www.utrinski.com.mk
31 октомври 2014 21:33
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
24.09.2013, 17:10

Се подготвува групна тужба против очната лекарка

Првиот пациент кој официјално регирал до здравствените власти за случајот најавува дека со другите оштетени пациенти ќе поднесат заедничка тужба

Јасмина Ј. Вељановска


Приватна групна тужба против очната лекарка од болницата „8 Септември“ најавуваат пациентите кои се пожалија дека по операција на перде им се влошил видот, а некои од нив и не гледаат на оперираното око.

Благоја Тренески од Скопје, еден од оштетените пациенти, вели дека нема да го чекаат исходот од работата на стручната комисија на Министерството за здравство, која ќе испитува дали во неговиот случај, како и кај уште најмалку 17 пациенти, во прашање е стручен пропуст или не. Тој вели дека од април досега доволно време чекал за здравствените власти да реагираат за неговиот случај. Групната тужба до судот болните планираат да ја поднесат во почетокот на идната година.

„Првата комисија во Министерството за здравство, односно Здравствено- санитарна инспекција до која ми беше доставена поплаката не направи ништо, па не очекувам ни оваа. Затоа заедно со другите пациенти планираме да поднесеме приватна тужба против докторката“, вели 66-годишниот Тренески.

Овој пациент, кој тврди дека по операцијата се соочил со драстично намален вид на левото око, е првиот болен кој официјално реагирал до директорот на болницата „8 Септември“, а потоа и до Министерството за здравство. Тренески вели дека се обратил и до Здравствено-санитарната инспекција при Министерството за здравство. „Откако се прогласија за ненадлежни со објаснување дека во нивниот домен на работа не влегува испитувањето на стручноста на операцијата, ми рекоа дека болницата треба повторно да ме прегледа и да ми даде конзилијарно мислење, односно мислење од тројца лекари. По ова со писмена поплака се обратив до раководството на ’8 Септември‘“, ја раскажува голготата низ која минал овој пациент за да дојде до одговор зошто по операцијата место да му се подобри, му се влошил видот на левото око. Болницата не можела да му даде конзилијарно мислење бидејќи има само тројца очни лекари, од кои едната е докторката која го оперирала. Затоа болницата побарала од Министерството за здравство за случајот да се формира стручна комисија. Но, од април до пред една недела, таа не била формирана, туку тоа се случило откако пациентите се пожалија јавно. Ова го потврди и директорот на „8 Септември“, д-р Сашо Стојчев, кој рече дека уште во април од Министерството за здравство побарале да се испита случајот.

Б. Тренески уште вели дека од април досега не успеал да направи нешто за да го подобри видот. Тој се жали дека како и по првиот ден по операцијата, така и сега во текот на денот успева некако да ги извршува покрупните секојдневни обврски со помош на темни стакла, но навечер многу тешко гледа. „Кога ќе се стемни оперираното лево око го затворам за да можам да гледам колку-толку на другото око, кое исто така ми е со слаб вид “, се жали Тренески.

Неговото патешествие почнало на 26 ноември минатата година, кога му било оперирано окото. „На првата контрола веднаш реагирав дека видот значително ми е влошен. Но докторката ме убедуваше дека по операцијата треба време за видот да ми се подобри. Истото ми го кажа и на другите две контроли. Побарав повторно да ме оперира и ми закажа операција на 26 февруари годинава. Кога дојдов за реоперација, докторката ме убедуваше дека операцијата била за десното око, а не за ревизија на левото око. Се исплашив дека ќе го изгубам видот и на другото око и си заминав“, раскажува Тренески. Тој, во меѓувреме, бил на прегледи и консултации во две други очни амбуланти и на Очната клиника. „На овие прегледи ми кажаа дека диоптријата на левото око од минус 1,5 се симнала на минус 4, и дека ни очила нема да помогнат, бидејќи на другото око дипотерот е 1,75, така што очилата само ќе му штетат на видот на другото око. Очигледно е дека видот ми е оштетен“, додава Тренески, кој е категоричен дека ќе оди до крај за да ја истера правдината за оштетениот вид.

Статијата е прочитана 3254 пати.


Испрати коментар
Се обновува градскиот зелен пазар во Битола
Лисичани не ја сакаат директорката на училиштето
Во Тризла има многу деца-фантоми
Потопената црква му одолева на времето
Кој е Зоран Марковски, в.д. командир на ПС Центар?
Пренесено - Балкански робинки на 21 век
ДОМ бара Македонија да биде зона без ГМО
Навигација го подновува системот за контрола на летање
zrak, 25.09.2013 06:11:30
jas pred nekolku godini se napraviv operacija kaj dejan vo prilep,okoto fala boga e OK,ama dejan ni ja zede fiskalnata smetka za nabaveniot matrijal od apoteka po negova preporaka,i nie ne mozevme da si go naplatime trosokot od socijalnoto,ostana dilemata dali toa go pravi so dogovor so niv i parite ostanuvaat vo zdrastvoto,ili vo dogovor so poedinec za da gi podelat i tie pari[i so drugite pacienti istoto go pravese]a hipokratovata zakletva uramena stoi.Sepak nasiot covek veli zdravje pa neka kradi,oti kako sto citam ovaa sto mu napravila se ezam,a komsijata mi veli dejan ko se ucel [praksiral]rabotel posteno,za ovaa ne znae,ako i taa i pokraj ova mu gi zemala fiskalnite-horor,
kole, 25.09.2013 07:32:34
Џабе им е..........од ВМРО е и ништо не и можат................
stoe, 25.09.2013 10:38:14
ovoj nee nadlezen onoj nee nadlezen tuzba klasicen komunizam toa ti e koga neste vo eu tamu ima zakon koj vazi za site zemji i nemoze da stanete clenka ako ne go potpisete toa so eu,eve vo praksa sto znaci toa da vlada nema interes da vleze vo eu a i sudot sto moze?videte metastaza site gi vratija na rabota iako imase dokazi za mito pre delenje invalidski penzii isto kako i patarina zatoa mislam ako zakon nes enapravi vo zdravstvo kako da se otstranuvat i kaznuvat vakvi gradjanska parnica nama nito d apomognit.
Kiro, 25.09.2013 12:10:52
Vo zdravstvoto vrie od nedoobuceni lekari koisi poigruvaat so zivotite na lugeto. A koj i dozvolil na taa kvazi oftalmolog da oslepuva luge. Rezil golem ministerce.

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
9°СкопјеВреме
Делумно облачно
Пет11
Саб14
Нед15
Пон13
Вто14
НајчитаниНајкоментирани

Кремљ провоцира конфронтација Исток - Запад
„И во Македонија и во Германија – јас сум ауслендер“
Русија и Украина се договорија за испораката на гасот
    Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ