www.utrinski.com.mk
23 октомври 2014 12:04
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
17.11.2009, 16:51

Второ издание на „2001 - војна со две лица“ од Манчо Митевски

Книгоиздателството „Култура“ од Скопје, деновиве го објави второто издание на книгата „2001 војна со две лица“ од новинарот и аналитичар, Манчо Митевски.

„Иако поминаа година и пол меѓу двете изданија, вели авторот во предговорот на второто издание, малку нови факти и сознанија излегоа пред очите на јавноста, бидејќи за конфликтната 2001 година повеќе се зборува поводно, поради некои дневно-политички причини, а помалку се истражува и се анализира“.

Студијата на Митевски, Венко Андоновски ја оценува како „исклучителен, политичко-културен настан од прв ред. Таа заслужува, продолжува Андоновски, и обични, и стручни читатели. Оние кои ќе ја прочитаат, ќе го состават мозаикот. Оние кои нема да го сторат тоа, ќе трагаат уште долго по целината. Ова дело може да послужи како важна поука за да не се повторат грешките од минатото, кои државата ја доведоа до дното на балканското рангирање. Фасцинираат фактите и документите презентирани во книгата, повеќето од нив делумно или целосно заборавени.“

Според Митевски „најголемиот хендикеп останува неможноста се' уште, поради малата временска дистанца, да се влезе во релевантните документи на македонските државни институции кои беа најдиректно инволвирани во менаџирањето на мировниот процес, како и поради продолженото молчење на главните актери на настаните, кои кажуваат по нешто, но селективно и само поводно“. Во иста насока е и констатацијата на Владимир Милчин, кој смета дека „Митевски не пренебрегнува ниту една верзија, ниту едно сценарио, ниту една интерпретација на судирот. Но, тој не само што ги изложува, туку и критички ги разгледува, најчесто низ конфронтација со настаните и фактите. Ваквиот пристап ја воведува мултиперспективноста како единствена методологија со која може да се дојде до разбирање и објаснување на судирот кој и понатаму не дели“. (Н.П.)

Статијата е прочитана 1438 пати.


Испрати коментар
Шопенова вечер во Музеј на град Скопје
„Синедејс“ ќе се отвори со „Белата панделка“
Промоција на нов роман од Мето Јовановски
Изложба на Анет Хрст во „Мала станица“
Битолскиот театар умира од вирусот на политика

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
5°СкопјеВреме
Ситен дожд
Чет8
Пет12
Саб8
Нед11
Пон12
НајчитаниНајкоментирани

Да се штеди или да се троши
Прислушувањето на Меркел беше повик за будење
Партиите со предзнак ВМРО не го даваат историското име
     Site Meter   
период од-до
-