www.utrinski.com.mk
19 февруари 2017 17:28
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
15.02.2017, 17:05
Денови на иранска кинематографија со Шарам Мокри



„По поезијата и архитектурата, кои се многу познати во историјата на мојата земја, мислам дека денешната уметност на Иран е кинематографијата“, вели иранскиот режисер на филмот „Риба и мачка“

Наташа Илиевска-Таневски

„Во Кинотека на Македонија од 17 до 21 февруари со почеток од 20 часот ќе се одржат Денови на иранската кинематографија на кои како гостин ќе присуствува иранскиот режисер Шарам Мокри, ученик на покојниот режисер Абас Кијаростами“, соопшти на денешната прес-конференција Владо Ангелов од Кинотеката, која во соработка со амбасадата на Исламска Република Иран во Скопје ја организираат ревијата.

„Знаеме дека иранската кинематографија е една од најистакнатите во светски рамки и таа жнее награди од сите најзначајни светски фестивали, а таков е случајот и со Мокри, режисер на играниот филм „Риба и мачка“, кој е добитник на специјалната награда за најиновативен филм на филмскиот фестивал во Венеција во 2013 година“, додаде Ангелов кој ја најави и програмата на Деновите на иранската кинематографија, која започнува со документарниот филм „76 минути и 15 секунди со Абас Кијаростами“ во режија на Сејфула Самадијан, а за ден подоцна го престави филмот „Риба и мачка“ по сценарио и во режија на Шарам Мокри (18 февруари).

„Целта на оваа ревија е да ја запознаеме македонската публика со дел од иранската кинематографија. Проекцијата на пет играни филмови и еден документарец во пет вечери по ред ќе придонесе за зближување на културната соработка меѓу двете земји и во иднина. Културата и уметноста добиваат на вредност, кога покрај тоа што се прикажуваат во рамки на националните граници, се претставуваат и надвор од нив со што придонесуваат за зближување на културите. А филмот денес е највлијателниот медиум кога се работи за културната соработка“, истакна Хосеин Карими, амбасадор на Исламска Република Иран во Скопје кој при промоцијата на Деновите на иранската кинематографија најави дека по проекциите на двата филма на 17 и 18 февруари ќе се одржат и разговори со публиката за филмот и иранската кинематографија на кои ќе присуствува режисерот Мокри. Амбасадорот Карими воедно истакна дека иранскиот режисер и неговата сопруга веќе неколку денови се во посета на Македонија, и дека веќе го посетиле Тетовскиот факултет каде што покрај проекцијата на „Риба и мачка“, студентите имале можност да поразговараат со него.

„По поезијата и архитектурата кои се многу познати во историјата на мојата земја, мислам дека денешната уметност на Иран е кинематографијата. Ако ја гледаме историјата на Иран и ако ги споредиме поезијата, архитектурата и кинематографијата мислам дека може да се најде нешто заедничко кај сите овие уметности, а тоа е комплицираниот начин на претставување на концептите кои сакаме да ги презентираме. Порано, ако сите деца во Иран сакаа да пишуваат поезија и да станат поети, денес сите млади сакаат да направат филм. Интересот за филм во Иран е огромен и затоа ние имаме многу школи за оваа уметност, а причината за тоа е што младите сакаат сликата која ја имаат во својот ум да му ја презентираат на светот“, рече режисерот Шарам Мокри кој посочи дека иранската кинематографија во последните години има големи успеси на фестивалите низ светот и дека сите награди кои ги добиваат иранските режисери вклучувајќи ги и наградите „Оскар“, „Златен лав“ и „Златна палма“ се изложуваат во Музејот на иранскиот филм.

„Иранскиот народ ја сака културата и преку филмот тоа го покажува на светот. А иранските филмејкери и филмаџии не се ограничени само на една генерација, тие своето знаење и искуство го пренесуваат и на идната генерација“, додаде Мокри кој зборуваше и за својот учител, покојниот режисер Абас Кијаростами. „Секоја реченица на професорот беше златна“, се потсети тој и истакна дека неговиот учител сметал дека „дигиталната ера е повторно раѓање на кинематографијата и ни овозможува со нови очила да гледаме кон светот“. Еден од советите кои му ги дал Киаростами на Мокри бил дека филмот треба да се сними што е можно пореално, без да се почувствува улогата на режисерот во него, но и дека во филмот освен на фотографијата треба да се внимава и на тонот кој има дури и поголемо влијание од неа.

Режисерот Шарам Мокри посочи дека во моментов го завршува филмот „Инвазија“. „Воедно сега истовремено работам и на две сценарија и нашата посета овде ќе ја искористиме за барање локации за филм. Деновиве кога патувавме за Тетово посетивме едно село во кое никој не живее, а додека сме тука ќе посетиме уште неколку локации и можеби ќе дојдам до заклучок нашиот иден проект да биде во Македонија“, додаде Мокри.

Во рамки на Деновите на иранската кинематографија ќе бидат прикажани и филмовите „Мелбурн“ во режија на Нима Џавиди (19 февруари), „Полудениот топ“ во режија на Аболхасан Даводи (20 февруари), „Однеси ме дома“ на Абас Кијаростами и „Денеска“ во режија на Реза Миркарими (21 февруари).




Статијата е прочитана 982 пати.


Испрати коментар
Симпозиум „Хамлет и Европа –да се биде или не!“
„Златна мечка“ за унгарскиот филм „За телото и душата“
Берово годинешен град на културата
„Кога денот немаше име“ прикажан на Берлинале
Друштвото на писателите на Македонија одбележа 70 години
„Мачорот во чизми“ во подготовка во Театарот за деца и младинци
Ѓорѓе Јовановиќ во „Захета“ во Варшава
„Фотограметријата во презентација на културното наследство“
Изложба во Велес на автори со дела и во „Скопје 2014“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
3°СкопјеВреме
Облачно
Нед5
Пон6
Вто7
Сре11
Чет12
Пет14
Саб9
Нед10
Пон11
Вто11
НајчитаниНајкоментирани

Лавров: НАТО е институција од Студената војна
Грција: Данок на изнајмувањето станови на туристите
Охридско Езеро со ниво под законскиот минимум, кој е виновен?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ