www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 04:02
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
12.10.2014, 17:21

Мое ќоше

Нема ебола, има идиоти

Ерол Ризаов

Можете ли да измерите кои се поголеми идиоти - тие што ја измислија еболата или тие што поверуваа во тоа излажани по милионити пат

Воопшто не се вознемирени големите журналисти од силната шлаканица што им ја влепи лабараторијата од Хамбург за големиот успех што го постигнаа во директниот пренос како во Македонија стасала страшната болест ебола. Всушност, тие се' уште се многу горди што јавно објавија дека го направиле први во светот најдобриот извештај за хорор-филмот „смрт во скопски хотел“. Од она што умните се срамат, будалите се гордеат. Додека ечеа сензациите за починатиот Британец со кого тој се' контактирал, се поздравил и наздравил, а богами бајаги наздравувал, и додека вртеа жешките вести од мистичниот хотел во карантин сардисан од полиција, стаса шлаканицата од реномираниот германски институт. Нема ебола.

И сега што. Ништо. Колку силно одекнуваше застарашувачката вест три дена дека има ебола во Македонија, толку придушено одвај се слушна добрата и олеснувачка вест дека нема ебола во Македонија. Газиме храбро понатаму по нови новинарски подвизи. Значи ебола нема, ама идиоти има, и тоа поприлично. Само прашањето е кој е поголем идиот, дали тие што ја вознемируваат и алармираат јавноста и тоа им е целта, или граѓаните кои со години и по илјадници лаги, прелаги и пропаганди слепо веруваат на најгледаните комерцијални телевизии кои се во дослух и под контрола на власта, а кои во овој случај застрашувачки најгласно сеат паники. Најблаго речено, ваков удар по стабилноста на држaвата и вознемирување на јавноста од патриотски телевизии и новинари е невообичаено. Тие обично ги прикриваат непријатните вести. Нивната девиза е - тоа што не го објавиле тие, не се ни случило.

Да се пушти непроверена вест во провладина телевизија дека во државата, најверојатно, умрел човек болен од заразна болест од која се плаши цел свет е невозможна мисија без амин од власта. А, да се пласира три дена и три ноќи ударно како да удрил страшен земјотрес со епицентар меѓу градскиот стадион, Арената „Филип Втори“ и зградата на Владата и тоа без асистенција и логистика на политиката е незамисливо. На некого страшно му требаше „ебола во Македонија“, па макар ја ставил во карантин целата земја како што кај нас се стави хотелот на „ужасот“. Држава со болен од ебола е како епидемија на чума по која херметички се затвораат сите врати кон и од Македонија. Ете ваков голем подвиг направија високите професионалци. Им ја замрзнаа крвта на граѓаните откривајќи ни ја лагата на годината дека Британецот што починал во хотел ги имал симптомите на ебола.

Некому многу му се брзаше да ги оддалечи луѓето од вистинската драматична вест за иднината на земјата која е доведена во прашање според оценките на европската влада од Брисел. По веста за апсење на цел еден суд, подметнувањето на еболата дојде како вишна врз шлагот за пренасочување на вниманието на јавноста. Судиите за прекршоци по нивното спектакуларното приведување овој пат со ТВ-снимки само од грб, демек се пази на пресумпција на невиност, а цела држава знае кој е приведен, се суспендирани од работа до завршување на правосилноста на пресудата. Замислете, претседателката на Судскиот совет Александра Зафировска побрза да изјави пред да се изјасни судот дека повеќе години знаеле дека овие судии, 14 на број, ги застарувале предметите намерно, што сугерира повеќе на коруптивни причини отколку на јавашлак. И сега оди ти објасни дали не е притисок врз судот кога претседателот на судскиот совет ги осуди однапред судиите. А, до вчера и Зафировска и сите релевантни личности на чело на судската власт почнувајќи од реформаторот на преродбеничкото судство Михајло Маневски тврдеа дека судовите работат речиси беспрекорно и безгрешно. И сега дали можете да претпоставите дека тоа одлично судство има цел еден одред судии од најнискиот прекршочен суд кои ги забошотувале предметите да застарат. Ако за баналните прекршоци е таква состојбата, како ли е во повисоките судски инстанции. Ако намерно се застаруваат предметите за прекршоци, што ли се случува за тешките криминални дела и судски процеси. Ако надлежните институции и тела молчеле со години за ситни престапи и казни, што станува со тешките предмети. Што се случува во строго партиските судски совети и апелациски судови, каква е ситуацијата во Управниот, во Врховниот суд и конечно во Уставниот суд. Последната оцена на Европската комисија за македонското судство е најлоша и најзагрижувачка. Работите отидоа дотаму што за првпат во историјата на проширувањето на ЕУ е кажано за еден уставен суд и за една држава дека промените на судии и на составот на судиите резултирало со одлагање на предметите. Види сега ти ова, забошотувањето и одлагањето е опасно за судиите за прекршоци, а кога тоа го прават уставните судии тоа е нормално и добредојдено за власта. Како конкретен пример Европската комисија во Извештајот за Македонија ги наведува случаите со одбивање на Уставниот суд да се изјасни за трошењето на народните пари, односно за буџетот 2013 година, а истото важи и за законот за лустрација иако тоа од Судот го бара Венецијанската комисија. Во една држава кога нешто не е во ред со најзначајната институција која треба да ја брани законитоста и уставноста, тогаш е сосема јасно што се случува со другите судови во сите нивоа. Ајко мајката на сите закони е партиска, и државата станува партиска. Не случајно една од најголемите забелешки на ЕУ е дека во Македонија не се знае што е во надлежност на државата, а што на партиите на власт. Се' тоа е измешано, па партиите на власт државните институции ги сметаат за свои. Ако во една држава место една, има две влади како што вели ЕУ, тогаш логично прашање е кога ќе има и два парламента и два претседатела. Ако медиумите се заробени, а судството работи под диктат на политиката, малку е и ебола и спектакуларно приведување на судии.

Набргу следува нова серија и спектакл, по кој треба да се каже - море трај си оти има и бетер.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот

 

Статијата е прочитана 14921 пати.


Испрати коментар
Сиот тој џез
Писмо стигна. Абер нема
Подемот на роботите
Уништувањето на Мека
Citatel, 13.10.2014 00:14:42
Veke videno.Od sekoja vest, vladinite megafoni pravat senzacija,so denovi se vrti,no normalno za ona sto e najbitno za nas,obicnite smrtnici,se molchi.Toa ti e totalen informativen mrak.
   155 |   128
Cane Sokolovski, 13.10.2014 01:47:53
Мислам, почитуван Ризаов дека ова важи-„ тие што поверуваа во тоа излажани по милионити пат„-И ништо друго. Дека наивни сме, наивни сме до бескрај, ама мене повеќе ме секира што лежи зад ова? Мислам дека одговорот е делумично едноставен-дел од медиумите во Македонија постануваат таблоидни. Основната идеа е да се предизвика сензација, зашто сензацијата значи повеќе гледачи или читачи, како што ви одговара а тоа значи повеќе пари. И како да ми излегува пред лицето National Еnquire или некои слични. Јас се разбира гледав, за време на овие „важни„ настани една или две од славните комерцијални телевизии и не знаев дали да плачам или да се смеам.-Ако имаа овие телевизии 500 новинари да одвојат за шокантниот настан, ќе го направеа тоа. Се во интерес за лековерната и наивната македонска јавност. Се согласувам дека ова не можело да се случи без милата ни власт, тоа е невозможно. А многу е сомнително дека основниот, базичен суд затаил пари за буџетот? Тоа е тоа-немало лична корист!?
   144 |   121
jovan, 13.10.2014 02:11:24
*Набргу следува нова серија и спектакл, по кој треба да се каже - море трај си оти има и бетер.* Toa i me plasi. Doaga i beter i postrasno.
   129 |   146
MISHKO, 13.10.2014 07:32:16
Ова со опозицискава некозистентност за еди те исти работи,се рашири побргу од еболата ама во независните опозициски медиуми. Здравството не ни чини,а кога реагира во врска барем за наводната ебола(реакција која би ја направила било која земја,каде што се сомнева дека има можеби ебола пациент)е тогаш ,,после битка генерали со нели ти реков,, Замислете кој како може, медиумска штама (ама будни опозициски медиумски работници)а во среде Скопје блокиран хотел поради сомнеж за појава на ебола.Дузина др.во скафандери,полициска блокада и др. превентива.Денешниве критикувачи ќе срипаа,,ало што се случува,криета аааа,,Така и со судиите,не чини судството,а кога апсат судски,,да бе пак пресметка со невини,,Е само има штама кога во странство апсат здравствен криминалец, да е овде апсен исто како со судиите.И на крај во Чешка исто така сомнеж за болен од ебола,за потоа да се утврди дека не е.И никој таму не срипа ,,ало медиуми,што ширите паника,,Е така е тоа,кога тука имаме поинаква ебола.
   143 |   141
meksikanec, 13.10.2014 08:19:32
Ова ме потсети на еден случај од една контрола на спремноста на институците за одредени државни задачи,кога контролорот,намерно го заборави документот за проверка на друга институцуја,за да го прочита надлежниот и штом си замина,по неколку часа да се врати назад и да ги најде раскалашени како што си биле стално.Овие наши Еболисти направија нешто слично,но не за да ја проверат спремноста за справување со оваа нова чума на злото,туку нам и на светот да ни докажат врвна подготвеност на системот,од Министерството за здравство,преку МВР и хотелиерството до сите институции во државата.Со јасно изразна благодарност до ангажираните страни,ги величаат своите постапки,наместо да им се извинат на сите за предизвиканиот стрес.Всушност пропустите се сокриваат со афери,слични на апсењата на судии, шпиони,новинари,владики и други.Најтешко поминуваат жртвите на тие афери, кои ни криви ни должни лежеа во карантини,притвори и затвори,од политички причини,за ради некои пораки упатени до граѓаните.
   144 |   127
Nenadminati manipulatori!, 13.10.2014 08:44:29
Avtorot ubavo gi navede manipulaciite so koi vlasta ja zamajuva javnosta so cel da ja prikrie politickata i ekonomska kriza vo drzavata, no go zaboravi VONZEMJANINOT koj cesto doadja vo Ohrid! A sto da se kaze za reformatorot na makedonskoto sudstvo koj vsusnost e negov GROBAR i go prerodi vo pravosudstvo na DPMNE! A nesto i za ebolata, od koja napravija svetska parodija. Aktuelnata premierka na Polska Kopac, koga bese ministerka za zdravstvo ne dozvoli da se uveze ni edna vakcina protiv ,,svetski,, opasniot svinski grip od koj ,,nema spas,,! Makedonija togas uveze 80 iljadi vakcini i koga im zamina rokot na upotreba bea unisteni na deponijata Drizla! Vo slucajot so ebolata seprisutniot i seznajusti minister Nino sepak ne bese eksponiran i glavnata uloga i ja prepusti na portparolkata na MZ. Toa znaci deka toj znael deka ne se raboti za ebola!? Politicki nepismenite gradjani i pokraj site izmami i manipulacii i antamu im evruvaat na manipulatorite.
   148 |   129
ПРИЛЕПЧАНКА, 13.10.2014 09:02:47
ТИЕ ИСТИТЕ ИДИОТИ 2008 или 2009 година го ИЗМИСЛИЈА СВИНСКИОТ ГРИП,наголемо се рекламираше ТАМИФЛУ.Многубројните овци поверуваа во лагите на ФАРМАКОЛОШКАТА МАФИЈА и се боцкаа да не оболат од СВИНСКИОТ ГРИП.Е народе прост и приглуп,ТЕ Д..АТ како што сакаат ИДИОТИТЕ
   146 |   132
kris, 13.10.2014 09:20:52
Поточно, има идиоти, нема ебола ??? Е не може веќе Бранко е крив !!!!!!!
   134 |   142
Ајван Доктор®, 13.10.2014 09:23:20
Интересно е што М.Маневски на локалните избори шеташе од врата до врата запишувајќи „задоволен/незадоволен од власта“!Човекот од планина―на 77 години наместо да си чува внучиња сè уште држи место во Советот на град Скопје!Од подобен комунист,кој експресно станува заменик јавен обвинител во Штип,а само по шест години од дипломирањето станува и заменик на Окружниот јавен обвинител во Скопје,до миситер за правда во социјализмот,подобен и за министер со пензија и плата во „капитализмот“!Веројатно уште е двојно платен!За какво судство говориме кога секој бруцош што ќе се запише на Правниот,првата „ука“што ја учи е дека „законите се носат за да се кршат“!За која правда говориме?!Најголем бисер со еболата е спремноста на еден прилепчанец да ги „прими евакуисаните Скопјани на гости“!До таму отиде работава!Да не останеме должни на јавноста и да го извлечеме прашањето:Од што почина Англичанецот―„наш“советнник?
   152 |   155
oros, 13.10.2014 09:49:26
A dokolku imase ebola a nadleznite ne prezemale na vreme preventivni merki,sto mislite kolku kolumni ke napisese g.Rizaov,frlajci drva i kamenja protiv zdravstvoto i Vladata.I pazete so terminot SLAKANICA sto posle Evropskiot izvestaj za Makedonija ednonasocnite miluvaa da go upotrebuvaat, g.Rizaov i na ovoj izvestaj od Hamburg akcentot na kolumnava go zapocnuva so toj termin.Sto se slucuva so ovoj iskusen novinar za da napise edna spored mene nevkusna kolumna samo toj znae no siguren sum deka ja znae narodnata-Podobro da sprecis od kolku da lecis.
   151 |   125
od mene, 13.10.2014 10:23:14
Убаво кажана само што и опозициските портали го правеа истото.
   135 |   170
Марјанчо, 13.10.2014 11:17:32
Еве што се случува со одредени кривични предмети Г-дин Ерол;Пример 1. Кривичен предмет против Зоран Величковски, екс началник на СВР Куманово и екс началник на ДБК во 2001 година,(инаку сеуште вработен во МВР-несуспендиран) за злоупотреба на сл.пол. и овл. пред ОС Куманово, од јуни 2009 година, се појави пред судот на 21 рочиште и после четири наредби за приведување од кои две лично преку сегашниот началник на СВР, а во меѓувреме и Михајло М. планираше посети на ОС куманово кога имаше закажано рочиште за да се одложи, за да дојде до 32 второ рочиште одложено на 07 овој месец, со предлог за други сведоци од одбраната. А во меѓувреме недоаѓаше шпретсатвник од МВР, за да дојде и јасно каже свое мислење како доказ за обвинението а на штета на одбраната.Пример 2. Акт на МВР на РМ ,Наредба број 27-2993 од 09.03.2007 година, како предмет бр. 666/08 пред Управниот суд, прогласен е за неуправен акт или пр.3, ЈО при ОЈО Скопје Ванчо Музелов за неизвршувањ ена судска одлука бр. 2 РО 70/08 на ОС
   138 |   138
Mediumsko- politicki dill ?, 13.10.2014 11:39:47
Pri sekoe somnenie na zabolen od posebno opasna zarazna ( karantinska) bolest , se prevzemaat site merki kako taa bolest da postoi se dodeka ne se utvrdi konecnata dijagnoza. Verojtno strucni lica od Infektivnata klin. na osnova simptomatologijata , kl. slika i drugi parametri dosle do zakljucok deka simptomite naveduvaat za somnenie od Ebola. Do tuka e se vo red, ama ne mozam da ja razberam mediumskata senzacionalisticka histerija, koja gi zafati nekoi mediumi i neodgovorno vnesoja nepotrebna panika pred da se postavi konecnata dijanoza. Ne mozam da poveruvam da nekoi nasi medicinski strucnjaci deka bi dozvolile da bidat vovleceni vo mediumsko -politicki dill na odvlekuvanje na vnimanieto na narodot od sostojbite vo zemjata!? A toa da idioti imalo i ce ima e damno poznata rabota, samo e opasno koga tie idioti zavzemaat znacajni mesta vo hierarhijata na vlasta.
   175 |   126
Трпе, 13.10.2014 11:48:47
Нашата пропагандна влада е како погребално претпријатие.Секојдневно погребува по две три сопствени грешки.Само не знаеме дали сите грешки ги прави со знање или од незнаење.И едното и другото се поопасни од за ебола.
   143 |   173
citatel, 13.10.2014 12:06:45
Nie samo ja dokazavme svojata nedokvakanost vo oblasta na zdravstvoto kako i vo site drugi oblasti.So koj pamet se posomnevaa na ebola kako pricina za smrtta na pacientot? Samo zosto e aktuelna? Kakvi indicii imaa nasite lekari da pretpostavat deka toj boleduva od ebola?Nema visoka temperatura , ne bil vo kriznite zarista , e imal krvarenja na vnatresnite organi.jas sum laik pa sepak znam deka postojat i drugi dijagnozi za takva sostojba.Ova samo go pokazuva toa sto odamna go mislam za nasite zdravstveni institucii : vrska nemaat so medicinata i ako otides kaj niv samo gospod moze da te spasi , oni moze samo poloso da napravat ( da dade sedativ vo slucaj na akutno zapalenie na slepo crevo )
   164 |   154
od ostrijot, 13.10.2014 13:29:51
da erol vo pravosi kaj nas ima i nema ebola mislam oti ova zarazna bolest se siri so kontakt a kajnas se siri po naracka ili po sema na ministerstvoto za zdravstvo izvestajot na evropskata komisija bese tolku negativen za nasata drzava so ebolata mislea oti tie problemi kese resea no kursumot stogo ispuka mesto napred otide nazad.i sega mue majkata misli novi falbi novi lazi i majtapise uste poveke so ovaj naiven narod.
   142 |   146
Kiro, 13.10.2014 13:36:33
Ama i da zboruvame seriozno, mk medicina i ponatamu ostanuva na najnisko nivo i pokraj grandioznite falbi i planovi na mnisterceto. infektologijata e isto taka stasana za dlaboki reformi. A ebolata, ne daj boze da dojde tamu...
   126 |   160
Tajming, 13.10.2014 15:11:42
Mishko, za razlika od Cheshka, nie dobivme katastrofalen izveshtaj i podarena preporaka, pa namesto za toa da raspravame, kako kec od rakav se isfrli ebolata, so shto se preusmeri mislenjeto i raspravata od izveshtajot. Vo toa e problemot, a ne shto se prevzemeni preventivni merki. I ti toa dobro go znaesh, no pak se pravish mutav i *neinformiran*. Patem, od prviot mig anglichanite rekoa deka pacientot ne umrel od ebola i verojatnosta za toa e epten mala t.e. nikakva. A nashite ne izvadija od pamet! Zoshto Mishko, so koja cel? I kako toa sekogash koga imame problem za vladata da ni se sluchuvaat problemi za opshtestvoto i narodot. Tolku li sme baksus da ni se stalno preklopuvaat takvi raboti ili se toa namenski pravi? Nazalost ne ochekuva promena na imeto, a kako sluchajno togaj ke izbie medjuetnichki konflikt koj seta bruka na ovaa vlast i ovie *patrioti* ke treba da ja pokrie. Ako sme barem malce pametni, ova ne smeeme da im go dopushtime ni pod *sluchajno*, ma kolku i da vi se mili.
   145 |   148
участокот, 13.10.2014 18:34:08
најголем идиотизазм е на порталот Максим...бомбастични наслови, ми го убија бебето во Гинекологија две бабици ... а таму некаде ситно пишува дека тоа било во Србија... треба Гинекологија од Клинички да ги даде на суд... втор напис за девојче од 12 години што умрело од вакцина од ХПВ... кога че прочиташ че разбереш деја тоа е во УСА..
   145 |   134
do Erol i Tajming, 13.10.2014 19:01:54
Kako sto izleze pogreshno mislenjeto kaj nekoi deka Britanecot pochinal od ebola,taka e pogreshno i tvoeto mislenje deka zaradi izveshtajot od nekakva si evropska vlada se doveduva vo prashanje idninata na drzhavata.A ako ti *Tajming*si barem malku pameten ke znaesh deka nema da ima nikakva promena na imeto,ni sega,ni bilo koga.Pa zatoa bidi si spokoen bidejki ne ke mora da si pravish svoja ebola vo tvoite iluzii(megjuetnichki sudiri).
   166 |   162
Caro-cann, 13.10.2014 19:07:11
Некој коментатпор уште со псвдонимот Nenadminati manipulatori,го дал одговорот,од точен-поточен.Немало потреба понатаму да пишува текст-едноставно со псевдонимот се е речено,од јасно-појасно.Можеби место изнесеното во коментарот,околу манипулациите вооопшто,да се задржи на на манипулаторите меѓу нас коментаторите. Ете,на пример еден коментар пред неговиот,коментар (море дрндање до бесвест) на ненадминатиот МАНИПУЛАТОР (пар екселанс) MISHKO.Дури и овој пат,преку Чешка (мора ако треба ќе го сврти цел свет) повторен обид да се очеша од опозицијата или потиочно оние со трезвени глави.И во саботниот број на Утрински имаше некаков сличен коментар,дека,еболата била само во главите на опозиционерите (небаре опозицијата е задолжена за здравсртвото,МВР и медиумските приклучоци на власта).А,може и има право дека еболата може да ја има кај опозицијата и опозициски настроените,зошто ич не ми се верува (ниуту некаде сум прочитал) ЕБОЛАТА да биде заразена со ЕБОЛА,макар го носела името MISHK
   140 |   143

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Легитимацијата на Алек Вучиќ Први
Вангели: Македонија има важна улога во кинеските иницијативи
Германија се бори со последиците од невремето
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ