат во полза на претседателскиот систем, бидејќи сметаат дека биле лошо третирани во Германија. И дека сакале да гласаат „за“ бидејќи знаеле колку критички мнозинството Германци го гледаат Ердоган и неговите планови. Нивните аргументи вреди да се слушнат. Недостигот на култура во Германија, која навистина ги прифаќа мигрантите, придонесе за ситуација во која луѓето кои целиот свој живот го поминале во Германија, кои се родени тука, сепак се' уште се чувствуваат како странци. Како држава, ова треба да не' натера да размислуваме за нови начини на интегрирање на луѓето.

Сепак, со сета должна почит, ова на никој начин не значи дека треба да покажеме разбирање за бизарните ставови на дел од многу Германци со турско потекло и нивното пркосно однесување на изборите. Тие се застрелаа во стапалото во нивната потрага по одмазда. Размислувањето зад тоа навистина е прилично чудно.

Но, на крајот, тие гласачи си наштетија со гласањето бидејќи сега ќе треба да ги оправдаат нивните политички ставови за некое идно време. Тие, исто така, ги ставаат оние кои гласаа „против“ на удар бидејќи тоа, исто така, ќе ги стави во позиција да мора да се бранат. Но, постојат малку нешта да се оправдаат или да се бранат. И покрај тоа, некои се обидуваат да најдат разбирање за гласачите „за“ во начините на кои тие никогаш не би можеле да сфатат партија како АфД.

Па, како тогаш тие, како членови на демократското општество од кое сакаат да бидат дел, можат правилно да ги критикуваат десничарските екстремисти, но во исто време да се приспособат на исламистички автократ и да го прободуваат народот во Турција во грб, со оглед дека таборот „за“ победи само со тесен број гласови и со помош на многу пари и број на вработени и масовно угнетување на своите противници? Одговорите на тие прашања остануваат мистерија.

Но, турско-германските гласачи „за“ на крајот ќе треба да одговорат на тие прашања, оние кои сите ние треба да ги имаме на ум токму сега.

(Авторот е уредник на „Шпигел онлајн“ со седиште во Виена)

Статијата е прочитана 448 пати.


Испрати коментар
Економијата го губи чекорот
Денот на победата е во мај
Демократски и патриотски протести

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Пон28
Вто25
Сре27
Чет28
Пет25
Саб25
Нед25
Пон24
Вто24
Сре25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев: влада до среда и укинување на екстерното
Пресврт во односите на Германија и САД?
Хрватска (не) го сака еврото
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ