www.utrinski.com.mk
29 мај 2017 20:48
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
19.04.2017, 17:05

Глобалист

Надница за страв

Љупчо Поповски

Оваа политичка, институционална и морална криза ги изнесе на виделина сите оние коишто со страв сакаат да владеат со себе и со другите. А претседателот на државата во овој момент е овластен да го шири стравот

Фери Бацоглу, дописникот на „Винер цајтунг“ од Балканот, изгледа од минатата недела тргна во големо истражување за да дознае од каде стигнал телефонскиот повик до штабот на ДУИ во Мала Речица за да се распадне коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и интегративците. Таква препорака доби од претседателот Ѓорге Иванов за време на интервјуто, кога шефот на државата изјави: „Да бидам попрецизен, коалицијата, всушност, беше договорена. Но во последниот час имаше телефонски повик – и коалицијата се распадна“. Иванов му порача на Бацоглу дека може како новинар да го истражи тоа. Бацоглу е познато новинарско име во германскиот јазичен свет, пишувал за „Шпигел“, „Цајт“, „Зидојче цајтунг“, па сега изгледа дека ќе нема поважна работа од онаа да ги истражува ноќните телефонски повици од 29 јануари во Македонија. Зар има поважно прашање во Европа од македонскиот хаос, кој го создаваат малите луѓе со наполеоновски амбиции.

Чудо е како политиката може да прави карикатури од политичарите во едно пубертетско општество како македонското. Од лево или од десно, сеедно. Оваа политичка, институционална и морална криза ги изнесе на виделина сите оние коишто со страв сакаат да владеат со себе и со другите. Секој ден некој од оние кои мислат дека се господари на животот и смртта потпишуваат по некоја надница за стравот за да не експлодира Македонија (како ривалството на возачите од двата камиони со нитроглицерин во легендарниот филм со Ив Монтан по макадамите во јужноамериканската џунгла). Секој ден некој се заканува со затвор и најзапрепастувачки е што тие закани доаѓаат од возачите на двата македонски „камиони“, без да водат сметка дека сета напнатост во општеството може да експлодира како „биг-бенг“. Политичката пресметка од 1990-тите меѓу Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски денес изгледа како сликовница за деца од градинка во однос на отровот што се испушта на јавната сцена. Ова сегашно труење на македонските граѓани според последиците е еднакво на катастрофата во Бопал. А пораките на Киро Глигоров и Борис Трајковски и обраќањата на сегашниот шеф на државата е грев да се споредуваат. Дури е и навредливо изјавите на првите двајца претседатели да бидат сместени во ист том со она што го зборува Иванов. Но, така е со малите луѓе.

Во македонскиот политички новоговор заканите со затвор и лагите станаа алфа и омега на се' што се прави. Во оваа конфузија граѓаните се уценуваат со стравот дека некој само што не ја продал државата и затоа „народот треба да биде подготвен на подолгорочен отпор“ (Никола Груевски). И затоа треба да се исфабрикуваат лажни вести. На кого мислеше Груевски кога го кажа ова во Струмица пред десет дена – на тие во својата група или на оние околу Зоран Заев: „Ние знаеме дека во нивната одлука за продавање на државните и национални интереси голема улога имаат нивните криминали во минатото за што сакаат да ги запрат истрагите. Народот го знае тоа и затоа народот секојдневно е на улица... Тие се имаат обврзано, дадени се под кирија, имаат обврски, нив очигледно не ги интересира мислењето на мнозинството од народот“. На улиците навистина има луѓе, но од нив ретко се слуша дека биле против платформата на албанските партии поради наводните криминали на групата околу Заев.

Зборовите на Груевски се дел од овдешниот фолклор на примитивната политика и тие вообичаено се забораваат уште истиот ден. За да им се даде живот уште некое време нив папагалски ги повторуваат пратениците во бесмислената дебата во Собранието. Но изјавите на претседателот на државата ја преминуваат таа граница и го сведуваат Ѓорге Иванов во најпреданиот преторијанец на партиската група којашто ќе направи се', па дури и да ја фрли Македонија на колена, за да остане на власт. Изјавите што тој ги дава за Зоран Заев не си ги дозволува ни Илија Димовски за време на острите собраниски дебати кога брани една политичка стратегија.

Истиот ден кога Груевски зборуваше во Струмица, Иванов во интервју за Хрватската телевизија го кажа и ова: „Заев, пред се', е многу исплашен. Преплашен. Затоа што очигледно не го испорачал тоа што се очекувало од него. Влегол во туѓа игра од којашто сега не може да излезе. Тој сега прави грешки. Кога човек е исплашен прави грешки. Тие негови грешки сега го внесуваат во многу потешка состојба од онаа кога почна сево ова, кога сакаше преку снимки, кои, како што вели тој, ги добил од странски служби, да ја урне легално избраната влада“. Чии зборови се ова – на професорот по демократија, на човекот што треба да биде претседател на сите граѓани или на партиски активист од месниот комитет во Валандово. А чии зборови се овие: „Суштината на платформата е Македонија од мултиетничко општество и унитарна држава да стане биетничка. За споредба, би можеле да кажеме Македонија да стане Кипар, само што не е остров“.Што мисли некогашниот професор – дека во таквата поделена Македонија, Македонците ќе бидат како грчкото мнозинство на Кипар, а Албанците ќе бидат овдешни Турци со непризнаена држава. Може ли така лесно еден претседател на државата да споменува делење на неговата земја, кога нема ни државен удар на полковниците од мнозинството кој ја предизвика поделбата на Кипар. Заврши времето на чудење од изјавите на претседателот, сега треба да се оценуваат со други параметри.

Претседателот во овој момент е овластен да го шири стравот. Затоа и во интервјуто за „Винер цајтунг“ тој повторно се навраќа на својата главна тема – Зоран Заев. „Заев сака само да дојде на власт. Но тој ги изгуби изборите во декември. Јас сметам дека тој не знае во каква игра се вмешал. Тој беше заслепен од желбата да дојде на власт. Сега се наоѓа во деликатна ситуација. Доколку не успее да дојде на власт, би можел да заврши в затвор. Јас не се заканувам. Македонските институции во даден момент ќе постапат против него“. Од кого извираат овие зборови – од професорот по демократија или од човекот којшто посредно потврдува како функционира системот во Македонија: судски постапки не може да има за оние што се власт, туку само за оние што се опозиција или обични граѓани.

Во оваа парадоксална реторика на шефот на државата тој веќе почнува да им штети и на интересите на ВМРО-ДПМНЕ, иако на прв поглед изгледа дека тоа не е така. Во интервјуто за белградски „Блиц“ Груевски изјави дека „ВМРО-ДПМНЕ е прозападно ориентирана партија и еден од нашите стратешки приоритети е членството во ЕУ и НАТО“. А претседателот-преторијанец, ги отфрла овие организации речиси како неважни. Вмровската партиската делегација замина на конгресот на ЕПП на Малта за да се обиде да ја претстави својата вистина за настаните во Македонија пред најважните функционери на ЕУ, а претседателот-преторијанец во интервјуто за „Винер цајтунг“ вели дека бил „многу разочаран од ЕУ затоа што е импотентна и беспомошна“, а сепак Македонија немала друга стратешка цел освен да стане дел од таа импотентна Европска Унија.

Додека Груевски за „Блиц“ вели дека „со новата администрација во Вашингтон имаме блиски односи“, Иванов тврди дека „Америка веќе не е онаа Америка што некогаш беше“, па како од Водно да има контрола врз светските настани, вели дека „на Трамп треба да му дадеме време“.

Или, пак, оценувајќи ја работата на ОБСЕ, со кое сега претседава големиот вмровски пријател, министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, (сетете се на неговиот говор на големиот митинг пред изборите), Иванов дава суд кој не би смеел никој да го порекнува: „ОБСЕ е немоќна. Таа остана во 20 век. Ние веќе долго време сме во 21 век“.

Од каде доаѓаат овие зборови? Дали се тие смислени во вмровската палата, но бидејќи нема кој да ги каже таму, му се дадени како обврска на претседателот на државата, за да може партијата да се дистанцира од нив ако затреба. Или шефот на државата отишол предалеку во одбраната. Пресудата за импотентноста на ЕУ може да им наштети на интересите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе отколку што би помислил Иванов. Ако помислил. Во ЕУ гласно и јавно зборуваат дека Иванов е само извршител на желбите на Груевски, негов аѓутант, па вакво омаловажување на улогата на Унијата во Европа би можело да биде мечкина услуга за ВМРО-ДПМНЕ.

Кон каде се движи Македонија? Кон разврска на кризата или се подготвува да биде фрлена во бунар. Во ниеден период од последниве 150 години нејзините граѓани не биле толку заплашувани од оние што треба да ги водат, отколку сега. Тоа е историската вина на сегашниве политичари што ја претставуваат власта, и тоа се' поради сопствениот страв со којшто не можат да се соочат. А за да победи стравот потребна е храброст. Обична храброст – дека дојде времето да се предаде власта.

 

 

НАПОМЕНА: Преземањето на текстот или делови од него, како и преземање на фотографија е дозволено само со одобрение од "Утрински весник" или според правилата на МПМ. За правилата на МПМ за преземање авторска содржина кликнете тука

Статијата е прочитана 2824 пати.


Испрати коментар
За конкурентно земјоделство треба пари
„Томахавките“ на Трамп нема да помогнат
star komunjar, 20.04.2017 00:17:00
Druze Ljupco ti dobro znaes a jas samo ke te potsetam, drugarot Ivanov go zboruva toa sto ke mu go napisat negovite SOVETNICI : Nikovski , Mirka, Milenko......... se razbira posle recenzijata od EKS premierot.Pozdrav.
   61 |   27
jovan, 20.04.2017 00:28:45
Bagrata nema nikogas da ja predadi vlasta,zatoa i situacijata e navistina STRASNA.Naivno e da se tesime deka nemalo potreba za strav,a uste ponaivno e da se ubeduvame deka se mirno ke se reselo.Makedonije e pred sam raspad.Na svetska scena Amerika*vrsi proverka*koj i se sigurni sojuznici,a koj ke i bidat na meta.Kina tajno pregovara so Amerikancite okolu Sev.Korea i podelba na interesni zoni vo Africa.Rusia poleka ja stavaat vo tret red.Novopecenite*sili*Iran,Turcija...i slicni,ke im bide pokazano kade im e mestoto.So America nema veke da ima igranje igracki i inatenje.Se sto e neseriozno i prevrtlivo,ke go zbrisat.Kade sme nie,sami treba da si odgovorime,ako voopsto znaeme sto se slucuva.Vakvi kakvi sto sme,prvi sme da ne zbrisat.Inaku Tramp im ponudi na Grcite OGROMNA pomos okolu dolgovite.Sto toa kazuva,mislete mu ja.Rusia sigurno ne ne spasuva.Tie ne ke znaat samite sto da pravat.Zavrseno e so America na Obama kade sto pokazaa sila.Ova e veke sosema druga America.
   52 |   38
со твој камен по твоја глава, 20.04.2017 00:40:12
дојде времето да се предаде власта? власта се освојува а не се предава...
   27 |   78
BitolaHamiltonCanaga, 20.04.2017 02:00:45
Smeni edno ime vo izjavata za hrvatskata TV, ja imame vistinata: *Jas (Ivanov) pred se* sum mnogu isplashen. Preplashen. Zatoa shto ochigledno ne go isporachav toa shto se* ochekuvashe od mene. Vlegov vo tuga igra od koja shto sega nemozham da izlezam. Jas sega pravam greshki. Koga chovek e isplashen pravi greshki. Ovie moi greshki sega me vnesuvaat vo poteshka sostojba od onaa koga pochna sevo ova*. Poglednete vo ogledalo G-din Presedatel, kje ja vidite vistinata shto 615 iljadi gragani na Makedonija ja gledame.
   57 |   28
Applewood K., 20.04.2017 02:36:59
Novoto Sobranisko mnozinstvo i novata Reformska Vlada,treba seriozno da ja razgledaat moznosta za ukinuvanje na Zakonot sto go regulira statusot na pretsedatelite na Republikata na koi im istekol mandatot.So koj avtoritet i so koe iskustvo i stabilnost gospodinot George Ivanov ce raboti vo kabinetot i po potreba ce deli soveti, so koja mudrost i nezavisnost?A kakov e opstestveniot doprinos i od segasniov occupant na postmandatorniot kabinet?Toa se zaludno frleni pari.Idejata so kabinetot e dosta dobra, ama ako licnostite na koi im zavrsile mandatite,navistani rabotele i bile priznaeni od gradjanite kako nezavisni,mudri i so soodvetno pozitivno iskustvo.Isto taka mora da se propagira na ovaa funkcija da doadjaat nepartiski i nekompromitirani mudri ludje od sverata na naukata,umetnosta, a i business ludje. Gradjanite treba da izbiraat pretsedatel za site niv,a ne samo za edna politicka partija. Gospodinot Ivanov se povece ni kazuva kakov NE treba da bide pretsedatelot na RM.
   45 |   25
Ајван Доктор®, 20.04.2017 02:40:09
Иванов не образложи зошто од никого усвоената „платформа“е спротивна на Уставот,а тоа не е неговото дрско газење на членот 90 од истиот (сè уште важечки) Устав кој е облигаторен и го обврзува мандатот да го даде на оние што обезбедија парламентарно мнозинство!Одоко ги подели гласовите и партиите на патриотски и безбедносно-загрозувачки!Не верувам дека не е свесен што со ваквото газење на уставните и законски норми сторил тешко кривично дело!МВРО цела деценија владее со манипулации:Нè убедуваат дека 10 години не знаеле што правеле и дека биле опозиција,тврдат победиле на изборите,а бараат одново избори!?Чему,штом победиле?!Да нè убедат во победата!?Велат Рама лажел,а Иванов сам ја потврдува неговата „лага“како вистина!Убедени се гласовите си ги добиле од „чисти“Македонци,а не од Ромите на Амди,или како овие од СДС-то со помош на поинаквите и „нечестивите“!Не е потребна само храброст,туку и разум!Дали го имаме доволно?
   64 |   24
aj pak jas, 20.04.2017 04:36:02
Glavnata odlika na vmro od kako postoi e da see strav megju naselenieto vo Makedonija.
   58 |   26
Naumce Srbinoski, 20.04.2017 05:26:25
Da bidam poprecizen, koalicijata so DUI beshe dogovorena....... Vo posleden moment telefonski povik, i se propadna!!!! A, shto e rabota na eden predsedatel na drzhava kako odi koaliciranjeto pomegu nekoi partii?!!!!! Ne kazha ushte deka zhali!!!! Poradi propadnatata koalicija!!! I zatoa sega e jasno: Deka platformata bila prifatena ne lazhe ni Edi Rama, a ne lazhe kako shto gledame ni gospodin Fikus, duri ne ubeduva vo toa, saka da bide poprecizen!!!! Duri i od Rama!!! So ovoj chovek se e vo znak na chudenka, a i prashalnik. Iako poveke nishto ne ne zachuduva od nego ama prashalnik mora da se stavi: Dali chovekov nekogash imal kompas, ili pak Gwujokio mu go iskrshi?!!!! Kako shto gledate pak chudenki i pak prashalnici. Samo Gospod zdravje, veke pochnav da si velam i jas!!!
   57 |   25
bitola-1, 20.04.2017 07:46:53
RM nigde na se dvizi so vakvi politicari, analiticari,sudii..? Novinarcinja,RM se vrti vo krug,so edno te isto koe samo raste.Isto kako shto rekovte,duelite na BC i lj,G se mala voda za ovie denes,e ako prodolzime po patot na BC i LJ.G, i ova denes ke bide mala voda,oti se pocnuva so mala voda i koga ne se sanira doaga do reka,pa ezero, more-? se dodeka ne ne udavi.E ako BC i LJ,G ne bea LAZOVI,ke ja zapreja vodata{kriminalot-oktopodot}i ova bezakonie i zlo nemashe da bide ni vo priblizna golemina,ama tie edno zborea a drugo na teren praveja{osumniceni ima-ama zatvor i nikoj da legna}.Potoa ubavo kazuvash za istrazuvaci novinari,a vie ovde novinari foteljashI-prepishuvaci ,a samo da izlezite malku nadvor ke vidite deka kriminalot e vo porast,isto kako pred vojna koga narodot pravi rezervi na hrana,taka funkcioneri i clenovi na dpmne rovarat po drz. firmi,pred nekoj den vo REK-BT e fatena krazba na nafta *po greshka*,opozicija kuti a Cobe so plgijat. I ova ke zavrshi kako sinoto kamionc
   28 |   52
milan, 20.04.2017 07:53:17
G-dine Popovski, od ovie momentalno sto ne vodat, (pogotovo DPMNE) treba da ne strav, bidejki se nekadarni i so nivnata nesmasna politika ke ne turnat vo bunar, i od toa ne se plasat bidejki se nafatirani debelo. Za TABULA RAZA (Frcko) sto da se kaze. Narodot znae deka fikusot odvreme navreme treba da se navodnuva, a toa DPMNE go pravi. Kako narod treba da se plasime, posebno od sopstveniot nacionalizam koj DPMNE stalno go potpaluva za da opstane na vlast a pritoa drugite gi optuzuva, oni sekogas mora da imat krivec, zatoa Ivanov taka se odnesuva. Pozdrav.
   50 |   28
Цане Соколовски, 20.04.2017 08:54:26
Од секогаш сум сакал медицина ама тогаш не било шик па студирав инжењерство. Сепак медицината ја сакав и отсекогаш читв за неа нарочно за патолошките состојби на душата и психата! Уверен сум дека ова што кај нас се случува е типична колективна делузиона шизоидна параноја! Како може инаку иљадници да изјавуваат едно те исто-Татковината е во опасност?! Од кого? Од што? Да не има на небото Клингонска или Вулканска вселенска армада која чека прав момент да не уништи. Е такво нема! Многу пати сум рекол дека нивото на свеста, на цивилизациската свест е тоа која определува како човекот прима надворешни стимули и како тие влијаат врз него! Човек со ниска свест е далеку по склон да биде манипулиран и да дозволи да мозокот му биде перен! Сепак, ќе дојде момент на освестување и тоа ќе биде ужасна состојба за овие луѓе. Никој, додуше не е способен да предвиди како ќе се одвива ситуацијата и се надевам дека разумот ќе победи! Инаку-Кога разумот спие монструми се раѓаат!
   43 |   28
VUK, 20.04.2017 10:53:19
Љупчо , не се мачи опишувајки го лицето ! Да се даде бланко аболиција на педесетина осомничени за по неколкукратни непознати дела, од човекот под изговор за мир во кука .......кај живееме бре луге ние, и кој не води !!!
   49 |   22

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Претежно облачно
Пон28
Вто25
Сре27
Чет28
Пет25
Саб25
Нед25
Пон24
Вто24
Сре25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев: влада до среда и укинување на екстерното
Пресврт во односите на Германија и САД?
Хрватска (не) го сака еврото
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ